Повик за работилница за млади

Повик за учесници на
Работилница за градење на доверба и медијација за млади

 

Младински сојуз Крушево (МСК), Центар за Балканска соработка – Љоја и Младински образовен форум (МОФ) во рамките на Проект за младинско изразување поддржан од Европската Унија објавуваат повик за учесници на работилница за градење доверба и медијација за претставници од младинските совети, невладини организации и неформлани групи на граѓани од: Скопје, Тетово, Крушево, Куманово, Велес, Битола, Струга и Неготино. Работилницата ќе биде тродневна и ќе се одржи од 18 – ти до 20 – ти ноември 2018 (недела – вторник) во Крушево.

Учесниците ќе поминат низ теми како што се: тимска работа и градење на доверба, лидерство и донесување одлуки во групи; и ќе им бидат понудени техники за трансформација на конфликти, комуникација и медијација, основана на конкретни примери кои опфаќаат теми како што се стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.

Кандидатите за учество на работилницате треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се млади на возраст од 16 до 26 години;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за темите на работилницaтa;
  • Да покажуваат интерес за вклучување во идни акции по работилницaтa;
  • Да се во можност да учествуваат на трите денови од работилницата во закажаниот термин.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 14 – ти ноември 2018 година (среда), преку испраќање на пополнета пријава на contact@youthalliance.org.mk Пријавата за учество може да се преземе тука или од: https://www.youthalliance.org.mk/

Бројот на учесници е ограничен. Учеството на работилницата е бесплатно – сместување, транспорт и храна. Работилницата ќе биде реализирана од искусни обучувачи од Љоја, МОФ и МСК. Работниот јазик ќе биде македонски и албански, а ќе биде обезбеден консекутивен превод. На работилницата ќе има простор за 40 учесници. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите како и географската застапеност.

По завршување на работилницате учесниците ќе имаат можност да формираат тимови и да аплицираат со предлог проект за акции преку кои ќе ги имплементираат новонаучените вештини, техники и знаења. Најдобриот предлог концепт ќе биде награден за да може да се реализира до декември 2018 со менторство на искусни професионалци од МОФ, Љоја и МСК.

Со организација на овие работилници „Проектот за младинско изразување“ цели младите да станат лидери во промовирањето на слободата на изразување, човековите права, интеграцијата и креатори на промени за слободно и одговорно инклузивно општество. Работилниците се имплементирани од Младински образовен форум, Центар за Балканска Соработка – Љоја и Младински Сојуз – Крушево, а финансиски поддржани од Европската Унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016 – 2017.


Thirrje për punëtori për ndërtimin e besimit dhe mediacionit për të rinjë

 

Forumi Rinor Arsimor (FRA), Qendra për Bashkëpunim Ballkanik – Loja, dhe Këshilli Rinor Krushevë  (KRK) në kuadër të projektit për shprehje rinore i mbështetur nga Unioni Evropian shpallin thirrje për pjesëmarrje në punëtorinë për ndërtim të besimit dhe mediacion për përfaqësuesit e këshillave rinor, organizatave joqeveritare dhe grupeve joformale të qytetarëve nga: Shkupi, Tetova, Krusheva, Kumanova, Velesi, Manastiri, Struga dhe Negotina. Punëtoria do të zgjat tre ditë dhe do të mbahet nga  18 – 20 nëntor 2018 (e Diel – e Martë) në Krushevë.

Pjesëmarrësit do të kalojnë nëpër tema siç janë: puna ekipore dhe ndërtimi i besimit, lidershipi dhe sjellja e vendimeve në grup si dhe do ju ofrohen teknika për transformimin e konflikteve, komunikimin dhe mediacionin të bazuara në shembuj konkret që përfshinë tema siç janë stereotipet, paragjykimet dhe diskriminimi.

