Станица: Студентска по штести пат

Станица Студентска 6.0 се одржа на 29 мај 2018 година, на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.  На студентите им беше понудена  целодневна алтернативна програма исполнета со предавања, работилници, презентирање на истражувања и креативни активности.

 

Станица: Студентска имаше за цел да обезбеди простор за современи предавања кои студентите ретко имаат можност да ги следат на нивните факултети, можност да се информираат за организациите кои се отворени за нив, да учествуваат во работилници, да се запознаат со нови истражувања и да разменат искуства и контакти. Настанот го организираше МОФ со поддршка на Фондации Отворено општество.

 

На Станица: Студентска посетителите можеа да се запознаат и зачленат во 20 младински организации преку отворен саем. Дел од организациите одржаа и свои предавања на факултетот, со што Национален младински совет на Македонија, ЏЕФ Македонија, ХЕРА, ЕМСА, ИАЕСТЕ, Субврезивен фронт, КРИК, Гоу грин, Истражувачко друштво на студенти биолози, Social Impact Award, Сојуз на извидници и индивидуалци истакнати во своите полиња, дадоа придонес кон збогатување на академскиот ден на студентот.

 

Деветнаесет млади истражувачи за прв пат ги презентираа своите нови истражувачки трудови пред своите врсници, поддржани во својот потфат од МОФ и искусни ментори. Приоритетите кои тие ги избраа за своите истражувања се: условите за лица со посебни потреби во образование, дискриминацијата во образованието, емиграцијата на младите, сексуалното вознемирување во Македонија и младинската невработеност.

 

 

 

Промовирано првото истражување за мониторинг на работата на Агенијата за млади и спорт

Младински образовен форум денес го промовираше истражувањето „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ со фокус на Агенцијата како носител на креирањето и спроведување на младинските политики. На настанот говореа:  Сафет Незири од Министерството за образование и наука, Младен Фрчковски од Минстерството за труд и социјална политика, Матеј Маневски од Центар за интеркултурен дијалог, Горан Ѓорѓиев од Сојуз на извидници на Македонија, Гордана Цекова од АМС, Мартина Илиевска и Александра Филипова од МОФ.

 

Според истражувањето за перидот 2014-2016г, соработката помеѓу Агенцијата за млади и спорт (АМС) и другите институции била на ниско ниво. Имало малку заеднички проекти и нема уредна документација за активностите. Агенцијата имала константна соработка единствено со МОН и одредена соработка со МИОА, АВРМ и Министерството за култура. Со Министерството за локална самоуправа немало соработка, додека Агенцијата за администрација и МТСП не располагале со информации за соработка со АМС.

 

Соработката со младинските организации била посебно слаба. Во минатите години агенцијата делувала сегрегирачки кон младинските органзации и соработувала само со малку од нив. Од 2014 до 2016 Агенцијата имала потпишано само 11 меморандуми со 6 организации што е мал број за период од три години. Односот на агенцијата кон младите и општата јавност придонел да биде перцепирана како „агенција за спорт“ која ги исклучува младите од своето делување.

 

Правна рамка за млади речиси и да не постои. Освен Националната стратегија за млади, нема правен акт ги уредува прашањата во областа „млади“. Креирање на Закон за млади или Закон за младинско учество е клучно за да регулираат правните празнини, а Агенцијата да добие јасни насоки за да може успешно да ги исполнува своите цели и приоритети.

Според препораките на истражувањето Агенцијата треба да го зајакне секторот млади, да ја ревидира стратегијата за млади и да започне квалитетен процес за креирање на акциски план за млади за 2018-2019. Агенцијата треба воспостави и модели за поддршка на младинските организации.

 

Истражувањето е реализирано во периодот јуни 2017 – јануари 2018, со фокус на соработка со младински организации, соработка со државни институции, правна рамка, внатрешно уредување и работење и перцепцијата на младинските организации и младите.

 

Проектот „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ е реализиран од страна на Младински образовен форум во периодот од јуни 2017 до јануари 2018 година. Проектот е поддржан од проектот “Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, имплементиран од “Фондација Отворено општество – Македонија” (ФООМ) и “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии”, и е финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015.

