Инфо-сесија, Повик за доделување грантови

Младински образовен форум Ве поканува на инфо-сесија на 21ви ноември 2018 (среда) во 11:00 часот во ЕУ Инфо центар во Скопје за првиот Повик за доделување на грантови на граѓански организации кои дејствуваат како промотори на слободата на изразување во локалните заедници. Повикот за грантови е отворен во склоп на Проектот за младинско изразување „Youth Expression Project“ финансиран од Европската унија и спроведуван од Младински образовен форум во соработка со Младински сојуз Крушево и Центарот за балканска соработка – Љоја.

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на: yep@mof.org.mk
Инфо-сесијата е предвидено да трае од 11:00 до 12:30 часот. Повеќе информации за инфо-сесијата и агендата можете да најдете тука
За повеќе информации за Повикот за грантови посетете го следниот линк: http://mof.mk/povikzagrantovi2018/ . Рок за поднесување на проектните апликации е 30ти ноември 2018 до 17:00 часот.

Младински камп во Охрид

Дебата, помагање на заедницата и ученичките права се трите теми за коишто околу 60 средношколци имаа можност да слушаат предавања за време на младински камп организиран од  Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. На кампот кој се одржа од 20 до 22 октомври 2018 година во Охрид учествуваа ученици од шест средни училишта низ Македонија – „Јане Сандански“ од Струмица, „Преродба-Рилиндја“ од с. Житоше, „Зеф Љуш Марку“ од Скопје, „Перо Наков“ од Куманово, „Нико Нестор“ од Струга и „Кузман Шапкарев“ од Битола.

Тридневниот камп започна со теоретско предавање за правата на детето, преку кое младите научија зошто се важни нивните права и како може истите да ги остварат во рамки на училиштата. Од друга страна, учесниците на кампот научија и зошто се важни нивните одговорности и како може да придонесат за подобрување на своите заедници. Предавањето за дебата и средношколски заедници пак, им овозможи да ги зајакнат вештините за критичко размислување и заедно да изнаоѓаат решенија за предизвиците со кои се соочуваат младите.

Овие три дена поминаа многу брзо затоа што секоја активност беше интересна, почнувајќи од темите се до работилниците. Тоа што ми остави добар впечаток е инклузивноста на сите во активностите, прифаќајќи ги такви какви што се, без разликување, оставајќи простор да се изразиме себеси и нашите вештини.”, изјави Фатон, ученик од средното училиште Рилиндја.

За време на кампот, учениците учествуваа и во низа креативни и интерактивни работилници. Младите заедно разубавуваа маици со креативни пораки за мир и еднаквост и дебатираа на теми кои самите ги одбраа – спорт, еднаквост, феминизам, реформирање на образовниот систем, меѓуврсничко насилство, ментално здравје, средношколски права, интеграција и јазик и бездомни животни.

На овој камп, освен активностите и презентациите, имавме прилика да се запознаеме и да се дружиме со нови луѓе од други градови и националности.”, изјави Џина, ученик од средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

И наставниците следеа интерактивни предавања преку кои се стекнаа со знаење и вештини за поддржување на идеите на учениците, менторирање на средношколските заедници и организирање на дебати во рамки на часовите. Тие учествуваа и на тркалезна маса на тема: „Образованието како фактор за креирање на информирани и активни млади” на којашто заедно со претставници од Бирото за развој на образование дискутираа како може да се подобри образованиот систем за да создава генерации на активни ученици кои имаат интерес да ги подобруваат своите заедници.

Кампот заврши со панел дискусија на тема: „Младинско учество и организирање на млади“ на којашто воведни обраќања имаа Блажен Малевски, претседател на Националниот младински совет на Македонија, Вероника Станоевска, претседател на средношколската заедница на СМУГС „Панче Караѓозов“ и Флорим Реџепи, претставник на Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово. За време на панел дискусијата учениците имаа прилика да дискутираат со панелистите и да се информираат за можностите за младинско учество во Македонија.

