Посета на Народен правобранител во Тетово

На 18.01.2018 година беше организирана посета на подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово во која учество земаа 30-тина членови на Учиме право клубовите. Тие се запознаа со сите вработени и со нивните надлежности и работни задачи. Потоа, Народната правобранителка ги запозна поблиску со структурата на оваа институција и со надлежностите кои ги има Народниот правобранител. Исто така, таа им го објасни и начинот на постапување по претставките, структурата на претставките и како тие како граѓани можат да поднесат претставка и за каков вид на проблем. Присутните поразговараа и за измените на Законот за народен правобранител, а на крајот разгледаа и некои случи во кои постапувал Народниот правобранител.

Сподели