Промовирано првото истражување за мониторинг на работата на Агенијата за млади и спорт

Младински образовен форум денес го промовираше истражувањето „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ со фокус на Агенцијата како носител на креирањето и спроведување на младинските политики. На настанот говореа:  Сафет Незири од Министерството за образование и наука, Младен Фрчковски од Минстерството за труд и социјална политика, Матеј Маневски од Центар за интеркултурен дијалог, Горан Ѓорѓиев од Сојуз на извидници на Македонија, Гордана Цекова од АМС, Мартина Илиевска и Александра Филипова од МОФ.

 

Според истражувањето за перидот 2014-2016г, соработката помеѓу Агенцијата за млади и спорт (АМС) и другите институции била на ниско ниво. Имало малку заеднички проекти и нема уредна документација за активностите. Агенцијата имала константна соработка единствено со МОН и одредена соработка со МИОА, АВРМ и Министерството за култура. Со Министерството за локална самоуправа немало соработка, додека Агенцијата за администрација и МТСП не располагале со информации за соработка со АМС.

 

Соработката со младинските организации била посебно слаба. Во минатите години агенцијата делувала сегрегирачки кон младинските органзации и соработувала само со малку од нив. Од 2014 до 2016 Агенцијата имала потпишано само 11 меморандуми со 6 организации што е мал број за период од три години. Односот на агенцијата кон младите и општата јавност придонел да биде перцепирана како „агенција за спорт“ која ги исклучува младите од своето делување.

 

Правна рамка за млади речиси и да не постои. Освен Националната стратегија за млади, нема правен акт ги уредува прашањата во областа „млади“. Креирање на Закон за млади или Закон за младинско учество е клучно за да регулираат правните празнини, а Агенцијата да добие јасни насоки за да може успешно да ги исполнува своите цели и приоритети.

Според препораките на истражувањето Агенцијата треба да го зајакне секторот млади, да ја ревидира стратегијата за млади и да започне квалитетен процес за креирање на акциски план за млади за 2018-2019. Агенцијата треба воспостави и модели за поддршка на младинските организации.

 

Истражувањето е реализирано во периодот јуни 2017 – јануари 2018, со фокус на соработка со младински организации, соработка со државни институции, правна рамка, внатрешно уредување и работење и перцепцијата на младинските организации и младите.

 

Проектот „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ е реализиран од страна на Младински образовен форум во периодот од јуни 2017 до јануари 2018 година. Проектот е поддржан од проектот “Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, имплементиран од “Фондација Отворено општество – Македонија” (ФООМ) и “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии”, и е финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015.

Отворено писмо: Иницијативата за граѓански референдум е значаен исчекор за граѓанско учество

Младински образовен форум јавно ја изразува својата поддршка за иницијативата за референдум во Општина Центар за изгледот на Градскиот трговски центар – Скопје.

МОФ е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и  младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младиските права и политики. Нашата организација се застапува за промоција на младинската информираност, учество во носењето одлуки и преземање на иницијативи за унапредување на сопствената средина и живот. Референдумот е начин за да се поттикне дирекното учество во политичките одлуки, свеста за сопствената заедница и околина и да се практикува активно граѓанство.

Од овие причини, сметаме дека иницијативата за прв граѓански референцум во Центар е клучен момент во развојот на граѓанското општество и активната улога на граѓанинот во процесот на донесување одлуки. Референдумот е алатка за поттикнување на граѓанското учество и искажување на сопствениот став и значајна за градење на довербата во системот. Оваа алатка ја гради и еднаквоста на граѓаните и нивното обединување над различностите кон прашањата кои заеднички ги засегаат.

Затоа, потенцираме дека ова е особено значаен момент за демократијата и ги поттикнуваме граѓаните, здруженијата, неформалните групи и сите кои се чувствуваат засегнати и кои ги делат овие вредности да дадат своја поддршка. Апелираме до советниците на Општина Центар да ја поддржат иницијативата за референдум, со што директно би им овозможиле на граѓаните да го реализраат своето уставно загарантирано право.