Младинските кампови кои ги организира Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Младински образовен форум, имаат цел да им овозможат меѓусебен контакт и позитивна интеракција на учениците кои учат на различни јазици, со што се создава простор за градење на нови пријателства меѓу младите од различни етнички заедници.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

*Веста е преземена од веб страната на Македонски центар за граѓанско образование

Позитивни примери за соработка на младите

Ученици промовираа позитивни примери за меѓуетничка соработка на младите

Ученици промовираа позитивни примери за меѓуетничка соработка на младитеДенес, 17 октомври 2018 година, во 11:00 часот, во Младински културен центар, Скопје, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието организираше јавен настан за промовирање на примери и добри практики за заеднички ученички активности кои се спроведуваат во училиштата низ Македонија во рамки на проектот. Целта на ваквите активности во кои учествуваат млади од различни етнички заедници е да се подобри меѓуетничката соработка и интеграција меѓу нив, како и да се зајакнат нивните граѓански и демократски вредности.

Покрај ученици и наставници, на настанот присуствуваа и претставници од образовните институции, меѓународни организации, невладини организации и други.

Во првата година од имплементација на проектот, беа спроведени повеќе од 400 заеднички ученички активности, младински иницијативи, креативни работилници и јавни дискусии во кои учествуваа повеќе од 2300 ученици од различни етнички заедници.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања. Овој проект се темели на достигнувањата на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој во период од пет години остваруваше тесна соработка со Владата на Македонија и сите основни и средни училишта при што изгради 400 партнерства меѓу училиштата од целата земја, организираше меѓукултурни активности во коишто учествуваа илјадници ученици и реновираше 63 училишта. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието исто така работи во партнерство со сите општини, основни и средни училишта во Македонија со цел на младите луѓе од различно потекло да им овозможи да научат за граѓанските права и одговорности преку реализирање на едноставни иницијативи за подобрување на нивните училишта и заедници. Училиштата коишто покажуваат особена посветеност и активно учество во зајакнувањето на меѓуетничката интеграција и граѓанските вредности ќе бидат наградени со дополнителна поддршка за реновирање на училиштата од Европската команда на САД.

Младите дискутираа за референдумот

Вчера, 26.09.2018 во Јавна соба се одржа настанот „Мисли на глас“ во организација на Младински образовен форум, како дел од инцијативата на граѓански организации „Зачекори напред! Изборот е твој“.

Тројца говорници од Македонија и Европа ги споделија своите знаења и искуства низ едукативни говори, по што следеше дебата на тезата: Успешен референдум (не) е единствен пат за европска Македонија.

Лура Положани, зборуваше дали има место за младите во политиката и кажа дека работите се менуваат, и важно е новите генерации да преземат чекори и да ја креираат насоката.

Денис Прешова кој зборуваше за поимот референдум кажа: „На референдум не се одлучува на кого ќе му го дадете мандатот и правото да ги носи одлуките во одреден временски период. Се одлучува за конкретно прашање кое ви е предочено на кое треба да дадете одговор за или против“.

„Младите мора да се осигураат дека ќе најдат начин да започнат меѓугенерациска дебата, но и дека ќе поттикнат раст“ кажа Мете Кобан од  My Life My Say, Велика Британија.

По конференцијата, присутните можеа да проследат дебата на тезата: Успешен референдум (не) е единствен пат за европска Македонија.

Ставовите ги спротивставија Катерина Колозова и Горан Михајловски, наспроти Марко Трошановски и Јана Лозаноска.

Катерина Колозова ја започна дебатата со аргументацијата: Ако ја разбереме Европа и европскиот пат на Македонија како влог кон одредени вредности, овој договор е влог што се исплати на тој пат кон вредности и семејство на нации.

Марко Трошановски аргументираше: Добар историски момент или неповторлив момент не постои. Многу луѓе сметаат дека може да се постигне подобар договор.