Kandidatët që duan të jenë pjesë e këtyre punëtorive duhet t’i plotësojnë këta kushte:

  • Të jenë të rinjtë nga mosha 16 deri në moshën 26 vjeçare;
  • Të shprehin interesim dhe gadishmëri për temat e punëtorisë;
  • Të shprehin interesim për kyçje në aksionet e ardhshme pas punëtorisë;
  • Të jenë të gatshëm që të marrin pjesë gjatë tre ditëve të parapara për punëtori.

Të gjithë të interesuarit mund të lajmërohen më së vonti deri më 14 Nëntor (e Mërkurë) 2018 duke dërguar aplikacionin e plotësuar në contact@youthalliance.org.mk. Aplikacioni për pjesëmarrje mund të merret nga https://www.youthalliance.org.mk/

Numri i pjesëmarrësve është i limituar. Pjesëmarrja në punëtori është pa pagesë – të gjitha shpenzimet për akomodim, transport dhe ushqim janë të mbuluara nga organizatorët. Punëtoria do të realizohet nga trajnues me përvojë të FRA, LOJA, KRK-ës.

Gjuhët që do të përdoren gjatë punëtorisë do të jenë gjuha shqipe dhe maqedone dhe do të sigurohet përkthim konsekutiv. Në punëtori do të ketë mundësi për 40 pjesëmarrës. Gjatë selektimit të pjesëmarrësve do të merret parasysh balansi etnik dhe gjinor i grupit si dhe përfaqësimi gjeografik.

Pas mbarimit të secilës punëtori pjesëmarrësit do të kenë mundësi që të formojnë ekipe dhe të aplikojnë me projekt propozime për aksione nëpërmjet të cilave mund t’i implementojnë aftësitë, shkathtësitë dhe diturinë e përfituar. Projekt koncepti më i mirë prej seciles punëtori do të shpërblehet që të mund te realizohet deri në dhjetor të vitit 2018 me mentorim të profesionistëve me përvojë prej FRA, LOJA, KRK-ës.

Me organizimin e këtyre punëtorive “Projekti për shprehje rinore” ka për qëllim që të rinjtë të bëhen lider në promovimin e lirisë së shprehjes, të drejtat e njeriut, integrimit si dhe të jenë kreatorë të ndryshimeve për një shoqëri të lirë, përgjegjëse dhe inkluzive. Punëtoritë implementohen nga Forumit Rinor Arsimor (FRA), Qendrës për Bashkëpunim Ballkanik – Loja, dhe Këshillit Rinor – Krushevë (KRK) kurse është e financuar nga Unioni Europian në kuadër të IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016 – 2017.

Повик за доделување грантови

Повик за доделување грантови на граѓански организации кои дејствуваат како промотори на слободата на изразување во локалните заедници

За Проект за  младинско изразување

Во склоп на Проектот за младинско изразување ,„Youth Expression Project“ финансиран од Европската унија кој се спроведува од Младински образовен форум во соработка со Младински сојуз Крушево и Центарот за балканска соработка – Љоја, се отвора повик за доделување на грантови.

Целта на проектот е да се придонесе кон тоа младите да станат лидери во промоција на слободата на изразување, човековите права и интеграција и двигатели на промена за слободно и општествено одговорно инклузивно општество. Во рамки на проектот ќе бидат отворени повици за поддршка на проекти за два циклуси на регрантирање на граѓански организации кои делуваат како промотери на слободата на изразување во локалните заедници.

 

Повикот цели да ги оствари следните резултати:

Повикот за регрантирање цели да се создаде простор за позиционирање на младите преку тоа што ќе се подобри нивото на учество и вклучување, користењето на правата и слободите на младите и ангажираноста и влијанието на политиките на локално и национално ниво.