МОФ останува доследен на своите заложби за квалитетно образование

Младински образовен форум како организација која со години се залага за квалитетно образование, уште при првите најави за државниот испит (т.н. екстерно тестирање) ја покажа својата загриженост за последиците од оваа реформа.

МОФ во своето соопштение објавено на 7 oктомври  дава анализа и аргументација осврнувајќи се на најавената мерка државен испит, и упатува на недостатокот од причини за негово воведување и покрева прашања за неговите слабости. МОФ својата аргументација ја презентираше и на дебатата организирана од СН7 на која присуствуваа Министерот за образование и други институции, и во континуитет го споделува својот став со јавноста и медиумите.

Организацијата не стои позади Студентскиот пленум и неговите активности, ниту пак има некаква улога во организирањето на студентскиот протестен марш одржан на 17 ноември.

Сепак, МОФ го поддржува автентичното само-организирање на студентите и ја поздравува искрената намера и заложба да го кренат својот глас и да стават крај на брзите и непромислени реформи кои го тиштат студентот и навлегуваат во автономијата на универзитетот. Организацијата во континуитет поддржува автономни иницијативи на студентите, чија цел е подобрување на квалитетот на високото образование, или пак, подобрување на социо економскиот статус на студентот во Македонија.

Младински образовен форум својот легитимитет и кредибилитет го гради и докажува во овие 15 години и ќе продолжи транспарентно да работи со институции, партнери, средношколци, студенти и организации, и објавувајќи финансиски извештаи на својата страницa.

Сите заинтересирани кои сакаат накусо да се информираат или потсетат на работата на МОФ во последните 14 години можат да го направат тоа тука.

Се одржа настан за промоција на средношколската заедница од Тетово

Во понеделник, на 09.06 во средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, средношколската заедница одржа еднодневен настан. Средношколците беа поделени во неколку групи и имаа можност да работаат на цртежи кои го симболизираат средношколско организирање. Тие укажаа и на средношколските проблеми и повикаа на поголемо почитување на правата на младите воопшто.

Средношколците посакуваат во своето училиште поголема застапеност на учениците во средношколското организирање и учество. Тие истакнаа дека средношколците се тие кои треба да го покренат ова прашање бидејќи проблемот ги засега нив. На настанот учествуваа 70-тина средношколци од средното училиште „Гоце Стојчевски“.

Денешниот настан се спроведува во рамките на проектот „Средношколско организирање и учество“. Од досегашните активности кои се реализирани во ова училиште се средби со претседателите на класовите, креирање на статут на училиштето, формирање на средношколска организација во училиштето.

Повик за членови во локални младински јадра

Thirrje për anëtarë të rinjë për formimin e grupeve punuese rinore lokale 

Младински образовен форум, во соработка со Центар за меѓукултурен дијалог, во рамките на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма), распишува повик за членови  на локални младински јадра во 12 општини во Република Македонија.

Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки.

Членовите на локалните младински јадра ќе бидат дел од спроведувањето на активностите на проектот насочени кон развој и унапредување на локалното младинско здружување, локалните младински политики како и младинскиот активизам.  Општини за кои ќе бидат основани локалните младински јадра се: Центар,  Чаир, Тетово, Липково, Дебар, Кичево, Струга, Битола, Неготино, Велес, Делчево и Кратово. Членовите ќе бидат континуирано вклучени во активностите на проектот до јуни 2015 година. Во овој период, ќе бидат дел од учеството на тренинзи за јакнење на капацитетите на младинските јадра, организација на јавни акции, соработка со општините, основање на локални младински совети, како и креирање и спроведување на локални младински политики.

За потребите на членовите на локалните младински јадра ќе бидат организирани повеќе дводневни обуки во периодот од 14 март до 31 мај 2014 година. Темите на тренинзите ќе бидат насочени кон градење на капацитетите на членовите, кои потоа ќе треба да бидат искористени во спроведувањето на активностите од проектот. По завршување на тренинзите од членовите се очекува:

  • Да учествуваат во унапредување на локалните младински политики преку организирање на настани;
  • Активно учество при креирањето и работата на локални младински здружувања заради подобрување на локалните младински политики;
  • Соработка со општините за остварување на активностите на проектот;
  • Соработка со сите форми на младинско здружување на локално ниво;
  • Активно учество при спроведување на обуките и организираните посети за потребите на проектот;
  • Активно учество при изработка на локални младински документи.

