Радио МОФ прослави 7 години

За седмиот роденден на Радио МОФ, тимот подготви богата програма составена од тричасовно отворено студио со сегашни и поранешни водители и луѓе кои биле дел од радиото, дебатна емисија „На Час“ на тема „Сексуалното образование во училиштата – желба или реалност?“, како и забава во Јавна соба на која се одржа концерт, диџеј сет, караоке забава и мала изложба со најуспешните производи објавени на Радио МОФ.

На отворената програма, новинарите на Радио МОФ беа водители, а водителите гости. Програмата траеше три часа и беше од забавен карактер, а публиката можеше да ја следи и на Фејсбук преку лајв стрим.

Во емисијата „На час – Кренете два прста за подобро образование“, се зборуваше за сеопфатното сексуално образование, кое повторно го нема во Стратегијата за образование 2018-2025 година. Гостуваа Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Јована Ананиевска и Лина Даневска од ХЕРА и Владимир Делов од МОН.

Учениците од основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари натапија во Јавна соба со својата уникатна музика. На роденденот на Радио МОФ, тие покажаа како звучи рокот со примеси на ромската музика. Ова беше втор нивен настап во живо.

После настапот на Roma Rock School, забавата продолжи со диџеј сетот на DD’s Sensation, како и незаборавната караоке соба која привлече огромно внимание.

Во Јавна соба можеа и да се видат и најчитаните стории на Радио МОФ во изминатите седум години, како и некои од документарните репортажи изработени од новинарскиот тим и музичките видеа направени во студиото на радиото.

Се отвори изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Штип

Младински образовен форум во соработка со Општина Штип, на 20.02.2018 во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“, ја постави изложбата „Ана Франк – Историја за денес“.

Изложбата во овој град беше поставена до 06.03.2018 година, а за истата беа доста заинтересирани граѓан(к)ите на Штип.

Учениците кои учествуваа во работилницата за водичи, беа од приватното средно училиште „САБА“, додека работилницата ја одрживме во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“.

На самото отворење на изложбата со поздравни говори се обратија Весна Трајковиќ од Младински образовен форум, Кирил Панајотов од ОМЦ „Киро Глигоров и Биљана Казанџиска од Општина Штип.

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ е составена од 39 панели, преку кои се покажуваа животот на младата Ана Франк, како и за Втората светска војна, имено Холокаустот. До сега изложбата патувала во 15 различни градови во Македонија, додека водичи на посетителите беа млади луѓе, обучени средношколци.

Целта на проектот е да поттикне дискусија и да го покрене вниманието за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, Министерството за надворешни работи, Министерство за образование и наука, Амбасадата на Кралството Холандија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

Во гостивар отворена Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“

Вчера вечер во Центарот за култура во Гостивар, беше патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес” во организација на Младинскиот образовен форум. На свеченото отворање на изложбата присуствуваа средношколци од Гостивар, кои се информираа за пораките на новинарката и писателката Ана Франк како симбол за отпорот и мирот. Read More

Филмски фестивал „Movies that matter“ (Скопје, Битола, Тетово, Велес)

Од 11-16 декември, Младинскиот образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, го организира фестивалот Movies that Matter (Филмови кои значат). Во период од пет дена, во четири градови во Македонија ќе се одржат филмски проекции на документарни филмови и дискусии за темите од човекови права кои филмовите ги разработуваат. Read More

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ ќе биде отворена во Охрид

Во организација на Младинскиот образовен форум, во петок, 24-ти ноември, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид во 19 часот, ќе биде отворена патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “,

Влезот е бесплатен. Read More

Изложба на фотографии во Велес – „Разубави, не вандализирај“

Младите креативни средношколци од Велес и годинава подготвија изложба со фотографии од стенсили кои се плод на стекнати знаења за време на двомесечната обука од модулот „Улична уметност“.
Организаторите се задоволни од посетеноста на изложбата на која беа презентирани нивните креативни дела како и од покажаниот интерес за активно вклучување на младите велешани во работилницата за практикување на стенсилите, како една од алатките за креативно изразување. Read More

Проекција на видео перформанси „Пречки во програмата“

Медиа/Арт клубот – Скопје на Младински образовен форум организира проекција на видеата од работилницата за перформанс наречени „Пречки во програмата“. На проекцијата ќе бидат прикажани делата на младите креатори кои беа сработени во изминатите три месеци на работилницата организирана од Медиа/Арт клубот – Скопје. На работилницата присуствуваа млади луѓе на возраст помеѓу 16 и 23 години. Работилницата беше водена од Дени Стојанов, дипломиран актер. Read More

Изложба на фанзини „Напиши го тоа што сакаш да го прочиташ“

Медиа/Арт клубот – Скопје на Младински образовен форум организира изложба на фанзини наречена „Напиши го тоа што сакаш да го прочиташ“. На изложбата ќе бидат прикажани делата на младите креатори кои беа сработени на работилницата за фанзини. На работилницата присуствуваа млади луѓе на возраст помеѓу 16 и 25 години. Read More

„Што му недостига на мојот град?“ – Локален јавен настан во Тетово

Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово го реализираше настанот „Што му недостига на мојот град“. Настанот започна со работилница за историското минато на Тетово, а продолжи со поставување на интерактивна мапа на градот, каде што младите и граѓаните може да ги искажуваат проблемите и идеите. Таблата беше поставена 7 дена на платото пред Центарот за култура „Иљо Антевски – Смок“ во Тетово. Read More

Енгејџ – конференција за друштвен активизам

Во Кино Култура денеска од 12 часот започнува шестото издание на ЕNGAGE – конференцијата за друштвен активизам, во организација на Младински образовен форум и Радио МОФ.

Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн така и во физичкиот простор. Read More