Преку финансирањето на граѓанските организации Проектот цели да ги оствари следните резултати:

  1. Организациите да креираат силни процеси за застапување и да изградат механизми за соработка со институциите и засегнатите страни;
  2. Активностите на граѓанските организации да се имплементираат на начин што ќе го зајакне младинското позиционирање и видливоста на младите и младинското учество;
  3. Активностите на граѓанските организации во процесот на ре-грантирање да го подобрат нивниот организациски развој и опсег;
  4. Застапувањето на граѓанските организации да биде врз основа на докази, односно преку методите на истражување, анализа и набљудување;
  5. Унапредени модели на младинско учество, организирање и вклучување во процеси на носење одлуки;
  6. Зголемено разбирање за основните права, зголемена инклузија на младите и имплементирање на успешни практики.

 

Вкупниот износ на средствата за финансирање на граѓански организации предвидени за овој повик изнесува 30.000 евра. Буџетите во рамки на предлог проектите доставени на овој повик треба да изнесуваат минимум 1.000 евра, а максимум 7.500 евра. Буџетот на повеќето грантови се очекува да изнесува околу 5.000 евра.

Активностите во предлог-проектите доставени на овој повик за доделување на грантови треба да траат од 6 (шест) до 9 (девет) месеци.

Рокот за поднесување на проектните апликации е 30-ти ноември, до 17:00 часот. Апликациите поднесени на овој повик потребно е да ги содржат компјутерски и уредно пополнети документите наведени во листата на потребни документи, а се доставуваат во електронска форма на адресата yep@mof.org.mk. Апликациите кои ќе пристигнат по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Листа на потребни документи за целосна апликација

Граѓанските организации потребно е да ги поднесат нивните апликации преку користење на формуларот за аплицирање, кој ги вклучува следните составни делови:

  1. Формулар за аплицирање (линк);
  2. Скенирана копија на последната страница од формуларот за аплицирање (со печат и потпис);
  3. Формулар за буџет (линк);
  4. Копија од тековна состојба, не постара од 6 месеци од денот на поднесување на апликацијата;
  5. Наративен и финансиски извештај за работата на организацијата 2017 или линкови до истите;
  6. Работни биографии (CV) на проектниот тим;
  7.  Копија од ревизиски извештај за 2017 година (опционо).

 Дополнителни информации

За дополнителни информации кои се однесуваат на поднесувањето на предлог-апликациите може да се обратите на yep@mof.org.mk со назнака [Инфо] Повик за регрантирање, најдоцна до 23-ти ноември 2018 за да може да добиете одговори на време, пред истекот на крајниот рок. Од страна на Проектот ќе биде организирана и информативна сесија за заинтересираните апликанти на 21-ви ноември 2018 (среда) во ЕУ Инфо центарот со почеток во 11:00 часот. Повеќе детали за типовите на активности, подобните трошоци, критериумите за одлучување и начинот на аплицирање можете да најдете во документот „Повик за регрантирање“ и „Упатство за буџетирање

 

 

Повик за нови членови на клубови на МОФ

Повик за нови членови на  клубови на МОФ 

Отворен е повикот за нови членови на средношколските клубови за: Дебата, Учиме право и Медиа/Арт!

Што е Дебатен клуб
Преку интерактивни неделни предавања во Дебатниот клуб ќе да научиш како да се справиш со тремата од јавни говори, убедливо и структурирано да ги искажуваш твоите ставови, а ќе имаш прилика да посетиш национални и меѓународни дебатни турнири. Ова е одлична можност да научиш како аргументирано да се изразуваш, и да изградиш вештина која ќе ти се најде во твоето секојдневие без разлика дали е тоа подготвување на есеј, говор или презентација.

Што е Учиме Право клуб?
Учиме  право клубот ќе те запознае со твоите права како средношколец и граѓанин и начините на кои еден млад човек може да ги заштити своите права. Ќе се запознаеш со основата на нашиот правен систем и начинот на кој функционираат институциите во едно општество. Програмата нуди посета на институции и судови, сиумулации на вистински судења и низа интерактивни активности низ кои ќе се запознаваш со правото во текот на целата година.