Горан Михајловски даде коментар: Цел мој работен век чекам промена. Секогаш може да има подобар договор, но веќе не ми се чека.

Јана Лозаноска рече: Тажно е што уште има толку стереотипи и етикети во Македонија. Или си за или бојкотираш, нема средина, и тоа е катастрофално.

Целосното видео од дебатата е достапно на: 

<Видеото од трите говори на конференцијата е достапно на:

Преку овој настан МОФ сака да овозможи подобар пристап до информации поврзани со придобивките и предизвиците за пристапување во Европската Унија, како и продуктивна и инфoрмативна дикусија низ култура на дијалог. Настанот „Мисли на глас“ е организиран во склоп на граѓан ската иницијатива „Зачекори напред! Изборот е твој“ спроведена од 10 граѓански организации со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Конференција и дебата „Мисли на глас“

Младинскиот образовен форум МОФ ја најавува конференцијата и дебата „Мисли на глас“, што ќе се одржи денес на (26 септември) во 18:00 часот, во Јавна соба.

Говорници на првиот дел од настанот „Мисли на глас“ се:

– Лура Положани, Stella Network, MK / Тема: Има ли место за младите во политиката?
– Денис Прешова, Правен факултет – Јустинијан I, Скопје / Тема: Референдум – Поим, функција и значењето во демократско општество
– Mете Кобан, My Voice My Say, UK / Тема: Brexit Digested – Role and Future of Young People

Вториот дел од настанот се состои од дебата на тезата: Успешен референдум (не) е единствен пат за европска Македонија. 

Дебатираат: Катерина Колозова и Горан Михајловски во афирмативниот тим
наспроти Марко Трошановски и Јана Лозаноска во негацискиот тим.

Регистрацијата за присуство се прави преку пополнување на формуларот https://goo.gl/WN6hG6 .

Настанот „Мисли на глас“ е организиран во склоп на граѓанската иницијатива „Зачекори напред! Изборот е твој“ спроведена од 10 граѓански организации со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Одбележан Меѓународниот ден на мирот

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието по втор пат успешно го одбележа Меѓународниот ден на мирот. На 21 септември, 2018 година, во Градскиот парк во Скопје се одржа јавен промотивен настан #YEIforPeaceDay, на кој учествуваа повеќе од 100 ученици и наставници од сите основни училишта од општина Бутел – ОУ „Ацо Шопов“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Лиман Каба“, ОУ „Панајот Гиновски“, ОУ „Петар Здравковски Пенко“, ОУ „Св. Климент Охридски“ и ОУ „Живко Брајковски“.

За време на настанот, учениците од различни етнички заедници заедно учествуваа во неколку креативни граѓански иницијативи. Во духот на Меѓунарониот ден на мирот, графитите во Градскиот парк со говор на омраза, првата група ученици ги замени со мировни пораки во соработка со креативни графити артисти.

Втората група на млади ги мапираше еколошките проблеми во паркот и даваше предлози за пдообрување на изгледот и можностите што паркот ги нуди. Преку заедничка дискусија, учениците составија и писмо до градоначалникот на Град Скопје во кое ги наведоа своите идеи.

Ученици од третата група пак, дискутираа на теми за меѓуетничка интеграција на младите од различни етнички заедници и составуваа пораки за мирот, кои потоа ги напишаа на повеќе од 200 балони во различни бои.

На самиот крај на настанот, учениците од трите групи заедно одржаа мировен марш. Над 200 балони беа пуштени кон небото, секој со порака за мир.

„Јас денес имав еден посебен ден, ден каков што сум немала никогаш порано. Јас создадов многу нови пријатели, многу пријателки. Сето тоа беше прекрасно.“ – изјави учесник на настанот.

