Изложба на фотографии во Велес – „Разубави, не вандализирај“

Младите креативни средношколци од Велес и годинава подготвија изложба со фотографии од стенсили кои се плод на стекнати знаења за време на двомесечната обука од модулот „Улична уметност“.
Организаторите се задоволни од посетеноста на изложбата на која беа презентирани нивните креативни дела како и од покажаниот интерес за активно вклучување на младите велешани во работилницата за практикување на стенсилите, како една од алатките за креативно изразување.

Главната цел на ораганизаторите е преку ваков вид на настани да допрат до младите и да ги поттикнат слободно да се изразуваат и да креираат иако за тоа им е неопхеден соодветен простор во градот.

Една од нивните цели е да ги информираат граѓаните дека уличната уметност не треба да се третира како вандализам, туку како креативно уметничко изразување.

Медиа Арт клубот Велес на Младинскиот образовен форум е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видео и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност.

Предавањата во Медиа Арт клубот ги држат млади луѓе со искуство во овие области.

Во моментов постојат пет клубови во Македонија и тоа во Скопје, Тетово, Велес, Неготино и Струга и сите активно работат на создавање креативни и интересни содржини на општествено релевантни теми кои се од интерес на самите членови.

Настанот беше поддржан од NED (National Endowment for Democracy)./У.Ј

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.