Што е Медиа/Арт клуб?
Медиа/Арт клубовите нудат прилика за младите креативци да се запознаат со основни алатки за креативно изразување. Новинарство, креативно пишување, изработка на фотографии, фанзини и дигитална обработка на фотографии и видеа се само дел од содржините кои ги опфаќа оваа програма.

Зошто да се зачленам во средношколски клуб?
Учеството во секој од клубовите е целосно бесплатно за секого. Знаењата и вештините кои ќе ги стекнеш преку младинските клубови на МОФ ќе ти овозможат да се изградиш како активна млада личност свесна за своите права и подготвена да се сноси со предизвиците од секојдневието. Средношколските клубови функционираат во пријателска атмосфера која ќе ти овозможи стекнување на нови пријателства и искуства поразлични од оние со кои се среќаваш во формалното образование.

Ми се допаѓа! Како можам да се пријавам?
Клубовите ќе бидат отворени во: Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Битола, Крушево и Струга. На следниот линк може да се пријавиш за клубот кој најмногу те привлекува и да дознаеш кои клубови ги има во твојот град: https://goo.gl/forms/t3YHBdkiQsfhTtaD2
Доколку сакаш можеш неколку пати да ја пополниш пријавата за да се зачлениш во неколку различни средношколски клубови.

Имаш прашања? Пиши ни на: obuki@mof.org.mk

Оваа активност е дел од Проектот за младинско изразување. Проектот е финансиран од Европската унија.

Thirrje për anëtarë të ri në klubet e MOF

Është hapur thirrje për anëtarë të ri në klubet e nxënësve të shkollave të mesme për: Debat, Mësojmë drejtësi dhe Media/ Art!

Çfarë është Klubi debatues

Nëpërmjet ligjëratave javore interaktive në Klubin e debatit do të mësosh si të përballesh me tremën nga fjalimet publike, në mënyrë bindëse dhe të strukturuar të shprehësh qëndrimet tënde, ndërsa do të kesh rastin të vizitosh edhe turne nacionale dhe ndërkombëtare të debatit.

Kjo është mundësi e shkëlqyer se si të shpreheni në mënyrë të argumentuar, dhe të ndërtosh shkathtësi e cila do të të gjendet gjatë përditshmërisë tënde pa dallim nëse do të përgatiteni për ese, fjalim ose prezantim.

Çfarë është Klubi Mësojmë drejtësi?
Klubi mësojmë drejtësi, do të të njoftojë me të drejtat tënde si nxënës i shkollës së mesme dhe qytetar në lidhje me mënyrën si një i ri mund t’i mbrojë të drejtat e veta. Do të njoftohesh me bazën e sistemit tonë juridik dhe mënyrën se si funksionojnë institucionet në një shoqëri.  Programi ofron vizitë në institucione dhe gjykata, simulime të gjykimeve të vërteta dhe një sërë aktivitete interaktive nëpërmjet të cilave do të njoftohesh me të drejtën gjatë gjithë vitit.

Çfarë është Media / Art klubi?
Media / Art klubet ofrojnë rastin për krijuesit e rinj të njoftohen me veglat themelore për shprehje kreative.  Gazetaria, shkrimi kreativ, përpunimi i fotografive, revista dhe përpunimi digjital i fotografive dhe videove janë vetëm një pjesë e përmbajtjeve të cilat i përfshin ky program.

Pse të anëtarësohemi në klubin e nxënësve të shkollave të mesme?
Pjesëmarrja në secilin klub është tërësish pa pagesë, për secilin.  Dijen dhe shkathtësitë të cilat do ti fitosh nëpërmjet klubeve rinore të MOF do të të mundësojnë të formohesh  si person i ri aktiv, i vetëdijshëm për të drejtat e veta i gatshëm t’ju bësh ballë sfidave të përditshmërisë. Klubet e shkollave të mesme funksionojnë në atmosferë miqësore e cila do të mundësojë të fitoni miq, përvoja të reja më ndryshe nga ato, të cilat i hasni gjatë arsimit formal.