На обележувањето на Меѓународниот ден на мирот присуствуваше и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски. Настанот им овозможи и на случајните минувачи да погледнат некои од  активностите чиешто спроведување во основните и средните училишта во Македонија е поддржано од страна на проектот.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

 

Filloristët nga Buteli e shënuan Ditën Ndërkombëtare të Paqes

Projekti i USAID-it për Integrimin Ndëretnik të të Rinjve në Arsim për herë të dytë me sukses e shënoi Ditën Ndërkombëtare të Paqes. Më 21 shtator, 2018, në Parkun e Qytetit në Shkup u mbajt ngjarje promovuese publike #YEIforPeaceDay, në të cilën morën pjesë mbi 100 nxënës dhe mësimdhënës prej të gjitha shkollave fillore nga komuna e Butelit – SHF “Aco Shopov”, SHF “Goce Dellçev”, SHF “Liman Kaba”, SHF “Panajot Ginovski”, SHF “Petar Zdravkovski Penko”, SHF “Shën Klimenti i Ohrit” dhe SHF “Zhivko Brajkovski”.

Gjatë ngjarjes, nxënësit e bashkësive të ndryshme etnike së bashku kanë marrë pjesë në disa nisma kreative të qytetarëve. Në frymën e Ditës Ndërkombëtare të Paqes, grafitet në Parkun e Qytetit me gjuhë të urrejtjes, grupi i parë i nxënësve i zëvendësoi me mesazhe për paqe në bashkëpunim me artistë kreativë të grafiteve.

Grupi i dytë i të rinjve i lokalizoi problemet kologjike në park dhe jepte propozime për përmirësimin e dukjes dhe mundësitë të cilat i ofron parku. Përmes diskutimit të përbashkët, nxënësit përpiluan edhe letër për kryetarin e Qytetit të Shkupit në të cilën i theksuan të gjitha idetë.

Nxënësit e grupit të tretë, nga ana tjetër diskutuan për tema për integrimin ndëretnik të të rinjve prej bashkësive të ndryshme etnike dhe thurën mesazhe për paqen, të cilat më pas i shënuan në më shumë se 200 tullumbace me ngjyra të ndryshme.

Në fund të ngjarjes, nxënësit e tre gupeve së bashku mbajtën marsh paqeje. Mbi 200 tullumbace u lëshuan në qiell, secila me mesazh për paqe.

“Unë sot kalova një ditë të veçantë që asnjëherë nuk e kam kaluar më parë. Krijova dhe shumë shokë të rinj, shumë shoqe. Ishte gjithçka në mënyrë të mrekullueshme.”, shtoi një pjesëmarrës.

Në shënimin e Ditës Ndërkombëtare të Paqes morën pjesë edhe kryetari i Komunës së Butelit, Velimir Smilevski.Ngjarja u mundësoi edhe kalimtarëve të rastit t’i shohin disa prej aktiviteteve zbatimi i së cilave në shkollat fillore dhe të mesme në Maqedoni mbështetet nga projekti.

Ky aktivitet është pjesë e Projektit për Integrimin Ndëretnik të të Rinjve në Arsim (INRA), i financuar nga Agjencia për Zhvillim Ndërkombëtar e Shteteve të Bashkuara të Amerikës (USAID).

 

Годишен завршен настан на скопските клубови

На 04.07.2018 (среда), во Паркот на Франкофонијата се одржа финалниот настан за членовите на програмите на Младински образовен форум. Тие имаа прилика да се натпреваруваат во шест игри кои беа распределени во шест станици. Игрите беа погоди го зборот/песна, со слушаки на уши преку објаснување со пантомима, грабни стапче, танцови кореографии – целиот тим игра кореографија од зависност која песна ќе ја одберат, брза култура – учесниците погодуваа поими од општа култура, плочка, погодување на поим преку цртање на истиот. Присутни беа и предавачи кои беа распоредени на шесте станици на кои членовите од сите програми, поделени во мешани тимови се соочија со различни игри.

Преку тимската работа, членовите на програмите, добија прилика да се апознаат и дас е дружат со членовите на другите програми. По завршувањето на делот со компетитивен карактер, се дадоа и симболични награди начленовите на победничкиот тим, и беа поделени сертификатите за успешно помината годишна програма.

