Movies That Matter по втор пат

 „Movies that matter“ – филмски фестивал за документарен филм

Од 4-ти до 16-ти декември, Младински образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, го организираат по втор пат филмски фестивал за документарен филм „Movies that matter“, чија цел е одбележување на Меѓународниот ден на човековите права, 10-ти декември.  Фестивалот ќе биде организиран во пет градови: Велес, Тетово, Скопје, Куманово и Битола, а по филмската проекција ќе следува дискусија со експерт на темата од филмот.

“Movies that matter” ја користи моќта на филмот за поддршка на човековите права и социјалната правда. Филмскиот фестивал служи како уникатна платформа за дијалог за јавноста, експертите, уметниците, креаторите на политики, новинарите и граѓанското општество.

Филмовите се со превод на англиски јазик. Влезот на сите настани е бесплатен.

Повеќе за содржината на филмовите можете да најдете тука

 

ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ MOVIES THAT MATTER:

Велес / 4-ти декември, вторник / 19:00 часот / Локалната библиотека „Гоце Делчев“ (Медиотека)
Филм: Joshua: Teenager vs. Superpower, 78 минути, режија: Joe Piscatella, земја: САД

Тетово / 5-ти декември, среда / 19:00 часот  / Центар за балканска соработка – Љоја
Филм: Algo Mio, Argentina’s Stolen Children, 93 минути, режија: Jenny Hellmann, Regina Mennig, земја: Германија

Скопје / 10-ти декември, понеделник / 18:00 часот / Кафе и филм – Котур
18:00 ч Truth Detectives, 52 минути, режија: Anja Reiss, земја: Германија
19:00 ч Joshua: Teenager vs. Superpower, 78 минути, режија: Joe Piscatella, земја: САД
20:30 ч Дискусија
21:30 ч Algo Mio, Argentina’s Stolen Children, 93 минути, режија: Jenny Hellmann, Regina Mennig, земја: Германија

Куманово / 13-ти декември, четврток / 19:00 часот / Младински центар MultiКулти
Филм: Joshua: Teenager vs. Superpower, 78 минути, режија: Joe Piscatella, земја: САД

Битола / 16-ти декември, недела / 19:00 часот / НУ Центар за култура Битола – Мала сала
Филм: Algo Mio, Argentina’s Stolen Children (93 минути), режија: Jenny Hellmann, Regina Mennig, земја: Германија

Погледнете ги трејлерите на филмовите подоле:

Joshua: Teenager vs. Superpower

Algo mío – Argentina’s Stolen Children

Algo mío – Argentina's Stolen Children | Trailer from 7 de Mayo Production on Vimeo.

Truth Detectives

TRUTH DETECTIVES TEASER/INTRO from Anja on Vimeo.

Премиера на претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат

На 28-ми јуни, во 20:00 часот, во Кино Фросина, Младински културен центар се одржа премиера на претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат при Младински образовен форум. Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци. Да се талка значи и да се трага, да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде. Она што ликовите од оваа претстава го наоѓаат е нивниот сопствен однос кон она од кое што бегаат. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји. Текст на претставата е на Милош Андоновски, а режијата на Дени Стојанов. Улогите ги толкуваат: Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ива Цветановска, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска. Овој проект е имплементиран од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

[Настан за улична уметност] Артенштајн

Артенштајн е настан кој претставува собир на улични уметници, аматери и ентузијасти со цел да ги нацртаат своите желби за урбаниот Франкенштајн – Скопје.

На настанот посетителите ќе имаат можност да ги нацртаат со спреј своите желби за градот на дел од таблите кои ќе бидат поставени. 

Арт клубот на Младински образовен форум ве поканува на неколку часовно дружење на тема: „Што му фали на Скопје?“

Настанот започнува во 12 часот, пред Монтажната/мобилната галерија во Паркот на франкофонија. 

Музичка поддршка: Радио МОФ

Повик за боење на 400м2 јавен струшки ѕид на тема: „На градот му треба“

Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Општина Струга во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, распишува повик за учесници на настанот: „На градот му треба“

Настанот ќе се реализира на 18-ти октомври 2014 во Струга во соработка со МОФ центарот и има за цел да креира улична галерија во должина од 160 метри на ѕидот од спортското игралиште „Караорман“ во Струга. На повикот може да учествуваат сите заинтересирани млади уметници, графити артисти, визуелни ументици, креативци и активисти од цела Македонија со испраќање на предлог концепт на тема „На градот му треба“. На повикот може да учествуваат поединци или група на уметници со неограничен број на концепти кои покажуваат што според нив му е потребно на еден град како Струга.

Најдобрите 20 уметници или група на уметници ќе имаат можност да ги реализираат своите концепти за што ќе им биде обезбеден материјал за изведба на делото, како и обезбеден превоз и освежување до Струга.

Димензии на целиот ѕид:

  • 160 метри должина
  • 2,6 метри висина

Максимална дозволена должина на едно ументичко дело е 10 метри.