Më pëlqen!  Si mund të paraqitem?
Klubet do të hapen në: Shkup, Tetovë, Kumanovë, Veles, Manastir, Krushevë dhe Strugë.  Në linkun më poshtë mund të paraqitesh për klubin i cili të tërheq më tepër dhe të kuptosh cilat klube, gjenden në qytetin tënd: https://goo.gl/forms/t3YHBdkiQsfhTtaD2

Nëse dëshiron ke mundësi disa herë të plotësosh fletëparaqitjen në mënyrë që të anëtarësohesh në disa klube të ndryshme të nxënësve të shkollave të mesme.

Ke pyetje? Na shkruaj në: obuki@mof.org.mk


Ky aktivitet është pjesë e Projektit për shprehje rinore. Projekti financohet nga Bashkimi Evropian.

 

Повик за работилница за студенти

Центар за Балканска соработка – Љоја, Младински сојуз Крушево (МСК) и Младински образовен форум (МОФ) во рамките на Проект за младинско изразување поддржан од Европската Унија објавуваат повик за учесници на работилница за градење доверба и медијација за студенти од: Скопје, Тетово, Крушево, Куманово, Велес, Битола, Струга и Неготино. Работилницата ќе биде тродневна и ќе се одржи од 25 – 27 октомври 2018 (четврток – сабота) во Хотел Пела, Охрид.

Учесниците ќе поминат низ теми како што се: тимска работа и градење на доверба, лидерство и донесување одлуки во групи; и ќе им бидат понудени техники за трансформација на конфликти, комуникација и медијација, основана на конкретни примери кои опфаќаат теми како што се стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.

Кандидатите за учество на работилницате треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се студенти од универзитетите во државата;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за темите на работилницaтa;
  • Да покажуваат интерес за вклучување во идни акции по работилницaтa;
  • Да се во можност да учествуваат на трите денови од работилницата во закажаниот термин.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 20-ти октомври 2018 година (сабота), преку испраќање на пополнета пријава lojaeducation@gmail.com. Пријавата за учество може да се преземе од веб страницата на Љоја на линкот.

Бројот на учесници е ограничен. Учеството на работилницата е бесплатно – сместување, транспорт и храна. Работилницата ќе биде реализирана од искусни обучувачи од МОФ, Љоја и МСК. Работниот јазик ќе биде македонски и албански, а ќе биде обезбеден консекутивен превод. На работилницата ќе има простор за 40 учесници. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите како и географската застапеност.

Целосниот повик на македонски јазик можете да го преземете тука:

MK – Повик за работилница за студенти

MK – Апликација за работилница за студенти

Thirrje për punëtori për ndërtimin e besimit dhe mediacionit për studentë

Forumi Rinor Arsimor (FRA), Qendra për Bashkëpunim Ballkanik – Loja, dhe Këshilli Rinor Krushevë  (KRK) në kuadër të projektit për shprehje rinore i mbështetur nga Unioni Evropian shpallin thirrje për pjesëmarrje në punëtorinë për ndërtim të besimit dhe mediacion për nxënës të shkollave të mesme prej: Shkupi, Tetove, Krusheve, Kumanove, Velesi, Manastiri, Struge dhe Negotine. Punëtoria do të zgjat tre ditë dhe do të mbahet prej  25 – 27 tetor 2018 (e enjte – e shtunë) në hotel Pella  në Ohër.

Pjesëmarrësit do të kalojnë nëpër tema siç janë: puna ekipore dhe ndërtimi i besimit, lidershipi dhe sjellja e vendimeve në grup si dhe do ju ofrohen teknika për transformimin e konflikteve, komunikimin dhe mediacionin të bazuara në shembuj konkret që përfshinë tema siç janë stereotipet, paragjykimet dhe diskriminimi.

