Членовите на скопските Учиме право клубови во посета на Министерството за надворешни работи

45 млади лица – членови на Учиме право клубовите од Скопје, Куманово и Тетово, заедно со нивните предавачи, на 28.02.2018 година беа во посета на Министерството за надворешни работи на Република Македонија како дел од годишниот курикулум на програмата кој предвидува посети на државни институции и органи со цел нивно доближување до младите граѓани на ова општество.

Тие беа пречекани и примени од страна на г-а Аделина Марку, директорка на Директоратот за дипломатска академија и г-а Лолита Хасани, стручен соработник во Директоратот за Европска Унија.

На оваа средба, тие им ги претставија надлежностите на Министерството за надворешни работи, организациската структура и поставеност во самата институција, а зборуваа и за она што е потребно за да се стане дипломат од кариера. Тие дискутираа и околу протоколарните обичаи и практики на министрите, амбасадорите и нивните заменици и останатите членови на дипломатскиот кор во Република Македонија, а на задоволство на присутните, споделија и лични искуства и cialis pas cher приказни поврзани со секојдневната работа и предизвиците со кои се соочуваат во рамките на своето работно место.

На крајот на посетата, членовите на програмата Учиме право добија прилика и да поставуваат прашања и да даваат свои коментари и видувања во однос на моменталната надворешна политика на Република Македонија.

Младински образовен форум ја поздравува оваа соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и се надева на слични заеднички активности во иднина.

Сподели