Пополнете ја апликацијата за учество и пријавете ги вашите идеи и концепти на petar_antevski@mof.org.mk. Краен рок за пријавување е 10-ти октомври 2014. Најдобрите дела ќе бидат избрани од организацискиот тим кој ќе ги разгледува врз основа на креативност, лесно разбирлива идеја и добра интерпретација на темата.
Избраните уметници ќе бидат исконтактирани од организаторот најкасно до 12-ти октомври 2014.

*Доколку користите текстуална порака во вашето дело потребно е да биде испишана на албански и македонски јазики или пак само на англиски.

Повеќе информации на 02/3139692 лок 103, Младински образовен форум.


Thirrje për ngjyrosjen e 400m2, murrit strugan publik me temë: “QYTETIT I DUHET”

Forumi Edukativ Rinor në bashkpunim me Komunën e Strugës, në korniza të Projektit të USAID-it për Shoqëri Civile, bën thirrje për pjesmarrës në këtë eveniment: „Qytetit i duhet“

Evenimenti do të realizohet më 18 tetor 2014, në Strugë, në bashkpunim me qendrën FER dhe ka për qëllim të krijojë galeri në rrugë me gjatësi 160 metra, në murrin e fushës sportive “Karaorman” në Strugë. Në këtë thirrje munden të aplikojnë të gjithë artistët e rinj të interesuar, artistë mbishkrimesh (grafite), artistë vizuel, kreativ dhe atë artistë nga e gjithë Maqedonia, duke dërguar propozim koncepti me temën “Qytetit i duhet”. Në thirrje mund të aplikojnë individë ose grupe artistësh me numër të pakufizuar konceptesh, të cilat sipas tyre tregojnë çka i duhet një qyteti si Struga.

20 artistët apo grupet e artistëve më të mirë do të kenë mundësi ti realizojnë konceptet e tyre, për të cilat do tju sigurohen materiale për punimin artistik, si dhe transport i paguar për Strugë dhe pije.

Dimenzionet e murrit:

  • 160m gjatësi
  • 2,6m lartësi

Gjërësia maksimale e një punimi artistik: 10m

Plotësojeni aplikacionin për pjesmarrje dhe paraqisni idejat dhe konceptet e juaja në petar_antevski@mof.org.mk. Afati i fundit për aplikim është 10 tetor 2014. Punimet më të mira do të zgjidhen nga ekipi organizator, i cili do ti shqyrtojë të gjitha aplikimet sipas kreativitetit, idesë lehtë për tu kuptuar dhe interpretimin më të mire mbi temën.

Artistët e përzgjedhur do të kontaktohen nga organizatori më së voni deri 12 tetor 2014.

*Nëse përdordi mesazh tekstual në punimin tuaj është e nevojshme të jetë e shkruar në gjuhën shqipe dhe maqedone ose vetëm në gjuhën angleze.

Për më shumë informata kontaktoni në nr. 02/3139692 lokal 103, Forumi Edukativ Rinor

Конкурс на тема студентско организирање

Младински образовен форум ве повикува да учествувате на конкурс за видео, фотографија, текст или комбинација од различни формати на следните теми:

Tема 1 // Студенти во земјата на чудата

Замислете дека се наоѓате во земјата на чудата. Тука е вашиот студентски претставник кој од секогаш сте го сакале или замислувале. Дали би сакале тој да биде во форма на организација, пленум, парламент, некоја друга форма на организирање која може да се сретне само во земјата на чудата? Или пак би сакале да нема никакво претставништво, но сепак вашите студентски маки некако наидуваат на решение?

Tема 2 // Господар на студентите

Асоцијацијата доаѓа од фактот што СПУКМ е единствената призната организација од УКИМ. Еден е господарот на студентите, еден е претседателот на СПУКМ, еден не владее сите. Дали се согласувате со ваквата констатација? Кои се всушност твоите претставници и колкку си задоволен/а од нивната работа? Што отсекогаш си сакал/а да им кажеш на нашите студентски претставници но не си имал/а можност?

Тема 3 // Ефтини студентски приказни

Секој од нас различно го доживува студентското патешествие. Студентски прашања, студентска менза, читална, КГФ, разлика меѓу заверување и упис на семестар, цени во бифе, копирање скрипти…. Раскажи една од твоите студентски приказни, вредна за споделување со идните генерации.

На повикот може да учествуваат сите заинтересирани студенти . Секој учесник може да испрати неограничен број предлози за сите теми.

Најдобрата содржина ќе биде наградена со една награда, а победникот ќе може да избере дали наградата ќе биде: Опција 1 // Apple Ipad2 16gb WiFi, Опција 2 // Bаучер од Академска книга или Опција 3 // Донирање на средствата за добротворни студентски цели.

Конкурсот е отворен од 18 ти февруари и трае до 4 март 2013 година заклучно со полноќ. Победникот ќе биде избран преку гласање на тројца претставници од МОФ.

