Отворен повик за волонтери во Радио МОФ

Радио МОФ објавува повик за тројца волонтери кои се заинтересирани за аудио и видео техника и имаат желба да научат да снимаат и монтираат аудио и видео записи.

За време на волонтерскиот ангажман од три месеци, започнувајќи од први април до 31 јуни, волонтерите ќе имаат можност да ги научат основните вештини за снимање емисија во студио, за едитирање на емисија, аудио стрим, видео стрим и подготовка на техника на настан.

Не е задолжително да се има претходно познавање од областa, со оглед на тоа што Радио МОФ ќе ги обучува, менторира и мониторира волонтерите. Неделниот ангажман изнесува до десет работни часови.

Волонтерите треба да се на возраст помеѓу 19 – 24 години, а за повеќе информации заинтересираните кандидати може да се обратат на stefan_aleksik@radiomof.mk или на телефонскиот број 02 31 39 692. Повикот е отворен до 24 март 2015 година.

Сите заинтересирани треба да пополнат апликацијата за волонтери достапна подолу во текстот, или директно нa овој линк

Студенти, програмирајте за подобро високо образование во Македонија!

Студенти, Младинскиот образовен форум и Хаклаб КИКА ве повикуваат да учествувате на студентски хакатон на кој ќе се изработуваат апликации кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на високото образование.

На студентскиот хакатон ќе се изработуваат апликации кои ќе им помогнат на студентите да ја подобрат работата на факултетот каде студираат, да ја унапредат состојбата со студентското организирање или ќе им овозможат полесно справување со административните процедури на универзитетите. Апликациите треба да им помогнат на студентите да влијаат на одреден проблем од високото образование.

Хакатонот ќе се одржи на 7 и 8 март 2015, и ќе трае 48 часа.

Пријавувањето е во тимови, во кои треба да учествуваат најмалку двајца студенти кои имаат вештини за програмирање. Заинтересираните студенти треба да пополнат формулар во кој ќе ја објаснат идејата за апликацијата, и вештините кои ги поседуваат. Учеството на дипломирани студенти и магистри по информатички науки е дозволено.

Тимовите ќе имаат можност да работат под менторство на членовите на ХакЛаб КИКА и да се здобијат со знаења во областа на програмирањето.

Студентите кои ќе ја изработат најдобрата апликација ќе добијат награда и ќе имаат можност да ја презентираат на настанот „Енгејџ“, конференција за социјален активизам која ќе се одржи оваа година.

Пријавувањето трае до 1 март 2015.
Апликациите треба да се испратат на маил адресата: policy@mof.org.mk (Формулар за пополнување)

Корисни линкови:

1. http://educationhackday.org/
2. http://www.edtechmagazine.com/higher/article/2012/08/10-colleges-awesome-android-apps
3. http://bribespot.com/en/
5. http://www.uav.ro/jour/index.php/app/article/view/415
6. http://www.joachim-scholz.com/academipad/2012/09/20/best-ipad-apps-university-students/
Настанот е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Повик за учество на денови на вмрежување во општина Центар

Рокот за пријавување на учесници е продолжен!

Пријавете го вашето учество заклучно со 27ми февруари 2015 година.

Новите дати за одржување на „Денови на младинско вмрежување во општина Центар“ се 4 и 5 март 2015.

Младински образовен форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог, заедно со Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет ве повикуваат да земете учество на денови на младинско вмрежување во општина Центар. Деновите на младинско вмрежување се дел од проектот „Развој на локални младински политки и локално младинско учество во 12 општини“, поддржан од Европската Унија, а кој има за цел вмрежување на младинските организации во општина 12 општини меѓу кои и општина Центар, а води кон нивна поголема соработка и поставување на основите за основање на локалните младински совети во овие општнини.

Настанот ќе иницира процес на креирање младински совет, како највисоко претставничко тело на младите во нивните општнини и нивна платформа за носење одлуки и граѓански активизам. Деновите на вмрежување се резултат на процесот започнат од група на млади и младински активисти кои во минатите месеци иницираа, организираа настани и кампањи за потребата од младинско организирање, дел од овој проект.

Главната цел на настанот е охрабрување и вмрежување на невладините младински организации на локално ниво за развој на инклузивна и претставничка структура/платформа на младински организации и младински структури.

Агендата на деновите за вмрежување ќе вклучува сесии за дефинирање на структурата, мисијата, визијата и документите потребни за основање на младинските совети.

Деновите на вмрежување во општина Центар ќе се случуваат 23-24 февруари 2015 година.

Можност за учество на настанот имаат младински организации, неформални младински групи, средношколски и студентски претставници, претставници на политички подмладоци и други. Секоја организација може да номинира по еден претставник за учество на овој настан, а пријавувањето е со номинација на претставник на следнава адреса policy@mof.org.mk.