Премиера на претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат

На 28-ми јуни, во 20:00 часот, во Кино Фросина, Младински културен центар се одржа премиера на претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат при Младински образовен форум. Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци. Да се талка значи и да се трага, да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде. Она што ликовите од оваа претстава го наоѓаат е нивниот сопствен однос кон она од кое што бегаат. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји. Текст на претставата е на Милош Андоновски, а режијата на Дени Стојанов. Улогите ги толкуваат: Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ива Цветановска, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска. Овој проект е имплементиран од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Национално дебатно првенство, 2018 година

Од 22 до 24 јуни 2018 Младински образовен форум  го организираше Националното дебатно првенство на кое се натпреваруваа дебатери од Скопје, Велес, Тетово, Прилеп и Куманово. Првенството се одржа во  СУГСГ “Јосип Броз Тито”. Победнички на овој турнир беа дебатерките: Христина Цветановска и Марија Филиповска.

Второто место го освоија дебатерите Ана Маркоска, Оливера Каменароска и Стефан Митиќ. За најдобра индивидуална говорничка беше избрана Ана Крстевска, втора говорничка беше Христина Цветановска, а третото говорничко место го освои Јана Петрова.

Главната теза на која средношколците дебатираа беше “Овој Дом Верува Дека пристапот до возачка дозвола и конзумирањето алкохол треба да биде определено според тест на интелегенција наспроти возраст”. Турнирот се одржа во World Schools дебатниот формат, на англиски јазик и истиот опфати 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале.

На турнириот се дебатираше и на уште една импромпту теза (тези кои не се однапред најавени):
„Овој Дом Верува Дека Државата треба да забрани уметност создадена од луѓе кои имаат направено неморални акти“.

Целта на турнирот беше да обезбеди простор за напревар за аргументирана дискусија. Во овие неколку денови младите средношколци ги предизвикаа сопствените ставови и дискутираа за одоговорноста што индивидуите ја имаат кон општеството наспроти сопствените права и слободи. Преку истражување, аргументирано изразување и тимска работа, средношколците ги продлабочија своите знаења.

Настанот е организиран од МОФ со поддршка СУГСГ Јосип Броз Тито, и во соработка со Град Скопје.

Националното дебатно првенство е организирано со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Невработеноста, дискриминацијата, пристапот до образование, младинското иселување и сексуалното вознемирување се клучните проблеми кои беа истражувани од млади истражувачи

Пет истражувачки трудови од млади истражувачи беа промовирани на 12ти јуни 2018 година во ГEM клубот. Истражувчките трудови беа менторирани од искусни истражувачи и со поддршка од Младински образовен форум (МОФ) и Фондации Отворено општество работеа на своите истражувања.  Деветнаесет млади истражувачи се обидоа да обезбедат податоци на темите кои за нив се важни – младинската невработеност, дискриминацијата во образованието, условите за лица со посебни потреби во образованието, младинската емиграција и сексуалното вознемирување. Преку истражувачка работа, овие млади го продлабочуваат знаењето кое го имаме на располагање за креирање подобри политики и разбирање на проблеми и трендовите во општеството.

Куси извадоци од клучните наоди од секое истражување:

 

Невработеноста на младите е сериозен проблем во Македонија, а североисточниот регион има највисока стапка на невработеност. Истражувањето на Симона Ковачевска „Невработеноста на младите лица во Североисточниот регион – предизвици и  проблеми“ ги прикажува  најчестите ставови на младите лица од овој регион. Тие сметаат дека главен фактор за вработување претставуваат врските и политичката определба. Токму затоа најчест начин за барање работа е преку познаници и роднини, а не преку аплицирање на огласи или преку пријавување во АВРМ. Ова може деструктивно да влијае на пазарот на труд и да предизвика демотивација кај младите лица за усовршување и градење кариера. Младите лица треба регуларно да се пријавуваат во Агенцијата за вработување со што ќе ја зголемат веројатноста за вработување, а АВРМ треба поинтензивно да се вклучи во воведување локални мерки за намалување на невработеноста во овој регион.

