Повик за учество „Од идеја до стартап“

Повик за учесници за Школата за претприемништво „Од идеја до стартап“ . Повикот на албански можете да го погледнете подоле во објавата.

Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Институт за европска политика (ЕПИ) отвора повик за учесници на Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“, во склоп на  проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“. Програмата ќе се спроведува во Скопје, во периодот од февруари до мај 2019.

За време на програмата ќе се изучуваат следниве теми:

  • Што е претприемништво?
  • Мотивација, лидерство и тимска работа
  • Приказна, презентација и прототип
  • Традиционален и онлајн маркетинг
  • Водење бизнис

Школата ќе се реализира два пати неделно во попладневните часови и ќе содржи активности, како што се разговори со успешни претприемачи, симулации, студии на случај, практична работа и дополнителни отворени предавања. Едукативната програма ќе започне со дводневен – викенд интензивен тренинг.

За кого е наменета обуката? 
Аплицирајте ако:

  • Сте невработени и сте во потрага по работа во приватниот сектор или сакате да започнете сопствен бизнис;
  • Сте на возраст од 21 до 29 години;
  • Имате интерес за создавање на стартап или започнување на бизнис
  • Ве мотивираат предизвици, имате желба да смислувате нови и иновативни пристапи за решавање на проблемите, сакате да експериментирате со бизнис идеи;
  • Во можност сте да учевствувате во сите обуки;
  • Покажувате високо ниво на решителност и посветеност;
  • Немате проблем да излезете од својата удобна зона;
  • Сакате да работите во тим.

Како да аплицирам?
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 6-ти февруари (среда) 2019 година, преку испраќање CV и пополнета апликација на obuki@mof.org.mk со назнака „Од идеја до стартап“. Апликацијата можете да ја преземете од следниот линк.

Бројот на учесници е ограничен. Изборот на учесници ќе го врши комисија составена од претставници на Младински образовен форум и Институт за европска политика. По потребна, ќе се спроведат и интервјуа (телефонски или во живо) со пријавените апликанти. Програмата е бесплатна и ќе биде спроведена на македонски јазик.  На повикот може да аплицираат и тимови, наведувајќи во апликацијата дека аплицираат со однапред смислена бизнис идеја.

Што ќе добијам?
Квалитетна едукативна програма која ќе ти овозможи да ги развиеш своите капацитети!
Низ програмата учесниците ќе формираат тимови и ќе имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка за својата предлог бизнис идеја. За сите тимови ќе се обезбеди менторство од искусни професионалци во бизнис секторот. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат, да учат од и да соработуваат со сопственици на успешни бизниси, одлични предавачи, ментори, советувачи, професори и професионалци. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат.

Ваква програма беше оранизирана во 2016-2017 година со серија од 12 успешни тренинзи за 40 млади, во две траки за меки вештини: претприемништво и граѓанско учество. Како резултат на програмата поддршка добија два локални стартапи: Храна за сите и Audified Reality, со стартап фонд и менторство.

Програмата ќе биде овозможена со поддршка на Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE)

_____________________________________________________________________________________________

 

Forumi Arsimor Rinor (FAR) në bashkëpunim me Institutin për Politikë Evropiane (IPE) hap thirrje për pjesëmarrës në Shkollën për sipërmarrës  “Nga Ideja deri në startap” në kuadër të projektit “Angazhimi i sektorit privat në arsimin për  sipërmarrësi” dhe (Engaging the Private Sector in Entrepreneurship Education). Programi do të realizohet në Shkup në periudhën nga shkurti deri në maj 2019.

Gjatë programit do të studiohen temat si mëposhtë:

  1. Çfarë është sipërmarrësi?
  2. Motivimi, lidershipi dhe puna në grup
  3. Historia, prezantimi dhe prototipi
  4. Marketing tradicional dhe online
  5. Udhëheqja e biznesit

Shkolla do të realizohet dy herë në javë pasdite dhe do të përfshijë aktivitete siç janë biseda me sipërmarrës të suksesshëm, simulime, studime të rasteve, punë praktike dhe leksione shtesë të hapura. Programi arsimor do të fillojë me trajnim intensiv dy ditor gjatë fundjavës.

Për kë është i dedikuar ky trajnim?