Повик за учество во фокус група, за млади ЛГБТИ лица

Субверзивен Фронт во партнерство со Младински образовен форум  спроведуваат истражување кое има за цел да ги испита перцепциите и ставовите на младите во Скопје за состојбата со малтретирањето и вознемирувањето засновано на сексуална ориентација и родов идентитет, како и да ги истражи искуствата на дискриминација кај ЛГБТИ лицата во Скопје.

За реализација на истражувачките цели, двете организации објавија повик за учесници на фокус групи.  Овие фокус групи кои ќе се одржат на 12 септември, во канцелариите на Младински образовен форум со почеток во 12 и 15 часот. Дискусијата во рамки на фокус групите предвидено е да трае околу 2 часа. За сите останати детали избраните учесници ќе бидат дополнително известени.

За учеството во фокус група предвиден е надомест во износ од 600 денари (нето), како и освежување. Учеството е анонимно и од учесниците се очекува изреченото во фокус групите да не го споделуваат надвор од нив.

Лицата кои ќе бидат вклучени во фокус групите потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

– Да се на возраст од 18 до 30 години

– Да живеат во Скопје

– Да се идентификуваат како ЛГБТИ лица

Сите заинтересирани можат да се пријават со пополнета Апликација на info@s-front.org и на policy@mof.org.mk.

Се одржа основачкото собрание на младинскиот совет во Струга

На 21 јуни 2015 година (вторник),во просториите на Центарот за заедниците, се одржа основачкото собрание на Локалниот младински совет на општина Струга (ЛМСОС) .

Оваа активност е резултат на повеќемесечните активности на Иницијативниот одбор за основање на младински совет на младите од Струга, а е дел од проектот “Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини” на Младински образовен форум и Центарот за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

Собранието на ЛМСОС го сочинуваат млади кои се членови на граѓански организации кои работат со млади и за млади, како и политичките подмладоци од општината.

На првото собрание беше усвоен статутот и органите на здружението.

За претседател на локалниот младински совет беше избран Јаков Попоски, а за извршен директор Азем Баута.

На основачкото собрание му претходеше јавен повик на кој се пријавуваа претставници на младите за учество во младинскиот совет.

На основачкото собрание присуствуваа 13 младински организации, организации за млади како и политички подмладоци.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

 

Повик за членови на Локален младински совет во Општина Струга

Почитувани,

Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет во Општина Струга, заедно со Младински образовен форум, Центар за меѓукултурен дијалог , распишува повик за пријавување на делегати за основачкото собрание на Локалниот младински совет во Општина Струга

Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да присуствувате на основачкото Собрание на Локалниот младински совет во општина Струга.

Повикот е отворен за сите младински организации; организации за млади и мрежи на младински организации, подмладоци на политички партии, како и други младински структури кои ги исполнуваат критериумите за членство одредени според предлог статутот поднесен од страна на Иницијативата (статутот можете да го најдете во прилог на овој документ)

Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават следните документи на улица Климетица бр.8 Струга или на policy@mof.org.mk.

 Задолжителни документи

  1. Портфолио за работа на организацијата/неформалната група
  2. Мотивационо писмо за учество не повеќе од  300 збора
  3. Пополнет формулар за пријавување на делегат, кој што може да го најдете тука

Документи кои ја потврдуваат работата на организацијата/структурата. (не се задолжителни, но се преферираат)

  1. Статут

Доколку е потребно, комисијата за верификација ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Рокот за пријавување е од  14.07 до 19.07.2015 година.

Апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од претставници наИницијативниот одбор за основање на Локален младински совет.

 Ви стоиме на располагање за дополнителни информации, и се надеваме на ваше присуство.

Со почит,

Иницијативен одбор за основање на Локален младински совет во Општина Струга

_______________________________________________________________________________________________

Të Nderuar,

Këshilli inicues për formimin e Këshillit Rinor Lokal në Komunën e Strugës, sëbashku me Forumin Edukativ Rinor, Qendrën për Dialog Ndërkulturor dhe Komunën e Strugës, shpall thirrje për aplikim për delegatë në Kuvendin Themelues të Këshillit Rinor Lokal në Komunën e Strugës.

