Акции

 

Членовите на младинските центри на МОФ имаат можност да учествуваат во настани, акции и активности чија цел е позиционирање на младите како активни актери при решавање на општествените проблеми. Членовите на клубовите, како и корисниците на МОФ обуки добиваат можност да креираат сопствени иницијативи кои МОФ ги поддржува со своите капацитети.

Соочени со предизвици на ниско ниво на организирање на младите на локално и национално ниво, социјалната исклученост на младите, партизираноста, поделбите на база на предасуди, и други проблеми и потреби на младите, програмата ги поддржува своите членови во напорите за креирање подобри можности на нивните генерации и заедницата.

Членовите на клубовите самостојно креираат волонтерски акции, јавни настани и перформанси, трибини, спроведуваат петициии користат различни алатки со цел да ги направат видливи и значајни младинските проблеми  и да учествуваат во нивното решавање.

Во креирање и реализација на настаните се вклучени членови на младинските клубови, индивидуалци, средношколци, студенти кои настаните ги реализираат во јавност и нивната цел е да допрат до што поголема група на млади луѓе и граѓани.

Сподели