Јавна дебата за квалитетот кој го носи Болоњскиот систем во македонското образование

Ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на јавната дебата на теза „Овој дом (не) верува дека Болоњскиот систем донесе поголем квалитет во македонското образование“ која ќе се одржи на 24.04.2013 година (среда) со почеток во 11 часот во свечениот амфитеатар (амфитеатар 1) на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Воведничар на дебатата ќе биде проф. д-р Зоран Велковски.

Настанот ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Ден на високото образование на Универзитетот Свети Кирил и Методиј“. Покрај оваа активност, предвидени се многубројни презентации на активностите и проектите на Универзитетот, разговори со наставниот кадар, наградни игри за посетителите, голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Пламенка Трајковска и квартет и групата СУПЕРХИКС .

Дебатата е организирана од дебатните клубови на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Младинскиот образовен форум. Почнувајќи од октомври, Младински образовен форум во соработка со три факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ започна со спроведување на редовни предавања по дебата за студентите. На Економскиот факултет, Филозофскиот факултет и Правниот факултет „Јустинијан Први“, во текот на целата академска година, предавачите на МОФ ги водат редовните предавања на дебатните клубови, а планирано е да се одржат и дополнителни предавања од страна на академски професори и експерти, со цел студентите да научат повеќе содржини кои може да им помогнат во дебатите.

Со задоволство го очекуваме Вашето присуство и се надеваме дека активно ќе се вклучите во оваа актуелна дискусија преку презентирање на Вашите согледувања и ставови.

Најава: Трибина „Евтини студентски приказни“ – Филозофски факултет

Младински образовен форум (МОФ) ве поканува да присуствувате на третата по ред трибина со наслов „Евтини студентски приказни“, која ќе се одржи на 25.04.2013 (четврток) на Филозофскиот факултет (предавална 16) во 14 часот.

На „Евтини студентски приказни” ќе се дискутира за моменталната состојба во студентското организирање на УКИМ, како и за можностите за унапредување на истото. Како панелисти на трибината ќе говорат Кирил Спироски (Претседател на СПУКМ), Даниела Атанасова (основач на Излез), Дејан Лутковиќ (Слободен Индекс) и Мартин Алексоски (МОФ). Посебно место во дискусијата ќе и се даде и на самата публика, која ќе може да ги образложи нејзините ставови, мислења и искуства.

На настанот ќе биде прикажан документарн филм за студентското организирање во Македонија.

Линк до ФБ настан

Најава: Lincoln-Douglas дебата за вистинските проблеми на младите

Ромаверзитас и Младински образовен форум (МОФ) ве покануваат на јавна Lincoln-Douglas дебата насловена како “Млади за млади – дебата за вистински проблеми”, која ќе се одржи на 22ри април (понеделник), во ГЕМ клуб (Стара чаршија, Менада), со почеток во 17:00 часот.

На оваа јавна дебата, младите од дебатниот клуб кој Ромаверзитас го спроведува заедно со МОФ, ќе ги презентираат вештините со кои се стекнале од обуката за дебата.

Дебатерите ќе аргументираат на повеќе тези поврзани со позицијата на младите во Република Македонија:
– Младите во Македонија немаат иднина на професионален план;
– Младите во Македонија треба да се вклучат во активностите на политичките партии;
– Социјалните бенефиции на младите во Македонија треба да бидат исти со оние на пензионерите;

Дебатерите се подготвени и чекаат на ваше присуство!

Најава: Трибина во Тетово „Основање на Национален младински совет“

Ни претставува огромно задоволство да Ве поканиме на шестата по ред јавна дискусија на тема „Основање на Национален младински совет‘‘, која ќе се одржи на ден 16.04.2013 (вторник), во Малата сала при Домот на културата-Тетово, со почеток од 12:00 часот. Настанот претставува презентација на сработеното од страна на Иницијативниот Одбор за основање Национален младински совет со цел да поттикне и отвори дискусија во врска со изложеното. Поканети на настанот се претставници на невладиниот сектор како и релевантните државни институции.

Иницијативниот Одбор за основање на Национален Младински Совет е тело составено од 16 невладини организации. Самиот Одбор беше формиран за време на деновите на младинско вмрежување, кои се одржаа во Дојран, од 25-28.10.2012. Учество земаа 39 младински организации и организации за млади коишто заедно ја поставија основната предлог структура на идниот Совет. Иницијативниот Одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото Собрание.

Целта на претстојните јавни дискусии е сослушување на конструктивни критики и предлози од сите чинители кои ќе бидат засегнати со Националниот Младински Совет. Иницијативниот Одбор, како координативно тело, ќе ги вклопи собраните мислења од дискусиите во предлог документите и структурата кои ќе бидат претставени на Основачкото Собрание. Од овие причини, веруваме дека Вашето присуство е од непроценлива важност за функционирањето и успешноста на процесот, како и за изградба на легитимитетот на еден постојан Национален Младински Совет.