Номинациите треба да пристигнат најдоцна до 20ти февруари 2015 година.

Ги охрабруваме сите заинтересирани да се пријават што е можно поскоро пред истекувањето на рокот, за да се олесни процесот на сортирање на апликации и избор на учесници.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

Стипендии за меѓународна академска мобилност за докторанти и академски кадар

Civil Society Scholar Awards (CSSA) стипендираат меѓународна академска мобилност со цел да им овозможат на докторантите и универзитетските кадри пристап до ресурси кои потпомагаат социјално ангажирани и критички истражувања.

Стипендиите се отворени за следниве академски профили:

  • Докторанти од прифатените области, кои студираат на акредитирани универзитети во или надвор од нивната матична земја;
  • Академски кадар со полно работно време, кои предаваат на универзитети во нивната матична земја;

Стипендијата поддржува краткотрајни, меѓународни академски проекти, како: теренска работа (собирање податоци); истражувачки посети на библиотеки, архиви или универзитети; развој на предмет/програма; меѓународни истражувачки соработки кои водат до рецензирани публикации.

  • Времетраење на проектот: од 2 до 10 месеци
  • Датум на реализација на проектот: 1 август 2015 – 31 август 2016 година
  • Дозволен максимум на барање за стипендија: Докторанти: 10000 дол; факултетски персонал: 15000 дол.
  • Краен рок за аплицирање: 02.03.2015

За повеќе информации околу критериумите за аплицирање прочитајте ги деталните насоки и често поставувани прашања, достапни во следните документи

Конкурс за стипендиите (македонски)

OSF CSSA – announcement 2015-2016

OSF CSSA – Guidelines – 2015-16

Често поставувани прашања

и на: www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards-20141212

Контакт за дополнителни прашања:

Младински образовен форум – МОФ
Ул. Дренак 34 А, Кисела Вода
1000 Скопје, Македонија
Тел: +398 2 3139 692
Лице за контакт: Бојана Низамовска
email: aec@mof.org.mk

Повик за експерти за образование со фокус на историја – Ана Франк Хаус

Ана Франк Хаус – Холандија распишува повик за експерти за образование со фокус на историја од земјите во поранешна Југославија да аплицираат за експертска група која ќе учествува во проектот „Historija, Istorija, Povijest – Лекции за денес“ поддржан од ЕУ.

„Historija, Istorija, Povijest – Лекции за денес“ цели да ги сподели успешните образовни методи на Ана Франк Хаус – Холандија, со цел да креира материјали за предавање и едукација кои ќе вклучат поширока популација и ќе ја поместат парадигмата за размислување и комуникација за последните 60 години од историјата во земјите од Западен Балкан, и ќе придонесат за помирување во регионот и негување на демократски вредности.

Проектот цели да:

  • Подигне свест и охрабри дискусија за поновата историја на национализам, исклучување, предрасуди, дискриминиација во регионот и да промовира дебата и дијалог за поновото минато;
  • Промоција на критичко мислење за историски настани и нивната важност за современите предизвици и критичко разбирање на екстремен национален дискурс од минатото и сегашноста;
  • Инспирирање на иновативен, интер-дисциплинарен, плуралистички образовен методолошки пристап со фокус на граѓанско образование, преку комбинација на елементи на формално и неформално образование, вклучување на иновативни методологии и користење на дигитални медиуми;

Формални и неформални професионалци во образованието со фокус на историја се поканети да се пријават на овој повик со испраќање на свое CV (максимум 1 станица) и примерок на наставен план за стандардно 45 минутно предавање кое се однесува на Југославија по 1945, и/или нејзиното распаѓање. Апликантите треба да се погрижат да ги наведат и материјалите потребни за предавањето, различните активности во предавањето, итн.

Апликациите треба да се испратат на Ивана Габалова (i.gabalova@annefrank.nl), не подоцна од 11 јануари 2014 до 17:00 часот. Задоцнети апликации нема да бидат земени предвид. Апликациите ќе бидат предмет на експертско разгледување, преку кое ќе се одбере експертскиот тим. Избраните членови на тимот  ќе учествуваат на работилница во Амстердам (~март 2015) и работилница во Сараево (~јуни 2015).

Апликациите треба да бидат на англиски јазик. Повеќе информации може да најдете на повикот во прилог.

Проектот „Historija, Istorija, Povijest – Лекции за денес“е поддржан од ЕУ а реализиран од Ана Франк Хаус (Холандија) во партнерство со Младински образовен форум (Македонија); ХЕРМЕС (Хрватска); Humanity in Action (Босна и Херцеговина) и OK (Србија).

