Истражувања

 

Програмата за истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики креира и спроведува истражувања кои се примарно насочени кон анализа на квалитетот на образовните и младинските политики.

Програмата е реакција на недостатокот на информации и транспрентност за состојбите во образованието. Со истражувањата кои ги реализира Програмата, се надеваме дека ќе обезбедиме можност за креирање на поефективни и поинклузивни политики во оваа област.

Истражувањата се фокусирани како кон разбирање на ставовите и перцепциите на младите, така и кон респонзивноста и отчетноста на институциите. Со овој двонасочен пристап се надеваме дека ќе добиеме појасна престава за реалната состојба, врз што понатаму ги темелиме нашите политики за застапување.

Програмата во 2018 започна со менторство на млади истражувачи преку што им дава поддршка да ги реализираат своите први истражувања.

Програмата на своите членови им овозможува спроведување на емпириски истражувања и изработка на анализи, преку запозанавање и директно вклучување во сите фази на истражувачкиот процес.

Дел од последните истражувања објавени од програмата во 2018 се:

„Невработеноста на младите лица во Североисточниот регион – предизвици и  проблеми“, Симона Ковачевска
„Застапеноста на различните форми на сексуално вознемирување во Р. Македонија“, Антонела Глигорова, Мартин Анѓелов и Лина Даневска
„Улогата на младите во спречување на дискриминацијата во образованието“, Мартин Нацевски
„Aнализа на условите за лицата со посебни потреби во рамките на средното и високото образование“, Деа Здравковска, Марија Михајловска, Кристијан Лазаров, Ангела Николовска и Ема Ананиевска
„Зошто младите сакаат да си одат од Македонија? Eксплоративен пристап кон младинската емиграција во Македонија“, Вања Јанева, Јована Ѓорѓиовска, Моника Китаноска и Симон Андов

Мониторинг и анализа на работата на Агенцијата за млади и спорт, Мартина Илиевска и Александра Филипова

Сите истражувања може да се најдат на: https://issuu.com/youtheducationalforum

Сподели