ДЕБАТНА КОНФЕРЕНЦИЈА – INTEGRATED TALKS

Младински образовен форум во соработка со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, на 8 и 9 февруари ја одржа првата дебатна конференција – Integrated talks. На конференцијата посветена на аргументацијата и меѓукултурната размена учество земаа 100 средношколци од 10 градови од Македонија. Read More

Национален тренинг за спроведување на истражување и евалуација

На 04ти и 05ти февруари, Младински образовен форум во соработка со Меѓународната дебатна образовна асоцијација (International Debate Education Association) го организираше националниот тренинг за истражување и евалуација, на кој учествуваа повеќе од 30 млади вклучени во некоја граѓанска организација или неформална група. Read More

Дебатерите од Младински Образовен Форум на Светското универзитетско дебатно првенство

Теодора Столевска и Милка Геровска се дебатерките кои ќе го претставуваат МОФ и Македонија на овогодинешното Светско дебатно првенство за студенти во Грција.
Турнирот започна завчера – 27 декември а ќе трае до 04 јануари, локацијата на која 400 тимови ќе ги спротистават нивните дебатни вештини е Универзитетот Македонија во Солун.
Преку 9 прелиминарни рунди полуфинална и финална рунда ќе биде избран овогодинешниот светски првак во дебата.
На турнирот паралелно се одвиваат дебати во три категории :
Open category – во која се натпреваруваат сите на кои англискиот јазик им е мајчин јазик,
English as second language (ESL) категорија – во која се натпреваруваат сите дебатери на кои англискиот им е втор јазик и
English as foreign language (EFL ) категорија во која се натпреваруваат сите учесници на кои англискиот им е странски јазик

Дополнително, тимот на Радио МОФ составен од Димитар Вандовски, Марко Ѓорѓиев и Анте Гулин ги пренесуваат дебатите во живо преку каналот на РадиоМОФ_____
Испраќањето на тим на Светското дебатно првенство придонесува за подобрување и креирање на препознатливост во меѓународната дебатна заедница на македонскокото дебатно друштво .
Во конкуренција на дебатери од универзитети ширум светот, им посакуваме многу среќа и успех на Теодора и Милка.

Национално дебатно првенство за почетници 2015

Националното дебатно првенство за почетници е најзначајниот и најголемиот дебатен турнир кој Младински образовен форум го организира секој декември за новите дебатери. На овој турнир дебатерите имаат прилика за прв пат во пракса да ги применат вештините за дебата и аргументирано изразување кои ги стекнуваат на неделните предавања во нивните дебатни клубови. 

Турнирот ќе се одржи на 18, 19 и 20 декември во Скопје. 

CA – тим:
Соња Митиќ (CA) – Главен судија
Ѓорѓи Димески (DCA) – Заменик главен судија 
Петар Барлаковски (DCA) – Заменик главен судија 

Формат: World Schools Debate Format 

Рунди: Турнирот се содржи од 6 прелиминарни рунди, полуфинале и финале. На прелиминарните рунди ќе се дебатира на една подготвена теза и две импромпту тези.

Однапред подготвената теза гласи: „Овој Дом верува дека социјално-загрозените фамилии треба да примаат дополнителна финансиска помош чија висина ќе зависи од училишниот успех на нивните деца“. Во полуфинале ќе се дебатира на импромпту теза, а во финалето ќе се дебатира на веќе зададената теза. Националното дебатно првенство за почетници се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Регистрација на тимови: http://goo.gl/forms/L8dMCA7QmH Регистрација на судии: http://goo.gl/forms/zxv1jn6SPc Регистрација на волонтери: http://goo.gl/forms/k36lcuxqly

Јавна дебата во Неготино

Минатиот четврток, на 22ри октомври, во Неготино се одржа јавна дебата на тезата  „Младински иницијативи пример за соработка, интеграција и доверба“.

Членовите на дебатната програма во Неготино постојано работат на подигање на свеста во јавноста за важноста и интегрираноста на младите во процесите кои ги нив ги опфаќаат на секојдневно ниво.

Како дел од проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието, членовите на дебатниот клуб во Неготино, организираа јавна дебата која опфати тема што директно ги засега младите во тој град. Панелот од говорници на  јавната дебатата беше составен од професори во средно училиште, дебатери и претставник од младинскиот совет на Општина  Неготино.Говорниците во своите говори  споделија  искуства, мислења и идеи за тоа како младите се поврзани и функционираат во општината на секојдневно ниво, и што би можело да се преземе за довербата помеѓу младите и институциите да биде на уште повисоко ниво.

Оваа активност е реализирана во соработка со Дебатната програма на Младински образовен форум која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.

Тимот „Сања Матиќ“ победник на дебатниот турнир во Кавадарци

На  18ти и 20ти октомври во Кавадарци се одржа дебатен турнир кој вклучи тимови од  Кавадарци, Неготино и Скопје. Турнирот беше организиран како дел од  активностите на Советот за превентива против малолетничка деликвенција .

Тимот од Скопје, составен од Ана Арсовска, Матеа Коцевска и Матеј Поп Дучев , се пласираше на првото место. Како награда за освоената победа, тие ќе учествуваат на меѓународен дебатен турнир во Ниш во декември оваа година.
Турнирот понуди неколку тези од областа на слобода на говор и говор на омраза, а дебатерите во нивните случаи покажаа колку всушност е тенка границата помеѓу овие две појави и колку треба да се внимава за да не се прејде границата на  слободата на говорот.

