Невработеноста, дискриминацијата, пристапот до образование, младинското иселување и сексуалното вознемирување се клучните проблеми кои беа истражувани од млади истражувачи

Пет истражувачки трудови од млади истражувачи беа промовирани на 12ти јуни 2018 година во ГEM клубот. Истражувчките трудови беа менторирани од искусни истражувачи и со поддршка од Младински образовен форум (МОФ) и Фондации Отворено општество работеа на своите истражувања.  Деветнаесет млади истражувачи се обидоа да обезбедат податоци на темите кои за нив се важни – младинската невработеност, дискриминацијата во образованието, условите за лица со посебни потреби во образованието, младинската емиграција и сексуалното вознемирување. Преку истражувачка работа, овие млади го продлабочуваат знаењето кое го имаме на располагање за креирање подобри политики и разбирање на проблеми и трендовите во општеството.

Куси извадоци од клучните наоди од секое истражување:

Невработеноста на младите е сериозен проблем во Македонија, а североисточниот регион има највисока стапка на невработеност. Истражувањето на Симона Ковачевска „Невработеноста на младите лица во Североисточниот регион – предизвици и  проблеми“ ги прикажува  најчестите ставови на младите лица од овој регион. Тие сметаат дека главен фактор за вработување претставуваат врските и политичката определба. Токму затоа најчест начин за барање работа е преку познаници и роднини, а не преку аплицирање на огласи или преку пријавување во АВРМ. Ова може деструктивно да влијае на пазарот на труд и да предизвика демотивација кај младите лица за усовршување и градење кариера. Младите лица треба регуларно да се пријавуваат во Агенцијата за вработување со што ќе ја зголемат веројатноста за вработување, а АВРМ треба поинтензивно да се вклучи во воведување локални мерки за намалување на невработеноста во овој регион.

Жените во Република Македонија секојдневно се соочуваат со сексуалното вознемирување, инспирирани од кампањата #сегакажувам и движењето #meТoo, тројца млади истражувачи (Антонела Глигорова, Мартин Анѓелов и Лина Даневска) истражуваа за „Застапеноста на различните форми на сексуално вознемирување во Р. Македонија“. Податоците укажуваат дека дури во над 90% од случаите сексуалното вознемирување потекнува од вознемирувач кој ужива позиција на моќ над жртвата. Резултатите укажуваат на ниска стапка на пријавување на вознемирувањето, особено поради фактот што жртвите не наишле на поддршка, а исто така и тие самите биле прогласени како виновни за настанот. Пријавувањето во полиција е многу ретко, но како алтернатива на тоа се јавува пријавување на колега, родител, педагог, психолог, пријател, новинар/ка и сл.

Според истражувањето на Мартин Нацевски „Улогата на младите во спречување на дискриминацијата во образованието“, наставниот кадар е во најдиректен контакт со самите студенти и од него непосредно зависи квалитетот на предавањата и на оценувањето. Токму поради тоа, оваа категорија најчесто ја злоупотребува својата позиција, применувајќи различен третман кон студенти од различни позадини. Според испитаниците, оваа дискриминација најчесто се манифестира како поинаков пристап при оценувањето, поинаков однос со различните студенти, но и неправедни критериуми при вработувањето или ангажирањето студенти во наставниот процес.

Aнализа на условите за лицата со посебни потреби во рамките на средното и високото образование“ изработена од Деа Здравковска, Марија Михајловска, Кристијан Лазаров, Ангела Николовска и Ема Ананиевска претставува анализа за образовната инклузија на учениците и студентите со посебни потреби. Според податоците, вклученоста на лицата со посебни потреби во сите нивоа на образованието е многу ниска, тие честопати се дискриминирани и се соочуваат со низа предизвици во текот на образованието. Инклузијата во образовниот процес најчесто се подразбира како обезбедување физички услови за вклучување на лицата со посебни образовни потреби во редовното образование, наспроти еднаквото вклучување во училишните активности за што е потребно да се обезбедат адекватни услови, образовен кадар и програми. Наодите покажуваат дека нашата држава во моментов сè уште не е подготвена за целосна образовна деинституционализација и целосно отфрлање на стариот образовен процес за лицата со посебни потреби и спроведување на образовна инклузија само во редовните училишта за општата популација.