Kemi nder të veçantë të Ju ftojmë të paraqiteni për pjesmarrje në Kuvendin Themelues të Këshillit Rinor Lokal në Komunën e Strugës.

Thirrja është e hapur për të gjithë organizatat rinore ; organizatat për të rinj dhe rrjete të organizatave rinore, si dhe strukturave tjera rinore të cilat i plotësojnë kriteret për anëtarësim të përcaktuara sipas propozim-statutit  të paraqitur nga ana e Iniciativës (statutin mund ta gjeni në shtojcën në këtë dokument).

Të gjithë organizatat e interesuara që i plotësojnë kriteret për anëtarsim duhet ti paraqesin dokumentet  e nevojshme në policy@mof.org.mk apo  ti dorëzojnë në zyrat e Forumit Edukativ Rinor në rrugën Klimetica nr.8 Struga, të emërtuara për Këshillin Rinor Lokal – Strugë.

Dokumentet e nevojshme

  1. Portfolio për punën e organizatës/ grupit joformal
  2. Letër motivimi për pjesëmarrje, me më shumë se 300 fjalë
  3. Formular i plotësuar për paraqitjen e delegatëve (përfaqësuesi i organizatës do të jetë përgjegjës për komunikim me Këshillin Rinor Lokal të Komunës së Strugës). Formularin mund ta merrni këtu.

Dokumente që e vërtetojnë punën e organizatës/strukturën (nuk janë të detyrueshme, por preferohen)

Statuti

Nëse është e nevojshme, komisioni për verifikim do të kërkojë nga aplikantët dokumente shtesë për të verifikuar kriteret.  Paraqitja është e hapur nga 19.07.2015.

Aplikacionet do të shqyrtohen nga Komisioni për verifikim të anëtarësisë i përbërë nga përfaqësues të Këshillit inicuesë për themelimin e Këshillit Rinore Lokal.

Jemi në dispozicion për informacione të mëtejshme, dhe shpresojmë në aktivizimin tuaj.

Me Respekt,

Këshilli inicues për themelimin e Кëshillit Rinor Lokal në Komunën e Strugës

Во Дебар основан првиот Локален младински совет во општината

На 17 јуни 2015 година (среда),во просториите на општинската сала во општина Дебар, се одржа основачкото собрание на Локалниот младински совет (ЛМС) – Дебар. Оваа активност е резултат на повеќемесечните активности на Иницијативниот одбор за основање на младински совет на младите од Дебар, а е дел од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ на Младински образовен форум и Центарот за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

Собранието на ЛМС Дебар го сочинуваат млади кои се членови на граѓански организации кои работат со млади и за млади, како и политичките подмладоци кои работат во општината. На првото собрание беше усвоен статутот на ЛМС-Дебар и беше одлучено на наредната седница да се изберат органите на ЛМС Дебар и да се формираат работните групи кои ќе функционираат во Советот. На основачкото собрание му претходеше јавен повик на кој се пријавуваа претставници на младите за учество во младинскиот совет.

Мегу останатите, на настанот беа присутни и претставници на советот на општина Дебар и на кабинетот на градоначалникот кои го поздравија овој чин и ветија дека со внимание ќе ја следат работата на ЛМС-Дебар и ке ги земаат во предвид сите препораки и сугестии кои ке доаѓаат од овој орган.

Пред ЛМС-Дебар во наредниов период ке престојат многу предизвици,тој треба за прв пат во општината да изготви младинска стратегија за периодот 2016-2020.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

[MK,ALB,TUR] Повик за членови на Младински совет во Општина Чаир |Thirrje për anëtarësim në Këshillin Rinorë në Komunën e Çairit| Çair Belediyesi Yerel Gençlik Konseyi delegeleri için çağrı bildirimi

Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет во Општина Чаир, заедно со Младински образовен форум, Центар за меѓукултурен дијалог и Општина Чаир, распишува повик за пријавување на делегати за основачкото собрание на Локалниот младински совет во Општина Чаир

Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да присуствувате на основачкото Собрание на Локалниот младински совет во општина Чаир.
Повикот е отворен за сите младински организации; организации за млади и мрежи на младински организации, како и други младински структури кои ги исполнуваат критериумите за членство одредени според предлог статутот поднесен од страна на Иницијативата (статутот можете да го најдете во прилог на овој документ)
Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават следните документи на policy@mof.org.mk, или да ги поднесат во просториите на Младински образовен форум на ул.Дренак бр.34-А, 1000 Скопје, со назнака за Локален младински совет – Чаир.