Жените во Република Македонија секојдневно се соочуваат со сексуалното вознемирување, инспирирани од кампањата #сегакажувам и движењето #meТoo, тројца млади истражувачи (Антонела Глигорова, Мартин Анѓелов и Лина Даневска) истражуваа за „Застапеноста на различните форми на сексуално вознемирување во Р. Македонија“. Податоците укажуваат дека дури во над 90% од случаите сексуалното вознемирување потекнува од вознемирувач кој ужива позиција на моќ над жртвата. Резултатите укажуваат на ниска стапка на пријавување на вознемирувањето, особено поради фактот што жртвите не наишле на поддршка, а исто така и тие самите биле прогласени како виновни за настанот. Пријавувањето во полиција е многу ретко, но како алтернатива на тоа се јавува пријавување на колега, родител, педагог, психолог, пријател, новинар/ка и сл.

 

Според истражувањето на Мартин Нацевски „Улогата на младите во спречување на дискриминацијата во образованието“, наставниот кадар е во најдиректен контакт со самите студенти и од него непосредно зависи квалитетот на предавањата и на оценувањето. Токму поради тоа, оваа категорија најчесто ја злоупотребува својата позиција, применувајќи различен третман кон студенти од различни позадини. Според испитаниците, оваа дискриминација најчесто се манифестира како поинаков пристап при оценувањето, поинаков однос со различните студенти, но и неправедни критериуми при вработувањето или ангажирањето студенти во наставниот процес.

 

Aнализа на условите за лицата со посебни потреби во рамките на средното и високото образование“ изработена од Деа Здравковска, Марија Михајловска, Кристијан Лазаров, Ангела Николовска и Ема Ананиевска претставува анализа за образовната инклузија на учениците и студентите со посебни потреби. Според податоците, вклученоста на лицата со посебни потреби во сите нивоа на образованието е многу ниска, тие честопати се дискриминирани и се соочуваат со низа предизвици во текот на образованието. Инклузијата во образовниот процес најчесто се подразбира како обезбедување физички услови за вклучување на лицата со посебни образовни потреби во редовното образование, наспроти еднаквото вклучување во училишните активности за што е потребно да се обезбедат адекватни услови, образовен кадар и програми. Наодите покажуваат дека нашата држава во моментов сè уште не е подготвена за целосна образовна деинституционализација и целосно отфрлање на стариот образовен процес за лицата со посебни потреби и спроведување на образовна инклузија само во редовните училишта за општата популација.

Резултатите до кои дојдоа Вања Јанева, Јована Ѓорѓиовска, Моника Китаноска и Симон Андов во истражувањто „Зошто младите сакаат да си одат од Македонија? Eксплоративен пристап кон младинската емиграција во Македонија“ ,покажуваат дека 60% од испитаниците сакат трајно да се отселат од државата, без разлика на демографските и социоекономските разлики. Културните фактори на одбивање и на привлекување се издвојуваат како најзначајни за младите, како за нивната одлука да се иселат од Македонија така и за одлуката за враќање во Македонија. Сепак, сите пет групи фактори се важни за одлуките на младите, што уште повеќе ја потенцира неопходноста на меѓуресорски пристап за подобрување на младинскиот стандард за живот во Македонија.

Проектот за менторирање на млади истражувачи имаше за цел да ги поврзе капацитетите и ресурсите на МОФ со знаењето и искуството на стипендистите на Фондациите Отворено општество во корист на млади истражувачи кои за прв пат се занимаваат со општествено релевантни истражувања да креираат квалитетни анализи кои ќе помогнат да се подобрат политиките или да се подигне свеста за важни прашања во Македонија. Студентите и младите истражувачи во земјата немаат доволно можности за самостојно истражување и преку овој процес се обидуваме да го поттикнеме професионалниот развој на дел од младите истражувачи во земјата.