[Коментар на МОФ] Унапредување на Нацрт-стратегијата за млади на Скопје

МОФ изготви и достави свои коментари во насока на унапредување на нацрт-стратегијата за млади на Градот Скопје.

Во изминатиот период, Градот Скопје во соработка со Коалиција СЕГА работеше на креирање на Локална младинска стратегија и Акционен план за нејзина реализација. Овој документ преставуваа клучен чекор за одговор на потребите на младите на локално ниво и за унапредување на можностите за младите во рамките на градот. Овој процес на донесување на локална стратегија, претставува добар пример за другите единици на локалната самоуправа во Македонија, со оглед на тоа што досега само во 9 општини во Македонија постојат локални младински стратегии.

МОФ, учествуваше со свои претставници во процесот на креирање на Локалната младинска стратегија на Град Скопје. По доставувањето на Предлог-локалната младинска стратегија и предлог-акцискиот план, МОФ изготви низа забелешки, со цел за унапредување на содржината и активностите предвидени во документите, како и реално поставени цели, кои може да се остварат во предвидениот период.

Забелешките на МОФ се во следните области од стратегијата: образование, младинско учество и младинско информирање. Клучните коментари кои се однесуваат на целосниот документ се:

–          Финалниот предлог документ со Стратегијата за млади и Акцискиот план за 2014 да ги земе во предвид и интегрира сите забелешки од граѓанските младински организации и заклучоци од дискусијата за документите.

Стратегијата и ацкискиот план треба да бидат проширени и да предвидуваат (1) креирање на акциски план за секоја последователна година, (2) механизми за мониторинг и евалуација на акциските планови, (3) механизам за евалуација на имплементацијата на стратегијата.

–          Во имплементацијата  на акцискиот план и стратегијата да бидат вклучени и младите и младинските организации, на транспарентен начин.

–          Градот и надлежните институции да направат финансиска заложба за реализација на стратегијата. Градот мора да изработи буџет за спроведување на акцискиот план кој ќе биде адекватен на предвидените активности.

–          Стратешкиот документ да ги земе во предвид и да биде усогласен со постоечките стратешки документи на национално ниво кои се однесуваат на предвидените области

Нацрт-стратегијата и предлог-акцискиот план, како и деталниот документ со коментари од МОФ, може да ги најдете на следните линкови:

Нацрт-Стратегија за млади на град Скопје 2014-2018 и акциски план 2014

Коментари на МОФ за Нацрт-Стратегија за млади на град Скопје 2014-2018 и акциски план 2014

Сподели