Изложба на фанзини „Напиши го тоа што сакаш да го прочиташ“

Медиа/Арт клубот – Скопје на Младински образовен форум организира изложба на фанзини наречена „Напиши го тоа што сакаш да го прочиташ“. На изложбата ќе бидат прикажани делата на младите креатори кои беа сработени на работилницата за фанзини. На работилницата присуствуваа млади луѓе на возраст помеѓу 16 и 25 години.

Фанзините ќе бидат изложени во „Јавна соба“ на 27 јуни (вторник), со почеток во 20 часот.

Фанзините се однeсуваат на различните ситуации со кои младите се соочуваат во секојдневниот живот, разработени на сатиричен начин. Фанзини се „направи-сам-магазини“, обично изработени од фанови, составени од текстови, креативни содржини, колажи, цртежи ифотографии.

Изложбата е производ на работилница за фанзини која ја водеше Марија Треневска.

Медиа/Арт клубот е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказни, да научат за перформативна и урбана уметност и да ги користат новите медиуми и техники на уметност со цел да се постигне младински активизам и помагање на локалната заедница. Предавањата во Медиа/Арт клубот ги држат млади луѓе со искуство во ова поле на дејствување. Овие клубови спаѓаат под Програмата за младински активизам.

Настанот е поддржан од National Endowment for Democracy.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.