Задолжителни документи

  1. Портфолио за работа на организацијата/неформалната група
  2. Мотивационо писмо за учество не повеќе од  300 збора
  3. Годишен извештај за работа за предходната година (кој потврдува дека организацијата била активна во измината година со најмалку 5 активности спроведени за или од млади во Општина Чаир)
  4. Пополнет формулар за пријавување на делегат (делегатот на организацијата ќе биде одговорен за комуникација со Локалниот младински совет на Општина Чаир). Формуларот можете да го преземете тука.

Документи кои ја потврдуваат работата на организацијата/структурата. (не се задолжителни, но се преферираат)

  1. Статут
  2. Годишна програма за 2014 година (доколку организацијата поседува таков документ)

Доколку е потребно, комисијата за верификација ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Пријавувањето е отворено до 03.07.2015

Апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од претставници на Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации, и се надеваме на ваше присуство.

Со почит,
Иницијативен одбор за основање на Локален младински совет во Општина Чаир

Повик


Të Nderuar,

Këshilli inicues për formimin e Këshillit rinor lokal në Komunën e Çairit, sëbashku me Forumin Edukativ Rinor,Qendrën për Dialog Ndërkulturor dhe Komunën e Çairit, shpall thirje për aplikime për delegatë në Kuvendin themelues të Këshillit rinor lokal në Komunën e Çairit

Kemi nder të veçant të Ju ftojmë të paraqiteni për pjesmarrje në Kuvendin themelues të Këshillit rinor lokal në Komunën e Çairit.

Thirja është e hapur për të gjithë organizatat rinore ; organizata për të rinjë dhe rrjete të organizatave rinore, si dhe strukturave tjera rinore të cilat i plotësojnë kriteret për anëtarësim të përcaktuara sipas propozim-statutit  të paraqitur nga ana e Iniciativës (statutin mund ta gjeni në shtojcën në këtë dokument).

Të gjithë organizatat e interesuara që i plotësojnë kriteret për anëtarsim duhet ti paraqesin dokumentet  e nevojshme në policy@mof.org.mk apo  ti dorëzojnë në zyrat e Forumit edukativ rinor në rrugën Drenak nr.34-A,1000 Shkup, të emërtuara për Këshillin rinor lokal – Çair.

Dokumentet e nevojshme

  1. Portfolio për punën e organizatës/ grupit joformal
  2. Letër motivimi për pjesëmarrje me më shumë se 300 fjalë
  3. Raportin vjetor për punën e vitit të kaluar( i cili vërteton se organizata ka qenë aktive në vitin e kaluar me sëpaku 5 aktivitete të realizuara për apo nga të rinjët në Komunën e Çairit)
  4. Formular i plotësuar për paraqitjen e delegatëve (përfaqësuesi i organizatës do të jetë përgjegjës për komunikim me Këshillin Rinorë Lokal të Komunës së Çairit). Formularin mund ta merrni këtu.

Dokumente që e vërtetojnë punën e organizatës/strukturën.(nuk janë të detyrueshme, por preferohen)

  1. Statuti
  2. Programën vjetore për 2014 (nëse organizata posedon dokument të tillë)

Nëse është e nevojshme, komisioni për verifikim do të kërkojë nga aplikantët dokumente shtesë për të verifikuar kriteret.  Paraqitja është e hapur nga 03.07.2015.

Aplikacionet do të shqyrtohen nga Komisioni për verifikim të anëtarësisë i përbërë nga përfaqësues të Këshillit inicuesë për themelimin e Këshillit rinore lokale.

Jemi në dispozicion për informacione të mëtejshme, dhe shpresojmë në pranin tuaj.