Резултатите до кои дојдоа Вања Јанева, Јована Ѓорѓиовска, Моника Китаноска и Симон Андов во истражувањто „Зошто младите сакаат да си одат од Македонија? Eксплоративен пристап кон младинската емиграција во Македонија“ ,покажуваат дека 60% од испитаниците сакат трајно да се отселат од државата, без разлика на демографските и социоекономските разлики. Културните фактори на одбивање и на привлекување се издвојуваат како најзначајни за младите, како за нивната одлука да се иселат од Македонија така и за одлуката за враќање во Македонија. Сепак, сите пет групи фактори се важни за одлуките на младите, што уште повеќе ја потенцира неопходноста на меѓуресорски пристап за подобрување на младинскиот стандард за живот во Македонија.

Проектот за менторирање на млади истражувачи имаше за цел да ги поврзе капацитетите и ресурсите на МОФ со знаењето и искуството на стипендистите на Фондациите Отворено општество во корист на млади истражувачи кои за прв пат се занимаваат со општествено релевантни истражувања да креираат квалитетни анализи кои ќе помогнат да се подобрат политиките или да се подигне свеста за важни прашања во Македонија. Студентите и младите истражувачи во земјата немаат доволно можности за самостојно истражување и преку овој процес се обидуваме да го поттикнеме професионалниот развој на дел од младите истражувачи во земјата.

Станица: Студентска по штести пат

Станица Студентска 6.0 се одржа на 29 мај 2018 година, на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.  На студентите им беше понудена  целодневна алтернативна програма исполнета со предавања, работилници, презентирање на истражувања и креативни активности.

Станица: Студентска имаше за цел да обезбеди простор за современи предавања кои студентите ретко имаат можност да ги следат на нивните факултети, можност да се информираат за организациите кои се отворени за нив, да учествуваат во работилници, да се запознаат со нови истражувања и да разменат искуства и контакти. Настанот го организираше МОФ со поддршка на Фондации Отворено општество.

На Станица: Студентска посетителите можеа да се запознаат и зачленат во 20 младински организации преку отворен саем. Дел од организациите одржаа и свои предавања на факултетот, со што Национален младински совет на Македонија, ЏЕФ Македонија, ХЕРА, ЕМСА, ИАЕСТЕ, Субврезивен фронт, КРИК, Гоу грин, Истражувачко друштво на студенти биолози, Social Impact Award, Сојуз на извидници и индивидуалци истакнати во своите полиња, дадоа придонес кон збогатување на академскиот ден на студентот.

Деветнаесет млади истражувачи за прв пат ги презентираа своите нови истражувачки трудови пред своите врсници, поддржани во својот потфат од МОФ и искусни ментори. Приоритетите кои тие ги избраа за своите истражувања се: условите за лица со посебни потреби во образование, дискриминацијата во образованието, емиграцијата на младите, сексуалното вознемирување во Македонија и младинската невработеност.

Промовирано првото истражување за мониторинг на работата на Агенијата за млади и спорт

Младински образовен форум денес го промовираше истражувањето „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ со фокус на Агенцијата како носител на креирањето и спроведување на младинските политики. На настанот говореа:  Сафет Незири од Министерството за образование и наука, Младен Фрчковски од Минстерството за труд и социјална политика, Матеј Маневски од Центар за интеркултурен дијалог, Горан Ѓорѓиев од Сојуз на извидници на Македонија, Гордана Цекова од АМС, Мартина Илиевска и Александра Филипова од МОФ.

Според истражувањето за перидот 2014-2016г, соработката помеѓу Агенцијата за млади и спорт (АМС) и другите институции била на ниско ниво. Имало малку заеднички проекти и нема уредна документација за активностите. Агенцијата имала константна соработка единствено со МОН и одредена соработка со МИОА, АВРМ и Министерството за култура. Со Министерството за локална самоуправа немало соработка, додека Агенцијата за администрација и МТСП не располагале со информации за соработка со АМС.