Услови кои треба да ги исполнуваат членовите на локалните младински јадра се:

  • Да бидат на возраст од 17 до 27 години;
  • Интерес за унапредување на локални младински политики;
  • Интерес за развој на младинското здружување на локално ниво;
  • Можност за континуирано и активно учество во активностите на проектот во времетраење од 16 месеци;
  • Можност за присуство на сите организирани дводневни обуки во периодот од 14 март до 31 мај.

Изборот на лица ќе се спроведе за секоја од наведените општини одделно.

Сите заинтересирани млади лица кои ги исполнуваат условите на повикот може да се пријават со пополнување на google документот на следниов линк до 6 март (четврток) 2014 година.

___________________________________________________________________

Forumi edukativo rinorë (Младински образовен форум), në bashkëpunim me Qendrën për dialog ndërkulturor (CID), në kuadër të proektit „Zhvillimi I politikave rinore dhe pjesëmarrja rinore në nivel lokal në 12 komuna“ finansuar nga Bashkësia Evropiane (Programi Regjional IPA), shpall thirrjen për pjesëtaret e grupeve rinore lokale në 12 komuna të Republikës së Maqedonisë.

Roli kryesor i grupeve rinore është të mbështesë ngritjen e kapaciteteve për organizimin e të rinjve në nivel lokal, ky lloj organizimi të njihet nga komunat, të inkurajohen që të punojnë së bashku për promovimin e politikave rinore në nivel lokal, nëpërmjet zhvillimit të aktivizmit rinorë, punën rinore dhe pjesëmarrja e të rinjve në vendimarrje.

Anëtarët e grupeve rinore lokale do të jenë pjesë e aktiviteteve që kanë për qëllim zhvillimin dhe promovimin e të rinjve në nivel lokal, politikat lokale rinore dhe aktivizmin rinor. Grupet rinore do të krijohen në këto komuna: Komuna Qendër, Çair, Tetovë, Likovë Dibër, Kërçovë, Strugë, Manastir, Veles, Negotinë, Dellçevë dhe Kratovë.

Për nevojat e anëtarëve të grupeve punuese rinore lokale do të organizohen disa trajnime dy-ditore në periudhën kohore 14 mars – 31 maj 2014. Temat e trajnimit do të synojnë ndërtimin e kapaciteteve të anëtarëve të cilët më pas do të duhet të përdoren në zbatimin e proektit. Pas trajnimit pritet që:

  •  Anëtarët të marrin pjesë në pjesëmarrjen e promovimit të politikave rinore lokale duke organizuar evenimente.
  • Pjesëmarrje aktive në krijimin dhe funksionimin e këshilleve dhe grupeve lokale rinore për përmisimin dhe krijimin e politikave lokale rinore.
  • Bashkëpunimi me komunat për të kryer aktivitetet e planifikuara;
  • Bashkëpunimi me të gjitha format e organizimit të të rinjve në nivel lokal;
  • Pjesëmarrja aktive në zbatimin e trajnimeve dhe vizitave te ndryshme;
  • Pjesëmarrja aktive në krijimin dhe zhvillimin e dokumenteve lokale rinore.

Kushtet që duhet ti përmbushin anëtaret e grupeve punuese rinore janë:

  • Mosha prej 17 – 27 vjet;
  • Posedojnë interes në promovimin e politikave lokale rinore;
  • Posedojnë interes në zhvillimin dhe krijimin e të gjitha formave të  organizimit rinor në nivel lokal;
  • Pjesmarrja e vazhdueshme dhe në mënyrë aktive në aktivitetet e proektit gjatë 16 muajve në vijim.
  • Pjesmarrja aktive (e domosdoshme) në pesë trajnime të organizuara gjatë fundjavës në periudhën 14 mars – 31 maj 2014.

Përzgjedhja e personave do të kryhet për secilën komunë në veçanti.