Me Respekt,
Këshilli inicues për themelimin e Кëshillit rinor lokal në Komunën e Çairit

Ftese-Cair


Çair Belediyesi Yerel Gençlik Konseyi kurma amaçlı İnisiyatif kurulu, Gençlik Eğitim Forumu, Kültürlerarası Diyalog Merkezi ve Çair Belediyesi ile birlikte Çair Belediyesi Yerel Gençlik Merkezi kuruluş meclisine delegelerin başvurması için çağrı bildirimi yayınlıyor.

Sizlerin, Çair Belediyesi Yerel Gençlik Konseyi kuruluş meclisinde bulunmak için başvurmanız ile ilgili çağırımız, bizler için onurdur.
Çağırımız tüm gençlik kuruluşlarına, gençlik kuruluş ağlarına ve İnisiyatif tarafından getirilen tüzük önergesinde belirlenen üyelik kriterlerine uyan diğer tüm gençlik teşkilatlarına açıktır (Tüzüğü bu belgenin ekinde bulabilirsiniz).
Üyelik kriterlerine uyan ve çağrıyla ilgilenen tüm kuruluşlar aşağıda belirtilen belgeleri  policy@mof.org.mk mail adresine ya da Gençlik Eğitim Forumu adresi olan ul. Drenak No.34-A, 1000 Üsküp adresine, Yerel gençlik konseyi – Çair için olduğunu belirterek, gönderebilirler.

Zorunlu belgeler
1. Kuruluşun/gayriresmi grupun çalışma portfolyosu
2. Katılmak için 300 sözü geçmeyen ön yazı (motivasyon mektubu)
3. Birönceki çalışma yılının yıllık raporu (kuruluşun birönceki yılda Çair Belediyesinin gençleri ile ilgili olan en az 5 aktıvitede yer aldığını teyit etmek için)
                4. Delegelerin başvurusu için doldurulmuş başvuru formu (Çair belediyesi yerel gençlik konseyi ile iletişimle ilgili kuruluş delegesi sorumlu olacaktir) Başvuruyu buradan indirebilirsiniz 

Kuruluşun çalışmasını doğrulayan belegeler (bu belgeler zorunlu değildir, fakat tercih ediliyorlar)
1. Tüzük
2. 2014 yılı ile ilgili Yıllık proğramı

Eğer gerekirse doğrulama (verifikasyon) komisyonu başvuranlardan, kriterlerin doğrulanması için ek belgeler isteyebilir.Başvuru tarihi 03.07.2015.

Başvurular, Yerel Gençlik Konseyi İnisiyatif kurulu temsilcilerinden oluşan doğrulama (verifikasyon) komisyonu tarafından incelenecektir.

Gerekli olan tüm ek bilgiler için hizmetinizdeyiz.

Saygılarımızla,
Çair Belediyesi Yerel Gençlik Konseyi kurma amaçlı İnisiyatif Kurulu

Çair Belediyesi Yerel Gençlik Konseyi delegeleri için çağrı bildirim

[MKD] Statut

[ALB] Statuti

 

Повик за членови на Локалниот младински совет во Општина Центар

Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет во Општина Центар, заедно со Младински образовен форум, Центар за меѓукултурен дијалог и Општина Центар, распишува повик за пријавување на членови на Локалниот младински совет во Општина Центар.

Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да бидете дел од Локалниот младински совет во општина Центар.

Повикот е отворен за сите младински структури и сите форми на младинско здружување кои делуваат на територија на Општина Центар и кои спроведуваат активности со младите од Општина Центар.

Сите заинтересирани организации треба да ги достават следните документи на policy@mof.org.mk, во просториите на Младински образовен форум на ул.Дренак бр.34-А, 1000 Скопје, или во просториите на Општина Центар на ул. Михаил Цоков бб. со назнака за Локален младински совет – Центар.

Документи за апликација

  1. Статутот на организациите или сојузите, каде што е применливо
  2. Годишни извештаи за последните две години за реализирани младински активности во Општина Центар
  3. Пополнет формулар за пријавување на делегат (делегатот на организацијата ќе биде одговорен за комуникација со Локалниот младински совет на Општина Центар). Формуларот можете да го преземете тука.

Доколку е потребно, комисијата за верификација на членовите ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Рокот за пријавување е до 3 јули (петок) 2015 година.

Апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од претставници на Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет. Ви стоиме на располагање за дополнителни информации, и се надеваме на ваше присуство.

