Предновогодишен настан 28.12.2017

На 28.12.2017 година (четврток) во просториите на Канцеларијата за млади на општина Центар се одржа традиционалниот квиз за проверка на знаењата на членовите на скопските почетни и напредни Учиме право клубови. 30-тина средношколци – членови на клубовите се поделија во мешани тимови и ги одговараа поставените прашања во пет категории: „Учиме право“, „Општа култура“, „Како беше текстот?“, „Гатанки“ и „Учиме право 2“. Read More

Посета на Собранието на Република Македонија

Со посета на Собранието на Република Македонија на 27-ми декември 2017, програмата Учиме право на МОФ ја реализираше последната планирана активност за ова полугодие. Група од 60-тина средношколци, членови на скопските Учиме право клубови се запозна со историјатот на Собранието, надлежностите и начинот на кој функционира институцијата. Read More

Посета на Основен суд Куманово

На 27.12.2017 дел од членовите во почетниот Учиме право клуб во рамки на програмските активности беа на посета на Основниот суд во Куманово, како трет по големина во Република Македонија.

Учениците беа пречекани од страна на претседателката на судот, судијката Снежана Манев. Тие имаа можност да се запознаат со работата на судот, со неговиот делокруг на работа, како и тоа како изгледа еден работен ден на судијата. Read More

Симулација на судење „Не дискриминирај“ 23.11.2017

Членовите на програмата Учиме право при Младинскиот образовен форум симулираа судење за случај со дискриминација во образовен процес. Настанот имаше за цел да ја запознае јавноста, а особен младите со дискриминацијата – во овој случај онаа која се случува врз основа на попреченост во развојот. Преку симулацијата присутните можеа да се запознаат со парничната постапка, нејзиниот тек и нејзината функција како механизам за заштита од дискриминација. Read More

Обука за нови предавачи во Учиме право клубовите 2017/2018

На 11 и 12 ноември (сабота и недела) во просториите на Канцеларија за млади на општина Центар се одржа обуката за нови предавачи по Учиме право. На оваа обука учество земаа 24 учесници од Скопје, Куманово, Тетово, Гевгелија, Богданци, Неготино, Дојран, Битола, Прилеп и Велес. За оваа цел, Младински образовен форум распиша јавен повик на кој учесниците беа избрани врз основа на поднесена апликација која се состоеше од кратка биографија, мотивационо писмо, како и пополнување на формулар со дополнителни прашања. Read More

Гостинско предавање од страна на адвокатката Натали Петровска 19.06.2017

На 19-ти јуни (понеделник) 2017 година во просториите на ГЕМ Клуб, членовите на скопските Учиме право клубови присуствуваа на гостинско предавање одржано од страна на адвокатката Натали Петровска која е и в.д. Извршна директорка на Коалицијата Сите за правично судење. Средношколците имаа прилика да слушнат и научат нешто повеќе за тоа каков вид на образование и работно искуство се потребни за да се стане адвокат, каква е моменталната состојба со адвокатурата и правосудството во Република Македонија воопшто, но и за казненото право и кривичната постапка кои се специјалност на адвокатката Петровска. Read More

Посета на Канцеларија на Народен правобранител

На 20-ти април 2017 година, група од 20-тина средношколци од скопските средни училишта ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија. Средношколците беа предводени од нивните предавачи и ментори. Оваа група беше примена од страна на народниот правобранител г-н Иџет Мемети. Тој ги запозна учениците со поставеноста на Народниот правобранител, надлежностите и начинот на кој оваа канцеларија постапува по поднесените престваки од страна на граѓаните на РМ или по предмети по сопствена иницијатива, а имаа можност и да поставуваат прашања. Read More

Посета на Основен суд Скопје 2 – Скопје

Програмата Учиме право при Младински образовен форум во рамки на својот курикулум спроведува активности за посета на институции со цел за доближување на институциите до младите. Во месец март клубовите од Скопје во повеќе групи имаа можност да го посетат Основниот суд Скопје 2 Скопје. Покрај посетата, тие имаа прилика да се запознаат со работата и надлежностите на судот. Read More

Симулација на случај „Заборави ако можеш“ 16.03.2017

На 16.03.2017 во просториите на ГЕМ клубот Менада, се одржа симулација на казнена постапка и главна расправа на случајот „Заборави ако можеш“ кој ја опфаќа темата трговија со луѓе каде што на најдиректен начин се прекршуваат основните човекови слободи и права. Оваа симулација беше спроведена од страна на членовите на почетниот Учиме право клуб кој го водат Давид Мијовски, Ивана Петковска, Лејла Тутиќ и Петар Гризо. Read More

Трибина и промоција на Советодавниот сервис за права на млади во Велес

На 07 декември (понеделник) 2015 година со почеток во 13:00 часот во просториите на Фондација „Фокус“ во Велес ќе се одржи трибина за презентирање и запознавање со работата на Советодавниот сервис за права на млади (www.mof.mk/servismladi).

Овој настан е организиран од страна на Младински образовен форум и е со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

На оваа трибина ќе се презентира микро-сајтот кој функционира во рамките на www.mof.mk, како и алатката „Постави прашање“, наменета за средношколците, студентите и младите преку која овие групи на млади граѓани можат да постават прашање и да се обратат до Сервисот со цел да добијат помош и насоки во справувањето со секојдневните локални и административни проблеми во рамките на својата локална заедница, државните и образовните институции.

Ќе се презентираат брошурите „Средношколски дилеми и проблеми“ и „Студентски дилеми и проблеми“ изработени во рамките на проектот „Советодавен сервис за права на млади“ и ќе бидат поделени примероци помеѓу присутните.

Тука ќе бидат претставени и конкретни случаи кои биле упатени до Советодавниот сервис и по кои истиот постапувал.

На крајот на трибината сите присутни гости ќе имаат прилика и можност да постават прашања до Советодавниот сервис и да добијат одговор на своите прашања и барања во рок од 7 дена од тимот на овој Сервис. Целта е младите да се инспирираат и охрабрат да поставуваат повеќе прашања кои би воделе кон остварување на своите права.