Аргумент: Организирано изразување

Jавниот настан Аргумент: Организирано изразување е посветен на промоција на организирана дискусија и јавно говорење. Аргумент е целовечерен настан, чија цел e да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорeње во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија.

Аргумент започна да се организира во 2010 година, со цел да се понуди дебата која доликува на стандардизираните дебатни формати на јавноста, и да се обезбеди простор за соочување на различни ставови на јавни личности, на значајни теми кои не се доволно или квалитетно дебатирани во јавноста. Така, на првото издание на Аргумент се дебатираше на: Овој Дом верува дека Скопје 2014 (не) го унапредува Македонското општество и Овој Дом верува дека образованието (не гради работни вештини за младите.

Во интерес на промоција на дебатата како основна алатка на демократијата секоја година се обидуваме да понудиме квалитетна дебата на актуелна општествено-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин кој ќе им понуди значајно учество во дискусијата на говорниците на дебатата, гостите говорници и на присутната публика. На два наврати, во соработка со ХЕРА и со Коалиција Маргини се организираат и две посебни изданија инспирирани од форматот на дебатирање на Аргумент. Аргумент се организира во континуитет од 2010 година до сега.

Низ годините, на Аргумент имаат учествувано видни лица од Македонската јавна сфера, вклучувајќи ги Гордан Георгиев, Илија Димовски, Ким Мехмети, Александар Станкоски,  Зоран Поповски, Љупчо Зиков, Александар Спасеновски, Влатко Ѓорчев, Радмила Шекеринска, Игор Ивановски, Ферид Мухиќ, Владо Јовановски, отец Игор Калпаковски, Љубомир Фрчковски, Билјана Ванковска, Сашо Мацановски – Трендо, Артан Садику, Јани Макрадули, Владо Бучковски, Јадранка Костова, Андреј Жерновски, Ермира Мехмети, Петар Гошев, Неда Коруновска, Висар Вишка, Мендерес Кучи, Мирјана Најчевска, Да Џака Накот, Бујар Османи, Фросина Ташевска Ременски, Петрит Сарачини, Лилјана Поповска, Гордан Калајџиев, Миша Поповиќ, Уранија Пировска, Билјана Дуковска, Ванчо Узунов, Бранимир Јовановиќ, Славчо Димитров, Бесфорт Идризи, Тања Царовска, Ивана Туфегџуќ, Аделина Марку и Коста Петров.

Подолу можете да најдете видеа од сите минати дебати:

Аргумент 2018 – Овој дом верува дека држава со ваква младина (не) треба да се грижи за својата иднина

Аргумент 2016 – Овој дом верува дека граѓанинот (не) треба да претпочита егзистенција пред идеологија
https://www.youtube.com/watch?v=4j0afRSy_Ig

Аргумент 2015 – Овој Дом верува дека меѓупартиските преговори (не) водат до излез од кризата
https://www.youtube.com/watch?v=CsSOXc0zRmc

Аргумент 2015 – Овој Дом (не) би си заминал од Македонија засекогаш

https://www.youtube.com/watch?v=PWB34SsI5Jc

Аргумент 2013 – Овој Дом (не) би гласал на избори

https://www.youtube.com/watch?v=FQ9mUpDYY1E

Аргумент 2012 – Овој дом верува дека религијата (не) го унапредува општеството

http://youtu.be/xne2F6OKHP0

Аргумент 2011 – Овој дом верува дека во Македонија (не) постои доволно дебата за развој на демократијата

http://youtu.be/xG5rser5x2k

Аргумент 2010 Oвој дом верува дека проектот Скопје 2014 (не) го унапредува македонското општество

http://youtu.be/v_SoBU5ivdk

Аргумент 2010 Овој дом верува дека образованието во Македонија (не) нуди работни вештини за младите

https://youtu.be/W_86RUueo3s

Сподели