Иницијативен одбор за основање на Локален младински совет во Општина Центар

Преземи повик за членови на ЛМС – Центар

Преземи формулар за пријавување на делегат – Центар

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

Повик за членови на Младински совет во Општина Дебар

Младите лица од здруженијата на млади, ученичките совети и други регистрирани облици на организирање на младите  кои учествуваа во проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, кој беше спроведен од страна на Младински образовен форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог во партнерство со 12 општини од Македонија меѓу кои е и општина Дебар и е финансиран од Европската Унија, до Советот на општина Дебар во согласност со Статутот на општината, поднесоа иницијатива за основање и избор на членови на Советот на млади на општина Дебар кој претставува претставничко тело на младите од општина Дебар и кое вклучува претставници од граѓански организации, културни уметнички друштва, помладоци на политички партии, претставници од преседателството на училишните заедници и други форми на младинско  организирање.

Сите заинтересирани организации и поединци кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават своите апликации до ЦСЦД- Дебар најкасно до 26.05.2015 година со следните документи:

1.Портфолио за работа на организацијата/неформалната група/ помладоци на политички партии/ разни облици на здружување

2. Официјално писмо за номинација на член од организацијата/неформалната група/ помладоци на политички партии/ разни облици на здржување  кое содржи портфолио со информации за организацијата и исполнување на критериумите за работа наведени во правилникот за работа

3. CV и Мотивационо писмо за учество од претставникот кој сака да се вклучи во младинскиот совет.

На предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања како постојано работно тело на Советот на општина Дебар,  Советот на Општината ќе ги избере новите членови на Советот на млади.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации на оваа мејл адреса:

gljubinovski@gmail.com

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).


 

Të rinjë nga organizatat rinore, unionet e nxënësve dhe format tjera të regjistruara të organizimit rinor që morrën pjesë në projektin “Zhvillimi i politikave lokale rinore dhe pjesmarrja rinore në 12 komuna” i finansuar nga Unioni Evropian, i realizuar nga Forumi Rinor Edukativ dhe Qendra për Dialog Ndërkulturor në bashkpunim me 12 komuna në Maqedoni mes të cilave edhe Komuna e Dibrës, nga ana e Këshillit të Komunës së Dibrës dhe në pajtim me statutin e komunës,  inicuan formimin dhe zgjedhjen e anëtarëve të Këshillit rinor të Komunës së Dibrës. Këshill që paraqet një trup përfaqësues i të rinjëve të Komunës së Dibrës ku përfshinë përfaqësues  nga organizata qytetare, shoqërit kulturore dhe artisitike, forumet rinore të partive politike, përfaqësues të kryesisë së unioneve të shkollave dhe forma tjera të organizimeve rinore.

Të gjithë organizatat dhe individët e interesuar që i plotësojnë kriteret e anëtarësisë duhet ti dorëzojnë aplikacionet e tyre deri tek CSCD- Dibër më së voni deri më 26.05.2015 duke i bashkangjitur dokumentet në vijim:

1.Portfolio për punën e organizatës/grupit joformal/ forumeve rinor të partive politike/ forma tjetra të shoqërimit

2. Letër zyrtare për nominim të një anëtari nga organizata/grupi joformal/ forumeve rinor të partive politike/ forma tjetra të shoqërimit

3.CV dhe letër Motivimi për pjesmarrje të përfaqësuesit që dëshiron të kyçet në këshillin rinor.

Me propozim të Komisionit për çështje mandatore, zgjedhja dhe emërtimi i Këshillit rinor si organ i përhershëm punues i Këshillit të komunës së Dibrës kryhet nga ana e Këshillit të Komunës së Dibrës i cili bën njëherit edhe zgjedhjen e anëtarëve të rinjë të Këshillit rinor.

