Movies That Matter по втор пат

 „Movies that matter“ – филмски фестивал за документарен филм

Од 4-ти до 16-ти декември, Младински образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, го организираат по втор пат филмски фестивал за документарен филм „Movies that matter“, чија цел е одбележување на Меѓународниот ден на човековите права, 10-ти декември.  Фестивалот ќе биде организиран во пет градови: Велес, Тетово, Скопје, Куманово и Битола, а по филмската проекција ќе следува дискусија со експерт на темата од филмот.

“Movies that matter” ја користи моќта на филмот за поддршка на човековите права и социјалната правда. Филмскиот фестивал служи како уникатна платформа за дијалог за јавноста, експертите, уметниците, креаторите на политики, новинарите и граѓанското општество.

Филмовите се со превод на англиски јазик. Влезот на сите настани е бесплатен.

Повеќе за содржината на филмовите можете да најдете тука

 

ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ MOVIES THAT MATTER:

Велес / 4-ти декември, вторник / 19:00 часот / Локалната библиотека „Гоце Делчев“ (Медиотека)
Филм: Joshua: Teenager vs. Superpower, 78 минути, режија: Joe Piscatella, земја: САД

Тетово / 5-ти декември, среда / 19:00 часот  / Центар за балканска соработка – Љоја
Филм: Algo Mio, Argentina’s Stolen Children, 93 минути, режија: Jenny Hellmann, Regina Mennig, земја: Германија

Скопје / 10-ти декември, понеделник / 18:00 часот / Кафе и филм – Котур
18:00 ч Truth Detectives, 52 минути, режија: Anja Reiss, земја: Германија
19:00 ч Joshua: Teenager vs. Superpower, 78 минути, режија: Joe Piscatella, земја: САД
20:30 ч Дискусија
21:30 ч Algo Mio, Argentina’s Stolen Children, 93 минути, режија: Jenny Hellmann, Regina Mennig, земја: Германија

Куманово / 13-ти декември, четврток / 19:00 часот / Младински центар MultiКулти
Филм: Joshua: Teenager vs. Superpower, 78 минути, режија: Joe Piscatella, земја: САД

Битола / 16-ти декември, недела / 19:00 часот / НУ Центар за култура Битола – Мала сала
Филм: Algo Mio, Argentina’s Stolen Children (93 минути), режија: Jenny Hellmann, Regina Mennig, земја: Германија

Погледнете ги трејлерите на филмовите подоле:

Joshua: Teenager vs. Superpower

Algo mío – Argentina’s Stolen Children

Algo mío – Argentina's Stolen Children | Trailer from 7 de Mayo Production on Vimeo.

Truth Detectives

TRUTH DETECTIVES TEASER/INTRO from Anja on Vimeo.

„Немам каде да се вратам“ во Велес

На 16-ти ноември, со почеток во 19:00 часот, во велешкиот театар „Ј.Х.К. Џинот“ беше изиграна претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат при Младинскиот образовен форум.

Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци. Да се талка значи и да се трага, да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде.

Она што ликовите од оваа претстава го наоѓаат е нивниот сопствен однос кон она од кое што бегаат. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји.

Текстот на претставата е на Милош Андоновски, а режијата на Дени Стојанов.

Улогите ги толкуваа:

Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тамара Ангелова, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска.

Оваа изведба на претставата беше поддржана од проектот „Бегалец сега- Човек секогаш“ на УНХЦР, заедно со организациите Центар за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој – Центар РЕД. Претставата е направена од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Премиера на претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат

На 28-ми јуни, во 20:00 часот, во Кино Фросина, Младински културен центар се одржа премиера на претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат при Младински образовен форум. Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци. Да се талка значи и да се трага, да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде. Она што ликовите од оваа претстава го наоѓаат е нивниот сопствен однос кон она од кое што бегаат. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји. Текст на претставата е на Милош Андоновски, а режијата на Дени Стојанов. Улогите ги толкуваат: Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ива Цветановска, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска. Овој проект е имплементиран од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Организирани брифинзи од страна на експерти за бегалската криза

На 12-ти март 2018 во канцеларијата на Младински образовен форум, во склоп на проектот „Приказните на бегалците преку култура и медиуми“, воспоставен од Германското федерално министерство за економска соработка и развој, а управуван од Германското друштво за интернационална соработка, беа организирани брифинзи од страна на експерти од Македонското здружение на млади правници, Легис и Црвен крст. Претставниците на Македонското здружение на млади правници говореа за: правната рамка за барање на азил во Македонија, случаите на прекршување на човековите права и разликата меѓу термините „азилант“, „мигрант“ и „бегалец“. Сандра Томовска од мобилната единица Липково на Црвениот крст говореше за пристапот и начинот на работа со мигрантите и бегалците кои престојуваат и транзитираат во нашите општини, како и за работата на мобилните единици на Црвениот крст. За крај, Мерсиха Смаиловиќ од Легис говореше за историјатот на бегалската криза во Македонија, почетоци и причини за кризата, најголемиот бегалски бран, актуелната состојба во Македонија и за работата на Легис како помош за мигрантите и бегалците. На обуките присуствуваше тимот на новинари, глумци и водители, како и тимот кој го спроведува проектот.