Соработката со младинските организации била посебно слаба. Во минатите години агенцијата делувала сегрегирачки кон младинските органзации и соработувала само со малку од нив. Од 2014 до 2016 Агенцијата имала потпишано само 11 меморандуми со 6 организации што е мал број за период од три години. Односот на агенцијата кон младите и општата јавност придонел да биде перцепирана како „агенција за спорт“ која ги исклучува младите од своето делување.

Правна рамка за млади речиси и да не постои. Освен Националната стратегија за млади, нема правен акт ги уредува прашањата во областа „млади“. Креирање на Закон за млади или Закон за младинско учество е клучно за да регулираат правните празнини, а Агенцијата да добие јасни насоки за да може успешно да ги исполнува своите цели и приоритети.

Според препораките на истражувањето Агенцијата треба да го зајакне секторот млади, да ја ревидира стратегијата за млади и да започне квалитетен процес за креирање на акциски план за млади за 2018-2019. Агенцијата треба воспостави и модели за поддршка на младинските организации.

Истражувањето е реализирано во периодот јуни 2017 – јануари 2018, со фокус на соработка со младински организации, соработка со државни институции, правна рамка, внатрешно уредување и работење и перцепцијата на младинските организации и младите.

Проектот „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ е реализиран од страна на Младински образовен форум во периодот од јуни 2017 до јануари 2018 година. Проектот е поддржан од проектот “Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, имплементиран од “Фондација Отворено општество – Македонија” (ФООМ) и “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии”, и е финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015.

Средношколци дебатираа дали средношколското организирање го унапредува образованието

Средношколците Тамара ИлиоскаМихаил НасковскиАна Угрова и Јаков Шаревски синоќа во Јавна Соба дебатираа на темата „Овој дом верува дека средношколското организирање (не) гарантира унапредување на образовниот процес“, на настан кој го организираа Младинскиот образовен форум (МОФ), Коалицијата СЕГА и Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Read More

Наместо невладина организација, функционален Студентски парламент во склоп на Универзитетот

Тамара Ангеловска е студентка на Медицинскиот факултет во Скопје. Веќе четврта година ги следи студиите по медицина, но ниту еднаш немала можност да гласа на студентски избори и да бира  студентски претставници на својот факултет. Вели дека кај нив нема избрано нов претставник уште од 2013 година, а повеќе од една година немаат ни претседател на парламентот, туку само вршител на должност кој не е избран од студентите. Read More

Студентските парламенти да се отворат за студентите

По Штип, Битола и Тетово, студентите денес повторно ги споделија своите ставови и мислења за студентското организирање. Консултациите беа во организација на МОФ, а се одржаа на Правниот факултет „Јустијан Први“, каде претставници на младински и студентски организации низ дискусија побараа фунционален, нов начин на уредување на  студентските парламенти. Read More

[Видео] Законот за високо образование се смени 20 пати, а студентското организирање уште не е суштински регулирано

„Сегашниот закон за високо образование е менуван повеќе од 20 пати откако е донесен. Сепак, и покрај огромниот број промени од неговото донесување до денес во него има само еден член кој го уредува студентското организирање, па оттаму јасно е и зошто оваа тема се смета за недоречена и конфузно уредена. Новиот закон треба да пружи поголема стабилност и појасна слика за студентското организирање“, вели Фани Димовска од Европска асоцијација на студенти по право (ЕЛСА). Read More

Студентите имаат должност да го реформираат своето организирање, институциите да ги чујат

Студентски парламенти, финансирање на студентското организирање, студентските правобранители и разликите меѓу универзитетите за кои треба да се најде решение преку Законот за високо образование, беа меѓу темите кои денеска беа начнати од студентите на консултациите во Битола. Во Инфо клубот на Правниот факултет, студентите по втор пат имаа шанса да ги споделат своите ставови и мислења околу потенцијалните реформи за студентското организирање. Read More

[Видео] Студентите побараа реформи во студентското организирање

Новиот Закон за високо образование треба да го реши проблемот со нелегитимните студентски претставници и затворените претставнички тела, порачаа студентите на првата консултација за ново студентско организирање, која денеска се одржа на Правниот факултет од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) и Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Read More