Aplikoni nëse:

  • Jeni të papunë dhe kërkoni punë në sektorin privat ose dëshironi të filloni biznesin tuaj;
  • Jeni 21-29 vjeç;
  • Keni interes në krijimin e startapeve ose fillimin e një biznesi
  • Ju motivojnë sfidat, keni dëshirë për të krijuar qasje të reja dhe inovative për zgjidhjen e problemeve, dëshironi të eksperimentoni me idetë e biznesit;
  • Keni mundësinë të merrni pjesë në të gjitha trajnimet;
  • Tregoni nivel të lartë të gatishmërisë dhe përkushtimit;
  • Nuk keni problem të dilni jashtë zonës suaj të rehatisë;
  • Dëshironi të punoni në ekip.

Si të aplikoj?
Të gjithë të interesuarit mund të aplikojnë deri më 06 shkurt 2019, duke dërguar CV dhe të plotësojnë aplikacionin në obuki@mof.org.mk. Mund ta shkarkoni aplikacionin nga linku mëposhtë.

Numri i pjesëmarrësve është i kufizuar. Përzgjedhja e pjesëmarrësve do të bëhet nga komision i përbërë nga përfaqësuesit të Forumit Arsimor Rinor dhe Institutit për Politika Evropiane. Sipas kërkesës, do të kryhen intervistat (telefonike ose personale) me aplikuesit. Programi është falas dhe do të zhvillohet në gjuhën maqedonase. Ndaj thirrjes gjithashtu mund të aplikojnë edhe ekipe, duke deklaruar në aplikacionin që aplikojnë me një ide biznesi të sajuar paraprakisht.

Çfarë do të fitoj? 

Një program edukimi cilësor që do t’ju mundësojë të zhvilloni kapacitetet tuaja!

Gjatë gjithë programit pjesëmarrësit do të formojnë ekipe dhe do të kenë mundësinë të aplikojnë për mbështetje financiare për propozim idenë e tyre të biznesit. Të gjitha ekipet do të pajisen me mentorim nga profesionistë me përvojë në sektorin e biznesit. Pjesëmarrësit do të kenë mundësinë të njihen, të mësojnë dhe të bashkëpunojnë me pronarët e bizneseve të suksesshme, ligjërues të shkëlqyeshëm, mentorë, këshilltarë, profesorë dhe profesionistë. Të gjithë pjesëmarrësit të cilët do të ndjekin trajnimin do të marrin certifikatë.

Një program i tillë u organizua në vitet 2016-2017 me  12 trajnime të suksesshme për  40 të rinj, në dy fusha të aftësive të buta: sipërmarrësi dhe pjesëmarrje qytetare. Si rezultat i programit, u mbështetën dy startape lokale: Ushqim për të Gjithë dhe Audified Reality, me fondin e startapit dhe mentorimin.

Programi do të bëhet i mundur me mbështetjen e Qendrës për Sipërmarrësi Private Ndërkombëtare (CIPE) .

Одржани две обуки за наставници

Одржани две еднодневни обуки за зајакнување на капацитетите на 15 наставници од три средни скопски училишта

На 11ти и 12ти декември Младински образовен форум организираше 2 еднодневни обуки за 15 наставници од СУГС „Орце Николов“, СУГС „Георги Димитров“ и СУГС „Зеф Љуш Марку“ за зајакнување на нивните капацитети и подобрување и поголема разновидност на методологијата при изведување на наставата во училница. Обуките се дел од Проектот „Средношколски клубови за ученички права, слободи и различности“,  поддржан од Град Скопје – секторот за образование.

Првата обука „Дебата во наставата“ се одржа на 11.12.2018 (вторник) во просториите на хотел Карпош и беше насочена кон употреба на дебатата како алатка за време на часовите. Сесиите ги опфатија разликите помеѓу дискусија и дебата, основите и форматите на дебата кои професорите би можеле да ги употребат, како и примери за презентативни дебати кои би можеле да им бидат интересни на учениците.

На вториот ден (12.12.2018, среда), обуката „Креативни алатки за пренесување на знаења од правото“ ги претстави главните методи и техники на предавање кои се користат во рамките на нашите Учиме право клубови, како и совети и насоки за тоа како да се организира симулација на работата на државен орган или институција, организирање на предавање од страна на експерт или посета на државна институција со цел да им се доближи нејзината работа на средношколците.

На овие обуки, учество земаа професори од следниве области: Мајчин јазик, Логика, Филозофија, Социологија, Етика, Бизнис и Економија, односно предмети на кои најмногу може да се развие дебата за одредено прашање или да се имплементираат овие интерактивни методи и техники на предавање кои особено се користат во неформалното образование.

