ENGAGE 2018 со фокус на ангажираност на граѓаните

На 12 мај во Музејот на современа уметност во Скопје се одржа ENGAGE Конференцијата за социјален активизам. На неа активисти, уметници и ангажирани граѓани зборуваа за иницијативи за подобро образование, родова еднаквост, контрола на политичарите и потенцијалот на младите во општеството.

Режисерот Ѓорче Ставрески, чиј филм „Исцелител“ доби бројни и врвни награди, го сподели со присутните процесот на создавање независен филм и тешкотиите со кои се сретнал во Македонија, како и неочекуванот исход од неговиот, сега веќе култен, филм.

Ирена Цветковиќ и Румена Бужаровска како дел од тимот viagra ou cialis зад кампањата #сегакажувам со која се скрши молкот за сексуалното вознемирување, посочија дека голем дел од споделените приказни потекнуваат од образовни институции, но и работното место и домот. Мифонви Никсон од Обединетото Кралство, како претставник на сајтот „Тие работат за тебе“ (They Work for You), ја објасни потребата од следење на работата на политичарите, што тие зборуваат и прават и колку трошат.

„Лошата економска состојба на родителите ги ограничува можностите на децата и го прави музичкото образование невозможен детски сон“, изјави директорот на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ Алвин Салимовски, кој е и еден од основачите на Roma Rock School. Салимовски зборуваше за музиката како средство за поттик и интеграција.

Средношколците Андријана Пејчиновска и Жељко Ненадиќ раскажаа како го организираат настанот OrceTalks за попрогресивно училиште. Арбер Салиху кажа како од напуштена зграда е создаден автономен културен простор Тремокис во Приштина. Елтон Баџаку го презентираше својот филм Скандал. Петар Ниновски ја сподели апликацијата komunicira.me со која може да се научи знаковен јазик.

Со овие настани МОФ се обидува да гради култура на дијалог и аргументирана дебата но и да поттикне креативност во пристапот кон решавање на нашите проблеми и активизмот. ENGAGE годинава беше дел серијата настани организирани по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Сподели