Kandidatët që duan të jenë pjesë e këtyre punëtorive duhet t’i plotësojnë këta kushte:

  • Të jenë studentë te universiteteve të shtetit;
  • Të shprehin interesim dhe gadishmëri për temat e punëtorisë;
  • Të shprehin interesim për kyçje në aksionet e ardhshme pas punëtorisë;
  • Të jenë të gatshëm që të marrin pjesë gjatë tre ditëve të parapara për punëtori.

Të gjithë të interesuarit mund të lajmërohen më së voni deri më 2o tetor 2018 (e shtunë) duke dërguar aplikacionin e plotësuar në lojaeducation@gmail.com. Aplikacioni për pjesëmarrje mund të merret preј: http://cbcloja.org.mk/thirrje-per-punetori-per-ndertimin-e-besimit-dhe-mediacionit-per-studente/ 

Ju mund të shkarkoni thirrjen e plotë në gjuhën shqipe këtu.

AL – Thirje per pjesemarje studente final

AL – Aplikim për pjesëmarrje studente

Oдржани првите работилници за медијација

Oдржани првите работилници за градење доверба и медијација за средношколци

Младински образовен форум и Центарот за балканска соработка – Љоја на 27-29 септември на Попова Шапка организираа Работилници за градење доверба и медијација за средношколци. Работилниците беа организирани во рамки на Проектот за младинско изразување (Youth Expression Project) и вклучија вкупно 41 учесник од Скопје, Тетово, Неготино, Куманово, Крушево, Велес и Струга.

Целта на работилниците беше  до учесниците да се доближат методите на ненасилна комуникација, донесување одлуки во група и медијација. Покрај тоа учесниците работеа и на техники на препознавање на разни видови насилство и решавање на конфликти.

Обучувачите ги креираа активностите и вежбите за учесниците активно да можат да се вклучат во нив и практично да се пренесат вештините од областа на ненасилна комуникација и градење доверба помеѓу младите. Последниот ден од работилницата беше наменет за креирање на идни активности и разменување на идеи за начини на кои стекнатите знаења ќе може да се споделат во средините од кои доаѓаат учесниците.

Формираните тимови од учесници ќе имаат прилика да аплицираат со идеи за идни активности и да добијат поддршка и ментор за нивно реализирање до крајот на оваа година.

Можеби свежиот воздух на Шапка беше причината за чистината на нашата соработка и меѓусебниот однос што го имавме, но јас повеќе сакам да верувам дека сета љубезност и заинтересираност за туѓиот збор потекнуваше од вистинската воља на нашите срца. Поминав 3 прекрасни дена запознавајќи се со многу различни карактери, но иако не се сложував со сечие размисмување, обуките ме потсетија дека е потребно да оддадеме почит и на различниот став. Воедно и сфатив дека и покрај тоа што повеќе пати слушнав дека многумина сакаат да си заминат од државава, со сите луѓе коишто таму ги запознав, Македонија може да ја има иднината што ја бараме надвор од неа.“ – вели за работилницата Николија Пехчевска од Скопје.

„Искрено сето она  што го очекував беше исполнето и бев задоволен од работилницата. Неочекувано но пријатно ме изненади тоа што целава работилница влијаење на нас позитивно. Бевме сите толку отворени едни спрема други што за момент се почуствував како со години да ги познавам сите учесници.“– споделува Бојан Љотиќ од Скопје.

Обуката беше одлична и од организациски аспект и во поглед на содржината. Имавме можност да научиме интересни и нови работи кои се надедвам ќе ги споделиме со нашите врсници. Имавме одлично искуство и можност да стекнеме нови пријателства и да размениме наши мислења. Неформалното образование, односно овој тип на обуки мислам дека се повеќе од потребни посебно за младите во нашето општество затоа што влијаат доста позитивно во начинот на нивното размислување. – вели Сара Шаќири од Струга.

Работилниците ги реализираа обучувачи од МОФ и Љоја: Антонио Даниловски, Александра Сарџоска, Фари Хисени, Димитар Низамовски, Блерим Јашари и Гзим Османи.