Младински образовен форум и понатаму останува отворен за соработка со наставниците и средните училишта на Град Скопје, но и со останатите средни училишта ширум државата, имајќи на ум една иста цел, а тоа е интересот на учениците и нивниот развој како личности и граѓани на ова општество.

Конференција и дебата „Мисли на глас“

Младинскиот образовен форум МОФ ја најавува конференцијата и дебата „Мисли на глас“, што ќе се одржи денес на (26 септември) во 18:00 часот, во Јавна соба.

Говорници на првиот дел од настанот „Мисли на глас“ се:

– Лура Положани, Stella Network, MK / Тема: Има ли место за младите во политиката?
– Денис Прешова, Правен факултет – Јустинијан I, Скопје / Тема: Референдум – Поим, функција и значењето во демократско општество
– Mете Кобан, My Voice My Say, UK / Тема: Brexit Digested – Role and Future of Young People

Вториот дел од настанот се состои од дебата на тезата: Успешен референдум (не) е единствен пат за европска Македонија. 

Дебатираат: Катерина Колозова и Горан Михајловски во афирмативниот тим
наспроти Марко Трошановски и Јана Лозаноска во негацискиот тим.

Регистрацијата за присуство се прави преку пополнување на формуларот https://goo.gl/WN6hG6 .

Настанот „Мисли на глас“ е организиран во склоп на граѓанската иницијатива „Зачекори напред! Изборот е твој“ спроведена од 10 граѓански организации со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Симулација на судење во СУГС „Шаип Јусуф“

На 06.07.2018 (петок) во просториите на СУГС „Шаип Јусуф“, се одржа симулација на судење во кривична постапка како завршен настан за членовите на програмата Учиме право. Оваа симулација беше подготвена и реализирана од страна на членовите на Учиме право клубот од Шуто Оризари, под менторство на нивните предавачи Доан Сулејманоски и Емилија Наумовска. Случајот опфати кривични дела поврзани со загрозување на јавниот ред и мир, предизвикување на тепачка или друго насилство. Учениците се ставија во улога на судии, обвинети, адвокати, оштетени и на практичен начин ги демонстрираа стекнатите знаења и вештини од областа на казненото право и преку оваа симулација, учениците имаа прилика да се запознаат со сите фази на постапката.

Младински образовен форум стои на располагање за секаков вид на соработка со СУГС „Шаип Јусуф“, но и со останатите средни училишта на териториите на општините во Република Македонија.

Организирани брифинзи од страна на експерти за бегалската криза

На 12-ти март 2018 во канцеларијата на Младински образовен форум, во склоп на проектот „Приказните на бегалците преку култура и медиуми“, воспоставен од Германското федерално министерство за економска соработка и развој, а управуван од Германското друштво за интернационална соработка, беа организирани брифинзи од страна на експерти од Македонското здружение на млади правници, Легис и Црвен крст. Претставниците на Македонското здружение на млади правници говореа за: правната рамка за барање на азил во Македонија, случаите на прекршување на човековите права и разликата меѓу термините „азилант“, „мигрант“ и „бегалец“. Сандра Томовска од мобилната единица Липково на Црвениот крст говореше за пристапот и начинот на работа со мигрантите и бегалците кои престојуваат и транзитираат во нашите општини, како и за работата на мобилните единици на Црвениот крст. За крај, Мерсиха Смаиловиќ од Легис говореше за историјатот на бегалската криза во Македонија, почетоци и причини за кризата, најголемиот бегалски бран, актуелната состојба во Македонија и за работата на Легис како помош за мигрантите и бегалците. На обуките присуствуваше тимот на новинари, глумци и водители, како и тимот кој го спроведува проектот.

Работилница на МОФ за правата и обврските на работното место

Младинскиот совет на амбасадата на САД во Македонија втора година по ред го организира целодневниот настан „Кариерен Експо 2014“. Станува збор за целодневен настан на кој триесетина компании од Република Македонија ќе ја презентираат својата работа и ќе нудат можности за пракса и вработување на сите заинтересирани млади луѓе, а посетителите ќе имаат прилика и да земат учество на една од деветте работилници кои ќе се одржат на овој саем и ќе имаат за цел зајакнување и зголемување на капацитетите и вештините на младите луѓе.

Овој настан ќе се одржи на 14-ти ноември, 2014 година во просториите на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и ќе трае од 12:00 – 18:00 часот.