100 нови волонтерски позиции во локалниот волонтерски сервис

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) продолжува со имплементација на шестиот циклус проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 6 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД – Кавадарци, Младински совет – Струмица, Агтис – Прилеп, Институт за развој на заедницата – Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе.

Објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 100 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) во околу 20 општини во Република Македонија. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти.

За 50 волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.300 денари месечно од донаторски средства. За дополнителните 50 волонтери очекуваме волонтерските трошоци да бидат покриени од средства кои ќе бидат обезбедени од локални извори на финансирање, од самите локални самоуправи. Во овој циклус вкупно ќе бидат сместени 100 волонтери на тримесечно волонтирање во општините. 

Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2015 година.

Побарајте пријава за волонтери на следните е-маил адреси:

За Битола и околните општини – Младински културен центар – Битола: mkcbt@t-home.mk
За Скопје и околните општини – Младински образовен форум: policy@mof.org.mk
За Прилеп и околните општини – АГТИС: agtis@t-home.mk
За Тетово и околните општини – Институт за развој на заедницата: info@irz.org.mk
За Струмица и околните општини – Младински совет Струмица:mladinskisovetstrumica@gmail.com
За Кавадарци и околните општини – СППМД: contact@sppmd.org.mk
За Свети Николе и околните општини – Организација на жени:womsvetinikole@yahoo.com

Рокот за пријавување е до 20 декември 2014 година.
Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)

Повик за боење на 400м2 јавен струшки ѕид на тема: „На градот му треба“

Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Општина Струга во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, распишува повик за учесници на настанот: „На градот му треба“

Настанот ќе се реализира на 18-ти октомври 2014 во Струга во соработка со МОФ центарот и има за цел да креира улична галерија во должина од 160 метри на ѕидот од спортското игралиште „Караорман“ во Струга. На повикот може да учествуваат сите заинтересирани млади уметници, графити артисти, визуелни ументици, креативци и активисти од цела Македонија со испраќање на предлог концепт на тема „На градот му треба“. На повикот може да учествуваат поединци или група на уметници со неограничен број на концепти кои покажуваат што според нив му е потребно на еден град како Струга.

Најдобрите 20 уметници или група на уметници ќе имаат можност да ги реализираат своите концепти за што ќе им биде обезбеден материјал за изведба на делото, како и обезбеден превоз и освежување до Струга.

Димензии на целиот ѕид:

  • 160 метри должина
  • 2,6 метри висина

Максимална дозволена должина на едно ументичко дело е 10 метри.

Пополнете ја апликацијата за учество и пријавете ги вашите идеи и концепти на petar_antevski@mof.org.mk. Краен рок за пријавување е 10-ти октомври 2014. Најдобрите дела ќе бидат избрани од организацискиот тим кој ќе ги разгледува врз основа на креативност, лесно разбирлива идеја и добра интерпретација на темата.
Избраните уметници ќе бидат исконтактирани од организаторот најкасно до 12-ти октомври 2014.

*Доколку користите текстуална порака во вашето дело потребно е да биде испишана на албански и македонски јазики или пак само на англиски.

Повеќе информации на 02/3139692 лок 103, Младински образовен форум.


Thirrje për ngjyrosjen e 400m2, murrit strugan publik me temë: “QYTETIT I DUHET”

Forumi Edukativ Rinor në bashkpunim me Komunën e Strugës, në korniza të Projektit të USAID-it për Shoqëri Civile, bën thirrje për pjesmarrës në këtë eveniment: „Qytetit i duhet“

Evenimenti do të realizohet më 18 tetor 2014, në Strugë, në bashkpunim me qendrën FER dhe ka për qëllim të krijojë galeri në rrugë me gjatësi 160 metra, në murrin e fushës sportive “Karaorman” në Strugë. Në këtë thirrje munden të aplikojnë të gjithë artistët e rinj të interesuar, artistë mbishkrimesh (grafite), artistë vizuel, kreativ dhe atë artistë nga e gjithë Maqedonia, duke dërguar propozim koncepti me temën “Qytetit i duhet”. Në thirrje mund të aplikojnë individë ose grupe artistësh me numër të pakufizuar konceptesh, të cilat sipas tyre tregojnë çka i duhet një qyteti si Struga.

20 artistët apo grupet e artistëve më të mirë do të kenë mundësi ti realizojnë konceptet e tyre, për të cilat do tju sigurohen materiale për punimin artistik, si dhe transport i paguar për Strugë dhe pije.

