Истражување и анализа

 

Програмата за истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики има за приоритет да дејствува врз зголемување на влијанието на младите во креирање и спроведување на образовни политики на локално и национално ниво, да креира инклузивни младински политики и да гради капацитети за учество на младите во одлучувањето.

Овие цели членството во програмата ги реализира преку низа активности како: спроведување на истражувања и изготвување на анализи организирањето и учество на национални и интернационални настани за промовирање на младински политики (Transparent Educational Forum, Денови на младинско вмрежувањe, Станица: Студентска). Значаен дел при остварување на целите на програмата се и менаџирање со младински коалиции и членство во национални и меѓународни мрежи.

Меѓу позначајните успеси на програмата се вбројуваат: консултации и промени на новиот Зaкон за високо образование усвоен во 2018 година, првата правна анализа на студентското организирање во Македонија, учество во воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан (RYCO), законодавна иницијатива за вклучување на средношколското организирање во Законот за средно образование, мониторинг на работата на Агенцијата за млади и спорт, основање на 12 локални младински совети, изготвување на анализа и петиција со 26.000 потписи за повлекување на екстерното тестирање во средните училишта, сместување на волонтери во државни институции и спроведување на Законот за волонтирање; изготвување на Етички кодекс за студенти и професори во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово; повлекување од собраниска процедура на Законот за млади по иницијатива на 50тина младински организации; учество при изготвување на годишната програма на Државната комисија за спречување на корупција во секторот Образование; соработка со УКИМ преку отварање на Правна клиника за слободен пристап до информации од јавен карактер, Првата анализа на студентско организирање во Република Македонија и сл.

Сподели