Капитулација, конфузија или отпор – Социјалниот капитал на македонскиот средношколец

Анализа од анкетата на јавно мислење на 3607 средношколци од 13 градови

Младите се постојан, неопходен и прогресивен сегмент на секое општество. Нивната улога, освен во општественото живеење, е особено важна и корисна во процесот на креирање на јавните политики. Меѓутоа, досега младите во Македонија не се доволно вклучени во овие процеси. Оваа публикација е обид да се унапредат ваквите состојби, а настана како резултат од соработката на Младински образовен форум со Реактор – истражување во акција во рамки на проектот: „Младите за отворено општество – локални младински иницијативи“.Водени од меѓународниот, научен и политички дискурс на тема граѓанско учество, социјална вклученост и улогата на образованието во нивно промовирање; како и од директните искуства на активистите на Младинскиот образовен форум со младите во Македонија, оваа студија има за цел да ги испита ставовите на македонските средношколци и да ја разјасни нивната позиција на овие клучни теми.

Издава:  Младински образовен форум

Автори:  Јана Коруновска Србијанко, Неда Коруновска Аврамовска, Тања Малеска

Издадена:  2011

Изданието е поддржано од Фондација Отворено Општество – Македонија

Линк за преземање

Сподели