Dimenzionet e murrit:

  • 160m gjatësi
  • 2,6m lartësi

Gjërësia maksimale e një punimi artistik: 10m

Plotësojeni aplikacionin për pjesmarrje dhe paraqisni idejat dhe konceptet e juaja në petar_antevski@mof.org.mk. Afati i fundit për aplikim është 10 tetor 2014. Punimet më të mira do të zgjidhen nga ekipi organizator, i cili do ti shqyrtojë të gjitha aplikimet sipas kreativitetit, idesë lehtë për tu kuptuar dhe interpretimin më të mire mbi temën.

Artistët e përzgjedhur do të kontaktohen nga organizatori më së voni deri 12 tetor 2014.

*Nëse përdordi mesazh tekstual në punimin tuaj është e nevojshme të jetë e shkruar në gjuhën shqipe dhe maqedone ose vetëm në gjuhën angleze.

Për më shumë informata kontaktoni në nr. 02/3139692 lokal 103, Forumi Edukativ Rinor

Повик за учество во истражување „Родовата сензитивност кај младите НВО активисти“

Како дел од активностите на академијата за млади истражувачи спроведена од Friedrich Ebert Stiftung (FES), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) и Институт за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ), претставник од Младински образовен форум, спроведува истражување на тема: „Родовата сензитивност кај младите НВО активисти во Р. Македонија“.

Доколку сте на возраст од 15-29 години и работите или сте активни членови во некоја невладина организација во Република Македонија, спаѓате во групата која е целна на ова истражување.

Во анкетниот прашалник, се бара личен став од испитаниците, без разлика на моменталната општествена ситуација. Сите одговори се релевантни и нема грешни одгвори. Прашалникот нема да ви одземе повеќе 5 минути, а учеството е доброволно и анонимно. Добиените податоци ќе бидат користени само за целите на истражувањето.

Прашалникот можете да го најдете на следниот линк.

Повик за учесници во циклус “Обуки за младински активизам” во Неготино

Школата за активно граѓанство ќе се организира за млади и претставници на граѓански организации или неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи. Школата е составена од два дела, кои ќе ги спроведуваат Младинскиот образовен форум (МОФ) и Форум-Центарот за стратегиско истражување и документација.

Во рамки на Школата за активно граѓанство, МОФ објавува повик за учесници во циклус од четири обуки за младински активизам на следниве теми:

  • Слобода на здружување;
  • Младински политики;
  • Граѓански иницијативи;
  • Аргументирано изразување.

Обуките се еднодневни и ќе се реализираат во Неготино во викендите 27-28ми септември и 4-5 октомври 2014 година.
Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се на возраст од 16 до 25 години;
  • Да учествуваат во сите четири обуки;
  • Да покажуваат интерес за вклучување во идни граѓански иницијативи;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за клучните младински проблеми на локално и национално ниво.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 21ви септември 2014 година, преку испраќање CV и пополнета пријава на obuki@mof.org.mk. Пријавата за учество може да се преземе од www.mof.org.mk.
Бројот на учесници е ограничен. Предност ќе им биде дадена на кандидатите кои не се на раководни функции во невладини организации. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.

Документи за преземање:

Апликација за учесници
Опис на теми

Повеќе информации:
info@mof.org.mk
02/3139 692

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Повик за обука и кампања “Промовирање на младински активизам”

Националниот младински совет на Република Македонија објавува повик за дводневна обука и кампања за младинско застапување на темата “Промовирање на младински активизам.” Тренингот се оддржува во рамките на проектот “Младинско граѓанско образование” во којшто 4000 активисти од цела Македонија ќе работат на непосредно решавање на проблемите со коишто тие се соочуваат во секојдневието.

Учесниците ќе имаат прилика да учествуваат на дводневна обука за младинско застапување и водење на кампањи спроведена од страна на предавачите на Националниот младински совет.

Обуките ќе се реализираат во просториите на Младинскиот образовен форум и Ромаверзитас  во наведените термини:

  • 20 – 21 септември (сабота и недела)
  • 27 – 28 септември (сабота и недела)

За учество на обуките кандидатите треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се на возраст од 16 до 25 години;
  • Да имаат основно искуство во областа на младинскиот активизам;
  • Да покажуваат интерес за вклучување во идни граѓански иницијативи;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за клучните младински проблеми на локално и национално ниво.

Обуката ја држат: Maртин Алексоски (Младински образовен форум), Јане Плавевски (Сојуз на извидници на Македонија), Петар Димитров (Младински образовен форум) и Емир Слезовиќ (Волонтески центар Скопје).

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 17 ти септември со наведување на име, презиме, возраст, дата на обуката и искуство од областа на младинскиот активизам на martin_aleksoski@mof.org.mk и jane@scout.org.mk.

Бројот на учесници е ограничен. Предност ќе им биде дадена на кандидатите кои не се на раководни функции во невладини организации. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на обучувачи од тимот на тренери на Националниот младински совет на Република Македонија. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.