Радио МОФ прослави 7 години

За седмиот роденден на Радио МОФ, тимот подготви богата програма составена од тричасовно отворено студио со сегашни и поранешни водители и луѓе кои биле дел од радиото, дебатна емисија „На Час“ на тема „Сексуалното образование во училиштата – желба или реалност?“, како и забава во Јавна соба на која се одржа концерт, диџеј сет, караоке забава и мала изложба со најуспешните производи објавени на Радио МОФ.

На отворената програма, новинарите на Радио МОФ беа водители, а водителите гости. Програмата траеше три часа и беше од забавен карактер, а публиката можеше да ја следи и на Фејсбук преку лајв стрим.

Во емисијата „На час – Кренете два прста за подобро образование“, се зборуваше за сеопфатното сексуално образование, кое повторно го нема во Стратегијата за образование 2018-2025 година. Гостуваа Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Јована Ананиевска и Лина Даневска од ХЕРА и Владимир Делов од МОН.

Учениците од основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари натапија во Јавна соба со својата уникатна музика. На роденденот на Радио МОФ, тие покажаа како звучи рокот со примеси на ромската музика. Ова беше втор нивен настап во живо.

После настапот на Roma Rock School, забавата продолжи со диџеј сетот на DD’s Sensation, како и незаборавната караоке соба која привлече огромно внимание.

Во Јавна соба можеа и да се видат и најчитаните стории на Радио МОФ во изминатите седум години, како и некои од документарните репортажи изработени од новинарскиот тим и музичките видеа направени во студиото на радиото.

Се отвори изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Штип

Младински образовен форум во соработка со Општина Штип, на 20.02.2018 во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“, ја постави изложбата „Ана Франк – Историја за денес“.

Изложбата во овој град беше поставена до 06.03.2018 година, а за истата беа доста заинтересирани граѓан(к)ите на Штип.

Учениците кои учествуваа во работилницата за водичи, беа од приватното средно училиште „САБА“, додека работилницата ја одрживме во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“.

На самото отворење на изложбата со поздравни говори се обратија Весна Трајковиќ од Младински образовен форум, Кирил Панајотов од ОМЦ „Киро Глигоров и Биљана Казанџиска од Општина Штип.

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ е составена од 39 панели, преку кои се покажуваа животот на младата Ана Франк, како и за Втората светска војна, имено Холокаустот. До сега изложбата патувала во 15 различни градови во Македонија, додека водичи на посетителите беа млади луѓе, обучени средношколци.

Целта на проектот е да поттикне дискусија и да го покрене вниманието за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, Министерството за надворешни работи, Министерство за образование и наука, Амбасадата на Кралството Холандија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

Во гостивар отворена Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“

Вчера вечер во Центарот за култура во Гостивар, беше патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес” во организација на Младинскиот образовен форум. На свеченото отворање на изложбата присуствуваа средношколци од Гостивар, кои се информираа за пораките на новинарката и писателката Ана Франк како симбол за отпорот и мирот. Read More

Филмски фестивал „Movies that matter“ (Скопје, Битола, Тетово, Велес)

Од 11-16 декември, Младинскиот образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, го организира фестивалот Movies that Matter (Филмови кои значат). Во период од пет дена, во четири градови во Македонија ќе се одржат филмски проекции на документарни филмови и дискусии за темите од човекови права кои филмовите ги разработуваат. Read More

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ ќе биде отворена во Охрид

Во организација на Младинскиот образовен форум, во петок, 24-ти ноември, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид во 19 часот, ќе биде отворена патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “,

Влезот е бесплатен. Read More

Изложба на фотографии во Велес – „Разубави, не вандализирај“

Младите креативни средношколци од Велес и годинава подготвија изложба со фотографии од стенсили кои се плод на стекнати знаења за време на двомесечната обука од модулот „Улична уметност“.
Организаторите се задоволни од посетеноста на изложбата на која беа презентирани нивните креативни дела како и од покажаниот интерес за активно вклучување на младите велешани во работилницата за практикување на стенсилите, како една од алатките за креативно изразување. Read More