Работилниците за градење доверба и медијација на средношколци се дел до Проектот за младинско изразување – финансиран од Европската Унија а имплементиран од Младински образовен форум, Центар за балканска соработка – ЛОЈА и Младински сојуз – Крушево. Проектот за младинско изразување е креиран во насока на поттикнување и општествено активирање на младите преку низа активности, кампањи и обуки наменети за нив. Дополнително, проектот отвора простор за градење на капацитетите на граѓанските организации во полето на слобода на изразување. Проектот се реализира од 1 јануари 2018 до 30 јуни 2020.

Одржан тренинг за нови тренери

Викендот 21-23 септември во Скопје, во Јавна соба се одржа Тренинг за нови тренери во младинските клубови на МОФ.
Тренингот беше наменет за членови на МОФ кои имаат поминато неколку годишни обуки како членови во клубовите за Дебата, Учиме Право или Медиа/Арт, а сакаат понатаму да останат вклучени во истите и активно да придонесат во процесот на неформално образование на млади.

Тренингот за тренери беше поделен во три паралелни траки, соодветно на програмите во склоп на кои работат младинските клубовите на МОФ: Дебатна трака, трака за нови предавачи во Учиме право клубовите и трака за предавачи во Медиа/Арт клубовите.

Ѓорѓи Димески и Вилдан Дрпљанин ги водеа предавањата за новите предавачи во дебатните клубови. За време на сесиите на тренингот тие поминаа содржини од областа на: користење на дебатата како едукативна алатка, основи на World Schools форматот, аргументација и видови аргументи, улога на говорници во една дебата и видови тези на кои може да се дебатира. Вкупно 15 млади луѓе активно учествуваа на овие предавања.

Идните предавачи во Учиме Право клубовите имаа прилика да дискутираат за интерактивни методи преку кои младите може да се запознаат со основите на правниот систем и како на новите членови да им се приближат содржини од областа на: основни човекови права и слободи, казнено и граѓанско право и институции и политики на Европската унија. Со 6те учесници во оваа трака работеа Ивана Петковска и Лејла Тутиќ.
Антевски Петар и Ивона Кузмановска работеа со новите предавачи во Медиа/Арт клубовите. Групата од 6 предавачи работеше на теми од областа на: креативност на улица, слободно изразување, онлајн наспроти офлајн, активно граѓанство и редефинирање на простор.
Учесниците на овој Тренинг за тренери учествуваа во теоретски и практичен дел каде покрај тоа што имаа прилика да учат од искуството на предавачите и да дискутираат за нивната улога како предавачи кои ќе водат младински клубови, поставуваат прашања, решаваа ситуациони проблеми и направија свои пробни предавања и презентации. Тие ќе имаат прилика активно да се вклучат во работат на младинските клубови кои ќе функционираат во академската 2018/2019.
Тренингот за тренери е дел од Проектот за младинско изразување, Youth Expression Project, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува Младински образовен форум во соработка со Центарот за балканска соработка – ЛОЈА и Младински сојуз – Крушево.

Работилница за градење на доверба

Младински образовен форум (МОФ), Центар за Балканска соработка – Љоја и Младински сојуз Крушево (МСК) во рамките на Проект за младинско изразување поддржан од Европската Унија објавуваат повик за учесници на работилница за градење доверба и медијација за  средношколци од: Скопје, Тетово, Крушево, Куманово, Велес, Битола, Струга и Неготино. Работилницата ќе биде тродневна и ќе се одржи од 27ми до 29ти септември 2018 (четврток – сабота) во Хотел Арена, Попова Шапка.

Учесниците ќе поминат низ теми како што се: тимска работа и градење на доверба, лидерство и донесување одлуки во групи; и ќе им бидат понудени техники за трансформација на конфликти, комуникација и медијација, основана на конкретни примери кои опфаќаат теми како што се стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.

