Симулација на судење во СУГС „Шаип Јусуф“

На 06.07.2018 (петок) во просториите на СУГС „Шаип Јусуф“, се одржа симулација на судење во кривична постапка како завршен настан за членовите на програмата Учиме право. Оваа симулација беше подготвена и реализирана од страна на членовите на Учиме право клубот од Шуто Оризари, под менторство на нивните предавачи Доан Сулејманоски и Емилија Наумовска. Случајот опфати кривични дела поврзани со загрозување на јавниот ред и мир, предизвикување на тепачка или друго насилство. Учениците се ставија во улога на судии, обвинети, адвокати, оштетени и на практичен начин ги демонстрираа стекнатите знаења и вештини од областа на казненото право и преку оваа симулација, учениците имаа прилика да се запознаат со сите фази на постапката.

Младински образовен форум стои на располагање за секаков вид на соработка со СУГС „Шаип Јусуф“, но и со останатите средни училишта на териториите на општините во Република Македонија.

Завршен настан на почетниот Учиме право клуб во Тетово – Симулација на судење

На 16.06.2018 година со почеток во 12:00 часот во големата сала за состаноци на Советот на општина Тетово се одржа завршниот настан за почетниот Учиме право клуб од Тетово за оваа учебна година – симулација на судење во кривична постапка. Оваа симулација беше подготвена и реализирана од страна на членовите на почетниот Учиме право клуб во Тетово, под менторство на нивните предавачи Биљана Павлоска и Стевица Младеновски. Тие се ставија во улога на судии, адвокати, обвинети, оштетени и вештаци и на практичен начин ги демонстрираа стекнатите знаења и вештини од областа на казненото право и кривичната постапка кои беа изучувани во текот на второто полугодие од учебната година, предвидени во годишниот курикулум на програмата Учиме право. Случајот опфати кривични дела поврзани со нанесување телесни повреди и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Младите Тетовчани со голема прецизност и умерена доза на театралност одлично ги доловија сите фази на постапката и особено главната расправа. Голема благодарност и честитки до сите учесници во симулацијата, како и до предавачите и локалниот координатор за одлично спроведената симулација на судење.

Посета на Народен правобранител во Тетово

На 18.01.2018 година беше организирана посета на подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово во која учество земаа 30-тина членови на Учиме право клубовите. Тие се запознаа со сите вработени и со нивните надлежности и работни задачи. Потоа, Народната правобранителка ги запозна поблиску со структурата на оваа институција и со надлежностите кои ги има Народниот правобранител. Исто така, таа им го објасни и начинот на постапување по претставките, структурата на претставките и како тие како граѓани можат да поднесат претставка и за каков вид на проблем. Присутните поразговараа и за измените на Законот за народен правобранител, а на крајот разгледаа и некои случи во кои постапувал Народниот правобранител.

Предновогодишен настан 28.12.2017

На 28.12.2017 година (четврток) во просториите на Канцеларијата за млади на општина Центар се одржа традиционалниот квиз за проверка на знаењата на членовите на скопските почетни и напредни Учиме право клубови. 30-тина средношколци – членови на клубовите се поделија во мешани тимови и ги одговараа поставените прашања во пет категории: „Учиме право“, „Општа култура“, „Како беше текстот?“, „Гатанки“ и „Учиме право 2“. Read More

Посета на Собранието на Република Македонија

Со посета на Собранието на Република Македонија на 27-ми декември 2017, програмата Учиме право на МОФ ја реализираше последната планирана активност за ова полугодие. Група од 60-тина средношколци, членови на скопските Учиме право клубови се запозна со историјатот на Собранието, надлежностите и начинот на кој функционира институцијата. Read More

Посета на Основен суд Куманово

На 27.12.2017 дел од членовите во почетниот Учиме право клуб во рамки на програмските активности беа на посета на Основниот суд во Куманово, како трет по големина во Република Македонија.

Учениците беа пречекани од страна на претседателката на судот, судијката Снежана Манев. Тие имаа можност да се запознаат со работата на судот, со неговиот делокруг на работа, како и тоа како изгледа еден работен ден на судијата. Read More

Симулација на судење „Не дискриминирај“ 23.11.2017

Членовите на програмата Учиме право при Младинскиот образовен форум симулираа судење за случај со дискриминација во образовен процес. Настанот имаше за цел да ја запознае јавноста, а особен младите со дискриминацијата – во овој случај онаа која се случува врз основа на попреченост во развојот. Преку симулацијата присутните можеа да се запознаат со парничната постапка, нејзиниот тек и нејзината функција како механизам за заштита од дискриминација. Read More

Обука за нови предавачи во Учиме право клубовите 2017/2018

На 11 и 12 ноември (сабота и недела) во просториите на Канцеларија за млади на општина Центар се одржа обуката за нови предавачи по Учиме право. На оваа обука учество земаа 24 учесници од Скопје, Куманово, Тетово, Гевгелија, Богданци, Неготино, Дојран, Битола, Прилеп и Велес. За оваа цел, Младински образовен форум распиша јавен повик на кој учесниците беа избрани врз основа на поднесена апликација која се состоеше од кратка биографија, мотивационо писмо, како и пополнување на формулар со дополнителни прашања. Read More

Гостинско предавање од страна на адвокатката Натали Петровска 19.06.2017

На 19-ти јуни (понеделник) 2017 година во просториите на ГЕМ Клуб, членовите на скопските Учиме право клубови присуствуваа на гостинско предавање одржано од страна на адвокатката Натали Петровска која е и в.д. Извршна директорка на Коалицијата Сите за правично судење. Средношколците имаа прилика да слушнат и научат нешто повеќе за тоа каков вид на образование и работно искуство се потребни за да се стане адвокат, каква е моменталната состојба со адвокатурата и правосудството во Република Македонија воопшто, но и за казненото право и кривичната постапка кои се специјалност на адвокатката Петровска. Read More

Посета на Канцеларија на Народен правобранител

На 20-ти април 2017 година, група од 20-тина средношколци од скопските средни училишта ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија. Средношколците беа предводени од нивните предавачи и ментори. Оваа група беше примена од страна на народниот правобранител г-н Иџет Мемети. Тој ги запозна учениците со поставеноста на Народниот правобранител, надлежностите и начинот на кој оваа канцеларија постапува по поднесените престваки од страна на граѓаните на РМ или по предмети по сопствена иницијатива, а имаа можност и да поставуваат прашања. Read More