Ајде Биди Волонтер – Водич за волонтери

Краток опис: Брошурата Ајде Биди Волонтер има за цел да им помогне на младите кои сакаат да волонтираат да ги запознаат своите права, обврски и можности, но и да даде мотивација за волонтерство. Во кусата брошура се наведени одговорите на најчестите прашања кои ги имаат волонтерите, но и организациите кои работат во волонтери.

Издава: Младински образовен форум

За издавачот: Марјан Забрчанец, извршен директор

Автори: Сања Стефановиќ, Сања Божовиќ

Издадена: 2014 година

Изданието е поддржано од Проект на УСАИД за граѓанско општество.

Линк за преземање

Средношколски дилеми и проблеми

Краток опис: Брошурата „Средношколски дилеми и проблеми“ е наменета за средношколците и е посветена на дел од прашањата кои тие секојдневно си ги поставуваат и проблемите со кои се соочуваат во текот на нивното школување. Целта на брошурата е да ги информира средношколците за нивните права но и начинот како полесно да ги остварат истите. Низ целиот текст на брошурата се проткаени прашања и одговори низ кои се објаснуваат правото на средно образование, статусот ученик, правото на непречено остварување на образованието. Во оваа брошура е објаснета разликата помеѓу додатна и дополнителна настава, правото на јавно соопштување на оценката, правото на ексурзија и стипендија, а дел од брошурата е посветена и на екстерното тестирање и правото на здружување на средношколците.
Во рамки на оваа брошура се опфатени дел од прашањата и проблемите со кои се соочуваат средношколците, со надеж дека ќе им помогне да ги надминат и да добијат одговор на своите прашања, но и дека ќе ги инспирира да поставуваат се повеќе прашања и да бараат се повеќе одговори, да бидат активни и да се залаагаат за остварување на своите права.

Издава: Младински образовен форум

 
За издавачот: Марјан Забрчанец, извршен директор

Автори: Анѓелина Марковска, Катерина Василеска

Главен уредник: Кристина Митрова

Уредници: Сања Божовиќ, Марија Мирчевска, Фросина Калевска

Издадена: 2014 година

Линкови за преземање:
Македонски || Албански

Изданието е поддржано од Aмбасада на САД во Скопје

Залагање за акција

Залагање за акција” e прирачник за застапување, залагање и делување предводено од млади лица. Намената на овој прирачник е да биде водич за младите луѓе кои размислуваат да го прифатат предизвикот наречен “залагање за промена”, во име на своите врсници и нивните заедници.

Сеедно дали се работи за воведување бесплатни училишни оброци за семејства со ниски приходи, градење на скејт-парк, спасување на локална библиотека или за намалување на емисијата на јаглерод на меѓународно ниво, секој напредок, голем или мал, е резултат на паметни, посветени и страсни луѓе кои ги убедуваат тие што ја имаат моќта да променат нешто.

Автори: Џована Миџли и Александар Кавел, со благодарност до Марчин Залески

Превод од англиски: Марија Булдиоска

Издадена на македонски јазик: мај, 2014 година

Публикацијата е оригинално издадена од IDEBATE Press, а ИДЕА ЈИЕ и МОФ обезбедија превод, адаптација и печатење на изданието на македонски јазик, со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Линк за преземање

Компаративна анализа за корупција во Високо образование

Наративен извештај: Компаративна анализа за перцепција на корупција во високото образование во Бугарија, Хрватска, Македонија, Молдавија и Србија

Наративниот извештај за спроведеното регионално истражување за перцепција на корупција во високото образование опфаќа: преглед на клучни проблеми во високо образовниот систем во земјите учеснички во истражувањето, опис на правната рамка, организациона структура, системот на финансирање,примената на болоњскиот систем, опис на методологија и примерок и клучни наоди од истражувањето.

Истражувањето е реализирано од страна на Антикорупциската студентска мрежа, во која членуваат: Белградско отворена училиште (Србија), Младинско здружение за мир и развој на Балканот (Бугарија), Монитор Статистика (Хрватска), Младински образовен форум ( Македонија) и Национален центар за транспарентност и човекови права (Молдавија).