Jemi në disponimin tuaj për informacione të mëtejshme në këtë e-mail adresë:

gljubinovski@gmail.com

Proekti “Pjesëmarrje rinore dhe zhvillimi i politikave rinore në 12 komuna” u drejtohet të rinjve organizatave rinoredhe gjitha formave të shoqatave rinore dhe vetëqeverisjes lokale Qëllimi kryesor i proektit është ti forcoj kapacitetet e shoqëris rinore në nivel local,njohja formale e tyre nga ana e komunës, puna e përbashkët për përparimin e politikave rinore ne nivel lokalzhvillimi i aktivizmit rinorë dhe pjesmarrje e të rinjve në sjelljen e vendimeve. Proekti përfshin bashkpunim me vetëqeverisjen lokale,  aksionet lokale dhe procesin publik për themelimin e Këshilleve lokale rinoreme përkrahje nga vetëqeverisja lokale në 12 komuna, si dhe i finansuar nga Unioni Europian(IPA programе – Civil society facility).

Повик за членови на Младински совет во Кичево

Општина Кичево, во согласност со Одлуката на Советот на Општина Кичево,бр. 07-975/12,од 08.04.2015 год., („Сл. Гласник„ бр. 4/2015), за основање на Младински совет,објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К 

за избор на члeнови на Младински совет

Заинтересираните за учество на конкурсот треба да ги исполнат следниве услови:
-Да бидат жители на општина Кичево;
-Да бидат на возраст од 15-29 години;
– Да немаат криминално досие;
– Да бидат креативни и способни за индивидуална и тимска работа.

Оние кои ги исполнуваат горенаведените услови, најдоцна до 13.05.2015 год., ќе треба на e-маил: kercova2013@yahoo.com да достават:
– Мотивационо писмо;
– Кратка биографија – CV;
– Потврда дека cе ученици/студенти, односно потврда за завршено образованиe;
– Уверенија добиени од курсеви, обуки, натпревари итн.

Младинскиот совет е дел од проектот „Развој на локални младински политки и локално младинско учество во 12 општини“ на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, а финансиран од Европската Унија (ИПА Програма).

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).


 

Display panel AL-01

Komuna e Kërçovës, në përputhje me Vendimin e Këshillit të Komunës së Kërçovës, nr. 07-975/12, të dt. 8.04.2015, (“Fletorja zyrtare e Komunës së Kërçovës” nr. 4/2015) për themelimin e Këshillit Rinor, shpall:

TH I RR J E   P U B L I K E

Për zgjedhjen e anëtarëve të Këshillit Rinor

Të interesuarit për pjesëmarrje në konkurs, duhet t’i plotësojnë këto kushte:

– Të jenë banorë të Komunës së Kërçovës;
– Të jenë të moshës prej 15-29 vjet;
– Të mos kenë precedent penal;
– Të jenë kreativ dhe të aftë për punë individuale dhe grupore.

Ata të cilët i plotësojnë kushtet e lartpërmendura, duhet që më së voni deri më dt. 13.05.2015, në e-mail: kercova2013@yahoo.com, të parashtrojnë:

– Letër motivuese;
– Biografi të shkurtër – CV;
– Vërtetim se janë nxënës/student, gjegjësisht vërtetim për shkollim të përfunduar;
– Çertifikata të fituara nga kurse, trajnime, gara etj.

Këshilli Rinor është pjesë e projektit “Zvillimi i politikave rinore dhe pjesmarrja rinore në nivel lokal në 12 Komuna” të Forumit Edukativ Rinor dhe Qendrës për Dijalog Ndërkulturor, ndërsa është i finansuar nga Unioni Evropian (IPA Programa).

Proekti “Pjesëmarrje rinore dhe zhvillimi i politikave rinore në 12 komuna” u drejtohet të rinjve organizatave rinoredhe gjitha formave të shoqatave rinore dhe vetëqeverisjes lokale Qëllimi kryesor i proektit është ti forcoj kapacitetet e shoqëris rinore në nivel local,njohja formale e tyre nga ana e komunës, puna e përbashkët për përparimin e politikave rinore ne nivel lokalzhvillimi i aktivizmit rinorë dhe pjesmarrje e të rinjve në sjelljen e vendimeve. Proekti përfshin bashkpunim me vetëqeverisjen lokale,  aksionet lokale dhe procesin publik për themelimin e Këshilleve lokale rinoreme përkrahje nga vetëqeverisja lokale në 12 komuna, si dhe i finansuar nga Unioni Europian(IPA programе – Civil society facility).