________________________________________________________

Kemi nderin dhe kënaqësinë t’Ju ftojmë të merrni pjesë në debatin publik me temë: “Themelimi i Këshillit Rinor Kombëtar”, i cili do të mbahet më datë 16.04.2013 (e martë) në Sallën e I.N. “Teatri i Tetovës” – Tetovë, nga ora 12:00. Evenimenti paraqet prezantim të punës së Këshillit Iniciues për themelim të Këshillit Rinor Kombëtar, me qëllim të nxisë dhe hap debate rreth punës së deritanishme. Të ftuar në debatin publik janë përfaqësues të sektorit joqeveritar, institucione relevante shtetërore.

Këshilli Iniciues për themelim të Këshillit Rinor Kombëtar është trup i përbërë nga 16 organizata rinore, i cili u formua përgjatë realizimit të ditëve të rrjetëzimit rinor në Dojran, prej 25-28.10.2012. Në këtë eveniment morën pjesë 39 organizata rinore dhe organizata për të rinjtë, të cilat bashkërisht vendosën strukturë-propozuese fillestare për Këshillin e ardhshëm. Këshilli Iniciues morri mandatin për ta zhvilluar dhe përsosur, njëkohësisht të organizoj Kuvendin Тhemelues.

Qëllimi i debateve të ardhshme publike është dëgjimi i kritikave konstruktive dhe propozimeve nga të gjithë aktorët të cilët do të jenë të involvuar në Këshillin Rinor Kombëtar. Këshilli Iniciues, si trup koordinues, do t’i mbledh dhe inkorporoj mendimet nga debatet në propozim-dokumentet të cilat do t’i paraqiten në fund Kuvendit Themelues. Nisur nga këto shkaqe, besojmë se prania Juaj është tepër e rëndësishme për funksionimin e suksesshëm të procesit, si dhe ndërtimit të legjitimitetit të përhershëm të Këshillit Rinor Kombëtar.

Најава: Трибина „Евтини студентски приказни“

Младински образовен форум (МОФ) ве поканува да присуствувате на престојниот студентски настан на тема „Евтини студентски приказни“, кој ќе се одржи на 17.04.2013 (среда) на факултетот за Земјоделски науки и храна, во 12 часот.

На „Евтини студентски приказни” ќе се одржи јавна дискусија на тема „Студентско организирање“, на која како панелисти ќе говорат Самоил Малчевски (поранешен претседател на СПУКМ), Мирослава Симоновска (новинар во Фокус и ПлусИнфо) и Мартин Алексовски (претставник од МОФ). Посебно место во дискусијата ќе и се даде и на самата публика, која ќе може да ги образложи нејзините ставови и мислења.

На настанот ќе биде прикажан документарн филм за студентското организирање во Македонија. Дополнително, ќе бидат презентирани повеќе можни модели за студентско организирање, со можност за нивно коментирање, дополнување, како и предлагање на нови модели од страна на публиката.

Линк до ФБ настан

Најава: Трибина во Струмица „Основање на национален младински совет“

Ни претставува огромно задоволство да Ве поканиме на јавната дискусија на тема „Основање на Национален младински совет‘‘, која ќе се одржи на ден 10.04.2013 (среда), во просториите на Дом на АРМ (мала сала) – Струмица, со почеток од 11:00 часот. Настанот претставува презентација на сработеното од страна на Иницијативниот Одбор за основање Национален младински совет со цел да поттикне и отвори дискусија во врска со изложеното. Поканети на настанот се претставници на невладиниот сектор како и релевантните државни институции.

Целта на претстојните јавни дискусии е сослушување на конструктивни критики и предлози од сите чинители кои ќе бидат засегнати со Националниот Младински Совет. Иницијативниот Одбор, како координативно тело, ќе ги вклопи собраните мислења од дискусиите во предлог документите и структурата кои ќе бидат претставени на Основачкото Собрание. Од овие причини, веруваме дека Вашето присуство е од непроценлива важност за функционирањето и успешноста на процесот, како и за изградба на легитимитетот на еден постојан Национален Младински Совет.

Иницијативниот Одбор за основање на Национален Младински Совет е тело составено од 16 невладини организации. Самиот Одбор беше формиран за време на деновите на младинско вмрежување, кои се одржаа во Дојран, од 25-28.10.2012. Учество земаа 36 младински организации и организации за млади коишто заедно ја поставија основната предлог структура на идниот Совет. Иницијативниот Одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото Собрание. 

