Јавна дебата во Неготино

Минатиот четврток, на 22ри октомври, во Неготино се одржа јавна дебата на тезата  „Младински иницијативи пример за соработка, интеграција и доверба“.

Членовите на дебатната програма во Неготино постојано работат на подигање на свеста во јавноста за важноста и интегрираноста на младите во процесите кои ги нив ги опфаќаат на секојдневно ниво.

Како дел од проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието, членовите на дебатниот клуб во Неготино, организираа јавна дебата која опфати тема што директно ги засега младите во тој град. Панелот од говорници на  јавната дебатата беше составен од професори во средно училиште, дебатери и претставник од младинскиот совет на Општина  Неготино.Говорниците во своите говори  споделија  искуства, мислења и идеи за тоа како младите се поврзани и функционираат во општината на секојдневно ниво, и што би можело да се преземе за довербата помеѓу младите и институциите да биде на уште повисоко ниво.

Оваа активност е реализирана во соработка со Дебатната програма на Младински образовен форум која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.

Сподели