Линк за преземање

Младински перспективи низ процесот на истражување

Оваа публикација е збирка на резултатите од спроведените истражувања во рамки на Академијата за млади истражувачи 2013, реализирана од страна на Фондацијата Фридрих Еберт, во соработка со Институт за демократија и Институт за социолошки и политичко-правни истражувања.

Во истражувањата се обработени широк спектар на теми од областа на човекови права, работнички права и синдикати, студентски организации, културолошки вредности, политичка партиципација преку социјалните медиуми, насилство меѓу младите, инволвираност во локалната заедница и др.

Во публикацијата, вклучени се 2 истражувања реализирани од членови на МОФ :

“Насилно oднесување кај средношколците” – Моника Божиновска
“Дебатата како фактор во определување на идеолошката определба кај студентите и средношколците” – Марија Мирчевска, Антонио Даниловски

Издава: Фондација Фридрих Еберт

Автори: Божиновска Моника, Бојаџиева Афродита, Бошков Габриела, Васева Ивана, Даниловски Антонио, Мирчевска Марија, Јанческа Маријана, Пешевски Иван, Старова Нина

Издадена: 2014

Линк за преземање

Декларација и прирачник за средношколци

Оваа публикација е превод од „Manuel for school students“  издадена од OBESSU (Organizing  Bureau of European School Student Unions). Во публикацијата е вклучена и  „Декларација за правата на средношколците“, усвоена од истата организација.

Потребата за превод на оваа брошура произлезе од недостаток на материјали кои би биле од помош на средношколските заедници при дефинирање на нивните цели и реализација на активности.  Содржински публикацијата опфаќа преглед на искуства и насоки за креирање на средношколска заедница и нејзино успешно менаџирање вклучувајќи и осврт на  потребата од средношколското организирање, права на средношколците и креирање на стратешки документи за средношколското организирање.

Автори: Јована Базерковска ( Македонија), Ема Биерман (Англија), Георг Болдт (Финска), Еивинд Френг Дејл (Норвешка) Питер Герлах (Шведска), Ингрид Гогл ( Австрија), Мартина Шеги (Италија), Бруно Селун (Франција), Гиљермо Торал Мартинез (Шпанија), Дејвид  Токслер (Шварцарија), Антониа Вулф (Финска)

Уредници: Марија Мирчевска,  Антонио Даниловски

Издадена на македонски јазик: мај 2014 година

Адаптација на публикацијата финансиски е поддржана од „Фондација Отворено општество“ – Македонија

Линк за преземање

СЛОБОДЕН СИ – ИЗРАЗИ СЕ!

НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум (МОФ), преку проектот „Млади промотори на слободата на изразување“ сакаа да ја поттикнат креативноста на младите луѓе, но уште повеќе да ги охрабрат и да ги обучат младите да бидат активни, гласни и видливи во битката за слободата на изразување и заштита на човековите права.

Идејата беше едноставна. Да се пронајдат младинците кои имаат желба да учат, да се надградуваат и да се активираат. Подобар начин од самостојното и доброволно пријавување – нема. Затоа, уште на самиот почеток, НВО Инфоцентарот и МОФ, објавија јавен конкурс под мотото „СЛОБОДЕН СИ – ИЗРАЗИ СЕ!“, за сите оние средношколци и студенти кои сакаат да организираат кампањи, да продуцираат мултимедијални содржини и да пишуваат есеи посветени на слободата на изразувањето, борбата против говорот на омраза и заштитата на човековите права. Пријави пристигнуваа секојдневно, а на крајот беа селектирани четирисетина млади луѓе со конкретни идеи за нивен креативен јавен ангажман.

Оваа публикација ви ги претставува акциите и производите на учесниците во овој проект, групирани во неколку кампањи: “Изрази се слободно”, “Во Тетово сакам”, “Слобода е”, “Слобода е да немаш предрасуди” и “Тетово – еден град за сите”.

Издавачи и автори: НВО Инфоцентар и Младински образовен форум

Датум на издавање: декември 2013

Проект: “Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР)

Линк за преземање

Дебатата во контектстот на образовните политики

Отплеткување на дебатата: Олабавување на тензијата помеѓу неформалното и формалното образование

Публикацијата ги содржи резултатите од истражување за тоа како дебатата влијае врз средношколците кои ја практикуваат како дел од неформалното образование. Истражувањето е спроведено во 4 земји од регионот – Словенија, Хрватска, Романија и Македонија.

