Годишни настани

Младински образовен форум работи на креирање простор за дебата, слободно изразување и  младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младинските права и политики. Низ текот на годините се осмислени и организирани јавни настани кои биле посебно успешни, впечатливи и им оставиле впечаток на посетителите. Поради тоа тимот на МОФ прави напори, дел од своите активности да ги организира на годишно ниво, поради тоа што има потреба од нив и носат нови содржини важни за младите и општеството.

Меѓу овие настани се вбројуваат: Националното дебатно првенство на кое секоја година активните средношколци дебатери се натпреваруваат меѓу себе и се избираат државните шампиони, МОФ Летна академија – на која најактивните членови на МОФ клубовите посетуваат интензивна неколку дневна образовна програма, Аргумент: Организирано изразување преку кој се организира вистинска и структурирана јавна дебата на важни прашања, Конференцијата за друштвен активизам ENGAGE која претставува место за активизам и инспирација и Станица: Студентска – целодневен настан за студентското организирање и образование.

Сподели