При изборот во предвид ќе биде земена: содржината на материјалот, креативното претставување на содржината и техничка обработка.

Апликациите можат да се поднесат на policy@mof.org.mk заедно со контакт телефон, име и презиме.

Испратените апликации не смеат да надминуваат повеќе од 100MB.
Текстуалните предлози не треба да надминуваат 2 страни во Word, фонт 12.
Видео предлозите не треба да надминуваат 5 минути
Идејните решенија ќе се претставуваат на трибини организирани од страна на Младински образовен форум.

Повеќе информации на:
policy@mof.org.mk
телефон: 02/3139 – 692, локал: 106

Победник на кромид фест – Откриен тајниот спонзор за мерцедесот Е-класа на Ректорот на УКИМ

Радио МОФ на Engage го прогласи најдобриот кромид кој пристигна на #кромидфест. Розева е младоста во кралството Македонија инспирираше многу, но сепак еден ја освои наградата iPad. Најдобриот кромид му припадна на Александар Ѓелевски и неговата вест за тајниот спонзор за мерцедесот Е- класа на ректорот на УКИМ.

Гласовите од facebook и жири комисијата составена од Сеад Џигал и Катерина Васковска ги подредија пара вестите на следниов начин:

01. #029
02. #042
03. #043
04. #030
04. #033
06. #007
06. #025
06. #023
09. #018
10. #002

Волонтирај, не импровизирај – одбележување на Меѓународниот ден на волонтерство

Младинскиот културен центар од Битола  заедно со Младински образовен форум по повод  5ти Декември, Меѓународниот ден на волонтирањето одржа еднодневен настан кој беше волонтерска акција за промоција на волонтерската работа, волонтерските програми и презентација на волонтерството како вредност, а не цел. Во оваа акција беа вклучени 15 волонтери кои потсетија за вистинските вредности на волонтерската работа и  ги претставија волонтерските програми во четири средни училишта во Битола. Настанот се одржа во Младински културен центар во Битола и истиот вклучи:

Отворена дебата „Волонтерството – капитал кој вреди“.
Оваа дебата беше реализирана од Вербал клубот на МКЦ – Битола  во склоп на проектот Младинска независност на Младински образовен форум. Целта на оваа дебата беше да се увидат разбирањата на младите луѓе за поимот волонтерство, дефинирајќи го волонтерството врз основа на реалната состојба која што не опкружува.
Модератор: Александар Тодоровски
Говорници: Иво Ивановски, Дејан Петровски, Симона Нечевска и Марија Шибевска


Арт перформанс „БОГ“ по сценарио на  Вуди Ален
Перформансот вклучи 15 членови на Арт клубот кои имаа за цел да го претстават заедничкото работење во изминатите неколку месеци преку изразување на индивидуалните уметнички, креативни и актерски вештини кои ги поседуваат членовите. Перформансот беше изработен по текстот од драмата „Бог“ на Вуди Ален, кој за прв пат се одигра во Р. Македонија, а притоа беше прилагоден односно „одомаќинет“ на македонското секојдневие, култура и традиција. Перформансот се реализира во склоп на проектот Младинска независност на Младински образовен форум.


Свечена церемонија за доделување на златен, сребрен и бронзен сертификат за Волонтерски ангажман 2011
Национални волонтерски награди по повод Меѓународниот ден на волонтирањето 5-ти декември.

Концерт на групата „Guess Who?“

Радио МОФ// Dance stage @ Пиволенд

Untitled-1Кога: 31 август – 05 септември 2011
Каде: Паркинг Сала “Борис Трајковски” – Скопје

Оваа година како резултат на соработката со Пасворд Продукција, Радио МОФ хостира 4 вечери на денс бината на Пиволенд.

Програмата е жанровски поделена по денови за да се удoстојат вкусовите на сите посетители (Рап, Фанк, Хаус, Техно и Инди)

Поведени од идејата дека просторот за промовирање на младите е ограничен, поголемиот дел од програмата го доделивме на млади изведувачи кои ке имаат можност да ја промовираат музиката во која веруваат.

На бината ќе настапат:
Flooder [Pollux], Горан Кан [Kerkez], Славе, Rootboy, Beatnex (Kinjo, Tanimed, Argeadi), Andreas Hz, Зад Аголот, Navigatorot, Oky Doky, Ilich и
Clubland dj-ите и пријателите на Радио МОФ:  Дениз Селмани, Јован Стојкоски Zomax, Clubbers gone wild, Ola Dioss, Филип Славковски, Динамик Дуо, Соња Исмаил, Бабевски и други.
Целосната програма ке биде објавена во следните денови.
Радио МОФ е независно интернет радио кое продуцира и споделува музички и информативни содржини достапни на
www.radiomof.mk
Идејата зад Радио МОФ е да се креира медиум кој е отворена страница за промоција на младинската, културната и креативната заедница.
Радио МОФ е програмска активност на Младински образовен форум.

ФБ настан: Радио МОФ// Dance stage @ Пиволенд