СППМД (Советот за превентива против малолетничка деликвенција) во соработка со уште седум земји работи на проектот Hate Fighters. Меѓу активностите од кој е составен овој проектвлегуваат и организација на национален дебатен турнир во секоја земја и интернационален турнир во Ниш. Претставник на Македонија на овој турнир ќе биде тимот „Сања Матич“ (Ана, Матеа и Матеј) дел од клубовите на МОФ во Скопје.

Им посакуваме многу среќа на Матеј, Матеа и Ана во Ниш.

Почеток на новата учебна дебатна година

Драги средношколци,

Оваа сабота – 10.10.2015 ќе се одржи првата средба на дебатните клубови на Младински образовен форум.

Над  300 средношколци досега пројавија интерес да станат дел од нивниот локален дебатен клуб и да ја искористат можноста да се запознаат со основите на аргументираното изразување, критичкото размислување и дебатниот формат што оваа бесплатна обука ги нуди.

Доколку сакате да сте дел од дебатната програма, и за кратко време да го надминете срамот од зборување пред поголема група луѓе, доколку сакате да запознаете многу ваши врсници и на тоа да додадете патувања и дебатни турнири како национални така и интернационални, време ви е да ја пополните апликацијата  и да го обезбедите вашето место и да го одберете терминот  на првото предавање по дебата за оваа академска година !

Дебатната програма ве очекува.

Зачлени се во Студентските дебатни клубови на МОФ

Младински образовен форум спроведува дебатна програма на студентските дебатни клубови  на неколку факултети во Скопје. Со зачленување во некој од студентските дебатни клубови добиваш шанса да посетуваш едногодишна бесплатна обука по дебата.
Покрај официјалниот дел од обуката, се одржуваат и многу дебатни настани (национални и интернационални), како што се дебатни турнири, јавни дебати, семинари и работилници.

Што е дебата?
Дебатата како организирана активност може едноставно да се дефинира како аргументирана и организирана дискусија на одредена теза меѓу две спротивставени страни.

Што доколку се зачленам во дебатен клуб?
Членувањето во Студентски дебатен клуб е одлична можност да ги подобрите вашите вештини за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување , да запознаете нови млади луѓе, да патувате на многу дебатни турнири во странство како и да организирате многу настани, работилници и јавни дебати.

Каде да се пријавам?
Доколку сакаш да станеш член во некој од Студентските дебатни клубови пополни ја следнава апликација

Зачлени се во средношколските Дебатни клубови на Младински образовен форум

Дебатната програма како една од главните активности на Младински образовен форум нуди едногодишни обуки по дебата и аргументирано изразување. Обуката се спроведува во 13 града низ државата, во кои се одржуваат дебатни предавања еднаш неделно и е наменета за средношкоци кои се заинтересирани да ги подобрат нивното аргументирано изразување и критичко размислување.

Што всушност е дебата?
Поимот дебата за нас има различно значење од оној  кој што го употребуваме во секојдневните активности.  На активностите со кои се среќаваме секојдневно повеќе прилегаат термините дискусии, расправии, полемики, коментари и слично.

Дебатата како едукативен метод и како организирана активност може едноставно да се дефинира како аргументирана и организирана дискусија на одредена теза меѓу две спротивставени страни!

Кои се придобивките од членување во дебатен клуб?
Покрај официјалниот дел од обуката која е бесплатна, се одржуваат и многу дебатни настани (национални и интернационални), како што се дебатни турнири, јавни дебати, семинари и работилници.  Ова се само дел од настаните на кои ќе можете да научите аргументирано и структурирано да се изразувате, да ја подобрите вашата способност за јавно говорење , да запознаете многу млади ентузијасти како вас, да посетите земји во кои досега не сте биле , да организирате настани и јавни дебати и секако  многу да научите на еден неформален и исклучително забавен начин.

Ова е одлична можност, каде да се пријавам?
Доколку ова ти се допадна, можеш да се пријавиш со пополнување на апликацијата

Обучена новата генереција предавачи по дебата

Минатиот викенд, 18-20 септември, Дебатната програма на Младински образовен форум организираше Тренинг за нови дебатни тренери и дебатни судии. Четириесет дебатери и асистенти ја поминаа обуката за дебатни тренери. Новите предавачи по дебата доаѓаат од повеќе градови од Македонија: Тетово, Велес, Штип, Неготино, Кратово, Струга, Дебар и Скопје.  Тренингот го одржаа: Aтанас Димитров, Огнен Јакасановски, Стефан Алексиќ и Теодора Столевска,

Тродневниот тренинг понуди предавања од областа на World Schools дебатниот формат, методлогија за предавање на новите членови-дебатери, водење на дебатен клуб и судење на дебатен турнир од компетитивен карактер. Последниот ден присутните кандидати за дебатни тренери и дебатни судии стекнатите познавања од областа ги презентираа пред комисија составена од пет члена. На тренигот имаше две петчлени комисии во состав: Дејан Ризински, Елена Симјановска, Ѓорѓи Димески, Марија Гелмановска, Стефан Андонов, Мартин Божиноски, Вилдан Дрпљанин, Томислав Тодоровски, Стефани Спировска и Теодора Столевска.  Искусните дебатни предавачи од кои се составени комисиите одлучуваат дали кандидатите ќе добијат препорака за дебатен предавач и дебатен судија.

Членовите на дебатните клубви на Младински образовен форум кои беа присутни на оваа обука веќе имаат поминато почетно и напредно ниво дебатни на предавања, а изминатава година беа дебатни асистенти во дебатните клубови во нивните градови. Со оваа обука Дебатната програма се стекна со нови капацитети и предавачи по дебата кои ќе ги водат предавањата, организираат турнири и јавни дебати за Дебатните клубови.