Линк до ФБ настан

Најава: Трибина во Битола „Основање на национален младински совет“

Ни претставува огромно задоволство да Ве поканиме на четвртата по ред јавна дискусија на тема „Основање на Национален младински совет‘‘, која ќе се одржи на ден 05.04.2013 (петок), во просториите на Младински културен центар – Битола, со почеток од 12:00 часот. Настанот претставува презентација на сработеното од страна на Иницијативниот Одбор за основање Национален младински совет со цел да поттикне и отвори дискусија во врска со изложеното. Поканети на настанот се претставници на невладиниот сектор како и релевантните државни институции.

Целта на претстојните јавни дискусии е сослушување на конструктивни критики и предлози од сите чинители кои ќе бидат засегнати со Националниот Младински Совет. Иницијативниот Одбор, како координативно тело, ќе ги вклопи собраните мислења од дискусиите во предлог документите и структурата кои ќе бидат претставени на Основачкото Собрание. Од овие причини, веруваме дека Вашето присуство е од непроценлива важност за функционирањето и успешноста на процесот, како и за изградба на легитимитетот на еден постојан Национален Младински Совет.

Иницијативниот Одбор за основање на Национален Младински Совет е тело составено од 16 невладини организации. Самиот Одбор беше формиран за време на деновите на младинско вмрежување, кои се одржаа во Дојран, од 25-28.10.2012. Учество земаа 39 младински организации и организации за млади коишто заедно ја поставија основната предлог структура на идниот Совет. Иницијативниот Одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото Собрание. 

[Трибина] Евтини студентски приказни – Правен факултет, Скопје

Младински образовен форум (МОФ) ве поканува да присуствувате на претстојниот студентски настан на тема „Евтини студентски приказни“, која ќе се одржи на 03.04.2013 на Правен факултет – Скопје (амф.3), во 13 часот.

На „Евтини студентски приказни“, за прв пат ќе биде промовиран документарниот филм за студентското организирање во Македонија. Дополнително, ќе бидат презентирани повеќе можни модели за студентско организирање, со можност за нивно коментирање, дополнување, како и предлагање на нови модели од страна на публиката.

На настанот ќе се одржи и јавна дискусија на тема „Студентско организирање“, на која како панелисти ќе говорат претставник од МОФ и Џенур Исени (МПФ), а посебно место во дискусијата ќе и се даде и на самата публика, која ќе може да ги образложи нејзините ставови и мислења.

Продолжува консултативниот процес за основање Национален младински совет

На четирите јавни дискусии одржани во февруари и март во Скопје, Куманово, Велес и Штип над 200 млади ги дадоа своите предлози и мислења за тоа како треба да изгледа Националниот младински совет. Иницијативата за основање Национален младински совет продолжува со јавните дисусии во уште 5 други градови во Македонија. Овој процес ќе заврши со организирање на основачко собрание на Националниот младински совет на Република Македонија во јуни оваа година.

„Ова е иницијатива за формирање платформа која понатаму треба да разговара и преговара со институциите за донесување Национална стратегија за млади. Генерално, кај младинските организации постои потреба од формирање вакво претставничко тело и постои поддршка од самите организации“ –  појасни Ивана Давидовска од Центарот за меѓукултурен дијалог на јавната дискусија во Куманово.

„Крајно време е паролата дека младите се иднината да се преформулира во парола младите се сегашноста. Од она што успеавме да го нотираме до сега мислам дека младите и не се толку неактивни и летаргични како што се претставувани насекаде. Можеби нашиот глас не се слуша насекаде, но од досегашните трибини видовме дека младите се желни за акција, сакаат да направат нешто и да го оформат овој совет кој ќе биде мостот до институциите“, рече Дамјан Николовски од Црвен крст на јавната дискусија во Велес.

Даниел Калајџиески од Х.Е.Р.А смета дека со ваквата иницијатива се оди чекор понапред, преку Национален младински совет организациите ќе имаат пристап кон институциите, а од друга страна самите институции ќе имаат партнер во вакво тело при решавања проблеми и прашања кои се однесуваат на младите.

Најава: Трибина во Штип „Сложни млади совет прават“

На ден 26.03.2013 (вторник), во банкет салата – хотел Оаза Штип, со почеток од 12:00 часот ќе се одржи третата по ред јавна дискусија на тема „Основање на Национален младински совет‘‘. Настанот претставува презентација на сработеното од страна на Иницијативниот Одбор за основање Национален младински совет со цел да поттикне и отвори дискусија во врска со изложеното. Поканети на настанот се претставници на невладиниот сектор, релевантните државни институции, како и претставници од повеќето амбасади и конзулати во РМ.