Пет истражувачки трудови од млади истражувачи

Пет истражувачки трудови од млади истражувачи беа промовирани на 12ти јуни 2018 година во ГEM клубот. Истражувчките трудови беа менторирани од искусни истражувачи и со поддршка од Младински образовен форум (МОФ) и Фондации Отворено општество работеа на своите истражувања. Деветнаесет млади истражувачи се обидоа да обезбедат податоци на темите кои за нив се важни – младинската невработеност, дискриминацијата во образованието, условите за лица со посебни потреби во образованието, младинската емиграција и сексуалното вознемирување. Преку истражувачка работа, овие млади го продлабочуваат знаењето кое го имаме на располагање за креирање подобри политики и разбирање на проблеми и трендовите во општеството.

Куси извадоци од клучните наоди од секое истражување:

Невработеноста на младите е сериозен проблем во Македонија, а североисточниот регион има највисока стапка на невработеност. Истражувањето на Симона Ковачевска „Невработеноста на младите лица во Североисточниот регион – предизвици и проблеми“ ги прикажува најчестите ставови на младите лица од овој регион. Тие сметаат дека главен фактор за вработување претставуваат врските и политичката определба. Токму затоа најчест начин за барање работа е преку познаници и роднини, а не преку аплицирање на огласи или преку пријавување во АВРМ. Ова може деструктивно да влијае на пазарот на труд и да предизвика демотивација кај младите лица за усовршување и градење кариера. Младите лица треба регуларно да се пријавуваат во Агенцијата за вработување со што ќе ја зголемат веројатноста за вработување, а АВРМ треба поинтензивно да се вклучи во воведување локални мерки за намалување на невработеноста во овој регион.
Жените во Република Македонија секојдневно се соочуваат со сексуалното вознемирување, инспирирани од кампањата #сегакажувам и движењето #meТoo, тројца млади истражувачи (Антонела Глигорова, Мартин Анѓелов и Лина Даневска) истражуваа за „Застапеноста на различните форми на сексуално вознемирување во Р. Македонија“. Податоците укажуваат дека дури во над 90% од случаите сексуалното вознемирување потекнува од вознемирувач кој ужива позиција на моќ над жртвата. Резултатите укажуваат на ниска стапка на пријавување на вознемирувањето, особено поради фактот што жртвите не наишле на поддршка, а исто така и тие самите биле прогласени како виновни за настанот. Пријавувањето во полиција е многу ретко, но како алтернатива на тоа се јавува пријавување на колега, родител, педагог, психолог, пријател, новинар/ка и сл.

Според истражувањето на Мартин Нацевски „Улогата на младите во спречување на дискриминацијата во образованието“, наставниот кадар е во најдиректен контакт со самите студенти и од него непосредно зависи квалитетот на предавањата и на оценувањето. Токму поради тоа, оваа категорија најчесто ја злоупотребува својата позиција, применувајќи различен третман кон студенти од различни позадини. Според испитаниците, оваа дискриминација најчесто се манифестира како поинаков пристап при оценувањето, поинаков однос со различните студенти, но и неправедни критериуми при вработувањето или ангажирањето студенти во наставниот процес.
„Aнализа на условите за лицата со посебни потреби во рамките на средното и високото образование“ изработена од Деа Здравковска, Марија Михајловска, Кристијан Лазаров, Ангела Николовска и Ема Ананиевска претставува анализа за образовната инклузија на учениците и студентите со посебни потреби. Според податоците, вклученоста на лицата со посебни потреби во сите нивоа на образованието е многу ниска, тие честопати се дискриминирани и се соочуваат со низа предизвици во текот на образованието. Инклузијата во образовниот процес најчесто се подразбира како обезбедување физички услови за вклучување на лицата со посебни образовни потреби во редовното образование, наспроти еднаквото вклучување во училишните активности за што е потребно да се обезбедат адекватни услови, образовен кадар и програми. Наодите покажуваат дека нашата држава во моментов сè уште не е подготвена за целосна образовна деинституционализација и целосно отфрлање на стариот образовен процес за лицата со посебни потреби и спроведување на образовна инклузија само во редовните училишта за општата популација.