Младински образовен форум ќе земе учество на овој настан во една од деветте работилници. Станува збор за „Правата и обврските кои произлегуваат од работниот однос“ која ќе биде спроведена преку програмата Учиме право, каде двајца предавачи ќе одржат 45 минутна работилница на оваа тема, користејќи ја методологијата на Учиме право. На присутните посетители ќе им бидат објаснети дел од правата и обврските кои им следуваат кога ќе го засноваат работниот однос со работодавачот, како и начините и механизмите за заштита кога правата ќе им бидат загрозени или повредени.
На овој начин, Младински образовен форум ќе даде свој придонес кон развојот на вештините кои им се потребни на младите луѓе за полесно да пристапат на пазарот на трудот и да ја добијат посакуваната кариера.
Повеќе информации можете да најдете овде.

Средношколците од Кратово дебатираа за меѓуетничка интеграција

Во четвртокот (30 октомври 2014) дебатниот клуб од Кратово, дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, организираше јавна дебата на теза„Формалното образование позитивно влијае на меѓуетничката интеграција помеѓу средношколците“.

Јавната дебата се одржа во холот на СОУ „Митко Пенџуклиски“ со почеток во 13.30 часот, каде учествуваa четворица дебатери поделени во афирмативен и негациски тим, кои дискутираа за влијанието на формалното образование во интеграцијата на средношколците со различен етникум.

„Во Кратово учат повеќе од 500 ученици, но за жал не можеме да запознаеме многу ученици со различна култура, националност или религија па така директната соработка со ученици од други училишта може да придонесе за создавање на платформа за комуникација. Таква соработка има меѓу нашето средно училиште и училиштето во Липково, каде заедничките активности ни овожозможија допир со нова култура и разменување на различни информации, откривме дека се делат исти интереси со деца на наша возраст, имаме сличности но и прифаќаме разлики“,изјави ученичката Кристина Ивановска.

Формалното образование влијае негативно затоа што има физичка одвоеност на различни етнички групи, поради тоа младите немаат комуникација меѓу нив и така се создаваат предрасуди, вели ученикот Никола Мишевски. Стефан Трајков пак додава дека професорите треба да се задржуваат повеќе на оние лекции кои може да не научат повеќе за историјата и културата на другите етникуми.

Калинка Стефановска, професорка по социологија во СОУ „Митко Пенџуклиски“ ја имаше улогата на модератор на јавната дебата и отвори можност за дискусија со публиката, која броеше повеќе од 50 ученици и професори. После целата дискусија, публиката си замина дома со повеќе информации, но и препораки за тоа како може да се подобри меѓуетничката интеграција.

Оваа активност беше реализирана во соработка со Дебатната програма на Младински образовен форум која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.

Обуки за нови медиуми и интернет активизам

Младински образовен форум, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, распишува повик за учесници за „Обуки за нови медиуми и интернет активизам“.

Обуките ќе се реализираат во 13 градови во Република Македонија (Скопје, Велес, Штип, Кратово, Делчево, Куманово, Гевгелија, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Битола и Неготино), во соработка со МОФ центрите, во периодот 27 октомври – 01 декември 2013 година. Обуките се еднодневни [8 часа вклучувајќи и паузи], а ќе се реализираат за време на викендите (сабота или недела).

Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:
• Да се на возраст од 16 до 25 години;
• Да покажуваат интерес за вклучување во идни онлајн иницијативи и кампањи;
• Да покажуваат интерес за новите медиуми и онлајн алатки;
• Да покажуваат интерес за интернет, аудио и видео активизм.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 13-ти октомври 2013 година, преку испраќање на пополнета пријава на obuki@mof.org.mk. Пријавата за учество може да се преземе тука.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.

Повеќе информации на:
obuki@mof.org.mk
02/3139 692 локал 103

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Се печат новите предавачи по дебата / Aftësohen trajnuesit e rinj të debatit