Të gjithë të rinjtë të cilët i plotësojnë kërkesat e thirrjes mund ta mbushin google dokumentin ketu: linku deri më 6 mars 2014.

This project is funded by The European Union.
The contents of this document are the sole responsibility of Youth Educational Forum and Center for Intercultural Dialogue and can under no circumstances be regarded as reflecting the position of the European Union.

Националниот младински совет на Македонија станува правен субјект

Националниот младински совет на Македонија(НМСМ) и официјално станува правен субјект откако доби регистрација во Централниот регистар.

Основан пред три месеци од страна на 55 младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии, НМСМ најави интензивна комуникација со институциите кои имаат надлежност за младинските прашања, но и борба за повеќе права за сите млади.

НМС според Статутот ќе биде управуван од Генерално собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и извршно тело – Секретаријат. Делегатите на Основачкото собрание ги избра Ивана Давидовска од ЦИД за претседател, Дона Костуранова од МОФ за потпретседател, а членови на управниот одбор се Иван Јованов од „Младите можат“, Горан Георгиев од Сојузот на извидници на Македонија, Даниел Калајџиески од ХЕРА, Арбен Ристеми (Центар за развој на заедницата) и Антонио Јовановски од „Гоу грин“.

Од НМС најавуваат дека оваа организација ќе биде гласен претставник на младинските интереси, чија крајна цел ќе биде подобрување на положбата на младите во земјата. Организациите основачи на Националниот младински совет може да се погледнат тука.

 


 

[Коментар на МОФ] Унапредување на Нацрт-стратегијата за млади на Скопје

МОФ изготви и достави свои коментари во насока на унапредување на нацрт-стратегијата за млади на Градот Скопје.

Во изминатиот период, Градот Скопје во соработка со Коалиција СЕГА работеше на креирање на Локална младинска стратегија и Акционен план за нејзина реализација. Овој документ преставуваа клучен чекор за одговор на потребите на младите на локално ниво и за унапредување на можностите за младите во рамките на градот. Овој процес на донесување на локална стратегија, претставува добар пример за другите единици на локалната самоуправа во Македонија, со оглед на тоа што досега само во 9 општини во Македонија постојат локални младински стратегии.

МОФ, учествуваше со свои претставници во процесот на креирање на Локалната младинска стратегија на Град Скопје. По доставувањето на Предлог-локалната младинска стратегија и предлог-акцискиот план, МОФ изготви низа забелешки, со цел за унапредување на содржината и активностите предвидени во документите, како и реално поставени цели, кои може да се остварат во предвидениот период.

Забелешките на МОФ се во следните области од стратегијата: образование, младинско учество и младинско информирање. Клучните коментари кои се однесуваат на целосниот документ се:

–          Финалниот предлог документ со Стратегијата за млади и Акцискиот план за 2014 да ги земе во предвид и интегрира сите забелешки од граѓанските младински организации и заклучоци од дискусијата за документите.

Стратегијата и ацкискиот план треба да бидат проширени и да предвидуваат (1) креирање на акциски план за секоја последователна година, (2) механизми за мониторинг и евалуација на акциските планови, (3) механизам за евалуација на имплементацијата на стратегијата.

–          Во имплементацијата  на акцискиот план и стратегијата да бидат вклучени и младите и младинските организации, на транспарентен начин.

–          Градот и надлежните институции да направат финансиска заложба за реализација на стратегијата. Градот мора да изработи буџет за спроведување на акцискиот план кој ќе биде адекватен на предвидените активности.

–          Стратешкиот документ да ги земе во предвид и да биде усогласен со постоечките стратешки документи на национално ниво кои се однесуваат на предвидените области

Нацрт-стратегијата и предлог-акцискиот план, како и деталниот документ со коментари од МОФ, може да ги најдете на следните линкови:

Нацрт-Стратегија за млади на град Скопје 2014-2018 и акциски план 2014

Коментари на МОФ за Нацрт-Стратегија за млади на град Скопје 2014-2018 и акциски план 2014

Истражување за младите во медиумскиот простор

Младински образовен форум и Метаморфозис спроведуваат национално истражување за позицијата на младите во медиумите во Македонија. Меѓудругото ќе ги истражиме важноста, формите, темите и начините на кои младите се вклучени во медиумите.

