Настанот ќе се одржи на 12ти мај (сабота) 2018, со почеток во 20:00, во Музеј на современа уметност – Скопје.

Аргумент: Организирано изразување е целовечерен дебатен настан, чија цел е да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорење во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. И оваа година ветуваме квалитетна дебата на актуелна општествена-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин на кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата и на присутната публика.

Тезата на која заеднички ќе дебатираме и дискутираме гласи: Овој дом верува дека држава со ваква младина (не) треба да се грижи за својата иднина.

Афирмативен тим [тим кој ја поддржува тезата]:
Славчо Димитров; Бесфорт Идризи; Тања Царовска;
Негациски тим (тим кој ја негира тезата):
Ивана Туфегџиќ; Коста Петров; Аделина Марку.

За да можете да присуствувате на настанот, Ве молиме да се регистрирате на следниот линк

Агенда на настанот:

  • 19:00 Регистрација
  • 20:00 Дебата: Овој дом верува дека држава со ваква младина (не) треба да се грижи за својата иднина
  • 22:00 Неформална дружба со музика

Аргумент: Организирано изразување е поддржана од Фондација Отворено општество Македонија во рамки на јубилејниот настан за одбележување на 25-годишнината од постоењето на ФООМ.

Лице за контакт:
Теодора Столевска
Програмски координатор на Дебтната програма
teodora_stolevska@mof.org.mk
02 / 3139 692