Кандидатите за учество на работилницате треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се средношколци на возраст од 14 до 18 години;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за темите на работилницaтa;
  • Да покажуваат интерес за вклучување во идни акции по работилницaтa;
  • Да се во можност да учествуваат на трите денови од работилницата во закажаниот термин.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 21ви септември 2018 година (петок), преку испраќање на пополнета пријава на obuki@mof.org.mk. Пријавата за учество може да се преземе тука.

Бројот на учесници е ограничен. Учеството на работилницата е бесплатно – сместување, транспорт и храна. Работилницата ќе биде реализирана од искусни обучувачи од МОФ, Љоја и МСК. Работниот јазик ќе биде македонски и албански и ќе биде обезбеден консекутивен превод. На работилницата ќе има простор за 40 учесници. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите како и географската застапеност.

Целосниот повик на македонски јазик можете да го преземете тука.


Forumi Rinor Arsimor (FRA), Qendra për Bashkëpunim Ballkanik – Loja, dhe Këshilli Rinor Krushevë  (KRK) në kuadër të projektit për shprehje rinore i mbështetur nga Unioni Evropian shpallin thirrje për pjesëmarrje në punëtorinë për ndërtim të besimit dhe mediacion për nxënës të shkollave të mesme prej: Shkupi, Tetove, Krusheve, Kumanove, Velesi, Manastiri, Struge dhe Negotine. Punëtoria do të zgjat tre ditë dhe do të mbahet prej  27 deri më 29 shtator 2018 (e Enjte – e Shtunë) në hotel Arena në Kodrën e Diellit.

Pjesëmarrësit do të kalojnë nëpër tema siç janë: puna ekipore dhe ndërtimi i besimit, lidershipi dhe sjellja e vendimeve në grup si dhe do ju ofrohen teknika për transformimin e konflikteve, komunikimin dhe mediacionin të bazuara në shembuj konkret që përfshinë tema siç janë stereotipet, paragjykimet dhe diskriminimi.

Kandidatët që duan të jenë pjesë e këtyre punëtorive duhet t’i plotësojnë këta kushte:

  • Të jenë prej moshës 14-18 vjet;
  • Të shprehin interesim dhe gadishmëri për temat e punëtorisë;
  • Të shprehin interesim për kyçje në aksionet e ardhshme pas punëtorisë;
  • Të jenë të gatshëm që të marrin pjesë gjatë tre ditëve të parapara për punëtori.

Të gjithë të interesuarit mund të lajmërohen më së voni deri më 21 shtator 2018 (e Premte) duke dërguar aplikacionin e plotësuar në obuki@mof.org.mk. Aplikacioni për pjesëmarrje mund të merret prej këtu

Numri i pjesëmarrësve është i limituar.Pjesëmarrja në punëtori është pa pagesë -akomodimi, transporti dhe ushqimi. Punëtoria do të realizohet nga trajnues me përvojë të FRA, LOJA, KRK-ës.

Gjuhët që do të përdoren gjatë punëtorisë do të jetë gjuha shqipe dhe maqedone dhe do të sigurohet përkthim konsekutiv. Në punëtori do të ketë mundësi për 40 pjesëmarrës. Gjatë selektimit të pjesëmarrësve do të merret parasysh balansi etnik dhe gjinor i grupit si dhe përfaqësimi gjeografik.

Pas mbarimit të secilës punëtori pjesëmarrësit do të kenë mundësi që të formojnë ekipe dhe të aplikojnë me projekt propozime për aksione nëpërmjet të cilave mund t’i implementojnë aftësitë, shkathtësitë dhe diturinë e përfituar. Projekt kncepti më i mirë prej seciles punëtori do të shpërblehet që të mund te realizohet deri në dhjetor të vitit 2018 me mentorim të profesionistëve me përvojë prej FRA, LOJA, KRK-ës.

Ju mund të shkarkoni thirrjen e plotë në gjuhën shqipe këtu.