За таа цел, доколку спаѓате во некоја од долунаведените категории, би ве замолиле да го пополните прашалникот кој можете да го најдете на следниов линк:

Прашалник за млади: https://www.surveymonkey.com/s/youth-mk
Прашалник за младински организации: http://surveymonkey.net/s/mladinski-org-mk
Прашалник за медиуми: http://surveymonkey.net//s/mediumi-mk

Прашалникот не би требал да одземе повеќе од 5 минути од вашето време, а прашалникот е анонимен.

Однапред Ви благодариме за вашата соработка,

Тимот на МОФ

Петиција и препораки за екстерното оценување да се прогласи за пилот

Младински образовен форум (МОФ) ве кани на прес-конференција на која бидат презентирани собраните потписи на петицијата за прогласување на овогодинешното екстерно тестирање за пилот.

Прес-конференцијата ќе се одржи на 23.07.2013 (вторник) со почеток во 12:00 часот, пред влезот на Министерството за образование и наука.

На прес конференцијата ќе биде соопштен бројот на потписи на петицијата на која граѓаните можеа да се потпишат почнувајќи од трети јули во 17 градови и истата ќе биде доставена до Министерството за образование, заедно со анализа и препораки за спроведувањето на екстерното тестирање.

 

Петицијата за екстерното продолжува, 17.000 граѓани бараа да се прогласи за пробно

17.853 граѓани до денес се потпишаа на петицијата со која МОФ бара од Министерството за образование и наука да го прогласи за пробно екстерното оценување оваа година. Ваквите барања се темелат на огромниот број технички пропусти при тестирањето кои оштетија голем број ученици, прекршувањата на законските рокови за објавување на листите со предмети за полагање и за доставување приговори по однос на резултатите, како и поставените цели на екстерното.

Додека во другите држави екстерните оценувања служат за подобрување на образовниот процес, подобар перформанс кај учениците и наставниците, унапредување на наставните програми и планови и развој на системот на оценување, кај нас екстерното е сведено на креирање атмосфера на контрола и страв меѓу наставниците и професорите. Дополнително, илјадници ученици со декрет беа подложени на тестирање кое надлежните избрзано сакаат да го третираат за официјално, иако потфрли на сите технички и стратешки нивоа.

Меѓу градовите со најголем број собрани потписи за екстерното да се прогласи за пробно оваа година се Скопје со над 3500 потписи, Велес со над 2500 потписи, Битола и Тетово со по над 1500 потписи, Штип и Кичево со по над 1000 потписи. Граѓаните даваат масовна поддршка за спас на екстерното оваа година и во Гевгелија, Делчево, Куманово, Дебар, Неготино, Ресен, Струга, Охрид, Гостивар, Кратово и Струмица.

По однос на прекршувања на законските рокови за реализација на екстерното оценување, МОФ поднесе претставки до Државниот управен инспекторат и Државниот просветен инспекторат, со кои од овие институции бара реакција за кратењето на рокот за објавување на листите на предмети од 7 на 4 дена, како и кратењето на рокот за поднесување приговори на објавените оценки, од 3 на 2 дена.

Петицијата трае до крајот на оваа недела, по што МОФ ќе пристапи кон интензивна комуникација со одговорните институции, за што се надева и на директни средби со надлежните.

МОФ уште еднаш потенцира дека го поддржува екстерното оценување како алатка за унапредување на образованието, но за тоа биде официјално, мора да се отстранат сите пропусти, да се гарантира почитување на законите и да не се дозволи ни еден ученик да биде оштетен.

Апелираме до институциите и надлежните да размислат, да се одважат и да се откажат од своите планови за официјализирање на ваквото екстерно по секоја  цена. Следната година заедно да создадеме систем кој ќе функционира и кој нема да штети на иднината на младите.

Сите информации поврзани со распоредот на пунктови за потпишување се достапни на www.mof.mk/eksterno.