Анализата, врамена во контекстот на националните образовни системи и стратегии, открива дали дебатата има позитивно дејство од аспектот на подобрување на информираноста за тековни настани, критичкото размислување и толеранцијата кај селектираните примероци на ученици дебатери и недебатери. Во истиот период се спроведени и неколку подолги интервјуа со предавачи по дебата од Младински образовен форум, преку чие искуство се целеше да се добие квалитативен увид во квантитативните резултати.

Во публикацијата се вметнати и корисни дебатни вежби, како и есеи од јавни личности со нивни ставови за граѓанскиот активизам, во кои се поддржува дебатата како корисна алатка за воведување на култура на дијалог во општествата.

Теренското истражување е спроведено паралелно во сите земји кои учествуваат во него, во периодот од мај до јуни 2013, со употреба на погоден примерок. Македонскиот примерок содржи 267 респоденти, од кои 132 се дебатери, а 135 недебатери. Дебатерите се членови на дебатните клубови во МОФ со повеќе од 1 година дебатно искуство, додека примерокот на недебатери содржи средношколци од неколку средни школи од повеќе градови во земјата.

Издава: Za in proti, Zavod za kulturo dialoga Ljubljana,2013

Автори: Zdenka Čebašek-Travnik et al.

Изданието е финансиски поддржано од Советот на Европа

Линк за преземање

Антидискриминација во високо образование

АНАЛИЗА НА ДОКУМЕНТИ И НА ПОЛИТИКИ НА  УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ  ЗА СТЕПЕНОТ НА ВКЛУЧЕНОСТ НА ПРИНЦИПОТ НА  ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И НА НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

Публикацијата содржи анализа на теренско истражување кое имаше за цел да ја испита перцепцијата на студентите за зачестстеноста и  облиците на дискриминација кои ги искусуваат за време на своите студии, како и степенот на информираност, особено во поглед на мерки на заштита кои им се располагање на студентите доколку се соочат со кршење на нивните права од ваков тип. Анализата опфаќа и анализа на правната рамка, како и компаративен преглед на антидискриминаторски политики во високото образование.

Истражувањето е спроведено во април 2013 година,на популација од 870 испитаници, на следниве 15 факултети во рамките на УКИМ: Градежен факултет, Архитектонски факултет, Стоматолошки факултет, Фармацевтски факултет, Медицински факултет, Економски факултет, Правен факултет, Филозофски факултет, Филолошки факултет, Земјоделски факултет, ПМФ, Педагошки факултет, Машински факултет, ФЕИТ, ФИНКИ.

Издава: Коалиција “Здравствени и сексуални права на маргинализрани групи”

Автори: Наташа Бошкова, Жарко Трајановски

Истражувачи: Моника Божиноска, Александра Живковиќ, Марија Мирчевска, Сања Божовиќ

Изданието е поддржано од Фондации Отворено општество

Линк за преземање

Регионално истражување за перцепција на корупција во високото образование

Регионалното истражување за перцепција на корупција во високото образование е спроведено во периодот септември- ноември 2012 година.

Истражувањето во Македонија е спроведено на случаен примерок од 721 испитаник, од шест факултети (Машински фаултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Правен факултет, Економски факултет, Филозофски факултет и Филолошки факултет) на УКИМ.

Истражувањето на ниво на мрежата на ACSN – SEE е спроведено на 615 испитаници во Загреб, два државни Универзитети во Молдавија на 825 испитаници, на Универзитетот во Белград со 827 испитаници и Универзитетот во Пловдив со 475.

Форми на корупција кои беа предмет на истражување: непотизам, (доделување на повисока оценка, поло­жување на испит, упис на факултет),поткуп (условено купување на учебници, плаќање за положување на испит, упис на факултет), мамење (препишување на испит, пишување на туѓи трудови), плагијат (студентски и научни трудови).

Издава: Младински образовен форум

Автори: Лазар Поп Иванов, Петар Димитров, Марија Мирчевскa, , Мартин Алексоски

Издадена: 2013

Изданието е поддржано од Фондации Отворено општество

Линк за преземање