Изминатиот викенд, 40-тина дебатери од 13 градови од Македонија присуствуваа на Тренингот за тренери по дебата кој го одржаа 7 искусни предавачи во просториите на МОФ. Дебатерите од Скопје, Велес, Тетово, Струга, Кратово, Дебар, Струмица, Битола, Неготино, Делчево, Штип, Кичево и Гевгелија слушаа предавања за Дебатната програма на МОФ, дебатниот формат Карл Попер (вредности и политики) но и учеа методи на предавање и подготовка на наставни планови.
Од идните дебатни тренери се очекува успешно да го положат тестот за предавачи и активно да се приклучат во остварувањето на целите и активностите на Дебатната програма. За периодот кој следува, планирана е регрутација на нови членови во дебатните клубови на МОФ низ Македонија. Во изминатата година имаше зголемување на бројот на дебатни клубови од 16 на 22 клуба, а бројот на дебатери достигаше повеќе од 340.
Оваа академска година 2013/2014 се надеваме на поголеми успеси и поголем квалитет на предавања, добро организирани турнири и интеграција помеѓу дебатерите во клубовите.
Дебатната програма е поддржана од Фондација отворено општество Македонија, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Европска Комисија и Интернационална дебатна едукатавнa асоцијација – ИДЕА.

Fundjavën e kaluar, 40 debaterë nga 13 qytete të Maqedonisë, morrën pjesë në Trajnim për trajnues të debatit, të cilin e mbajtën 7 ligjërues me përvojë, në hapësirat e FRA-së. Debaterët nga Shkupi, Velesi, Tetova, Struga, Kratova, Dibra, Strumica, Manastiri, Negotina, Dellçeva, Shtipi, Kërçova dhe Gjevgjelia, ndoqën ligjërata për Programin debativ të FRA-së, formatin e debatit, Karl Poper (vlera dhe politika), por gjithashtu mësuan edhe metoda të ligjërimit dhe përgatitje të planeve mësimore.
Nga trajnuesit e ardhshëm të debatit, pritet që me sukses ta kalojnë testin për trajnues dhe në mënyrë aktive të kyçen në realizimin e qëllimeve dhe aktiviteteve të Programit debativ. Për periudhën që pason, është i planifikuar regrutim i anëtarëve të rinj të klubeve debative të FRA, në Maqedoni. Vitin e kaluar kishte një rritje të numrit të klubeve debative, nga 16 në 22 klube, ndërsa numri i debaterëve arrinte më shumë se 340.
Këtë vit akademik, 2013/2014, shpresojmë në më shumë suksese dhe kualitet më të madh të ligjëratave, turnire mirë të organizuara dhe integrim mes debaterëve në klubet.
Programi debativ është i përkrahur nga Fondacioni shoqëri e hapur Maqedoni, Projekti i USAID-it për integrim ndëretnik në arsimin, Komisioni Evropian dhe Asociacioni ndërkombëtar debativ edukativ IDEA.

Започна МОФ Летната академија „Граѓански и политички права и слободи“

Седумдесетина учесници од цела Македонија денеска пристигнаа во Извидничкиот камп во Охрид за да бидат дел од традиционалната летна академија која Младинскиот образовен форум (МОФ) ја организира секоја година.

Следните пет дена низ различни предавања, работилници и симулации тие ќе имаат можност да учат како преку активизам може да предизвикаат позитивни промени во општеството, кои се нивните граѓанските права и слободи, како би можеле креативно да се изразуваат на јавните простори, како да дебатираат. Темата на годинешната академија „Граѓански и политички права и слободи“, ќе биде обработена преку тренинг сесии, работилници и изведби во областите: комуникации, медиуми и улични уметности (дебата, стенсили, онлајн -активизам, изработка на ракотворби, инсталации, улични уметности, организација на настани).

„Јас се надевам дека алатките кои ќе ги научите за време на оваа академија ќе Ви помогнат да направите промени во општеството, и на локално, но и на национално ниво. Живееме во време во кое младинскиот активизам се задушува од сите страни, но сите ние мора да се избориме со тоа и да направиме промени“, се обрати пред учесниците Петар Антевски, еден од координаторите на академијата за време на нејзиното отворање.

За учесниците пак кои се на возраст од возраст од 14 до 20 години, летната МОФ академијата очекуваат дека ќе биде одлично место и за учење и за дружење.

Покрај предавачите од МОФ, годинава на Академијата работилници свои работилници ќе имаат и Владимир Милчин (режисер и извршен директор на ФООМ), Сања Арсовска (актерка) и Искра Гешоска (претседател на Асоцијацијата на независната културна сцена ЈАДРО).

Утре (27 август) како дел од програмата на летната академија ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Искуства од прва рака: активизмот во македонски услови“ во која учество ќе земат претставници од невладини организации: Сандра Анастасовска и Сања Божовиќ [МОФ], Даниел Калајџиески [ХЕРА], Дејан Ивановски [Го сакам ГТЦ], Петрит Сарачини [Заедно за мир] и Џелал Хоџиќ [АМАН].