Конкурс за есеј – Слобода на медиуми

Младински образовен форум и Радио МОФ во рамки на кампањата #СедмаСила како дел од „Проектот за младинско изразување“ поддржан од Европската Унија објавуваат конкурс за есеј на тема „Слобода на медиумите и информирањето“. Целта на конкурсот е да ја подигне свеста за важноста за вклучување на младите во општествено одговорни прашања кои се значајни за унапредување на демократијата.

Право на учество имаат сите млади, на возраст од 15 до 29 години, кои сакаат да понудат креативно решение за проблемот со цензура во редакциите, ширење невистини во медиумскиот простор и подобрувањето на состојбата со слободата на медиумите, притоа ставајќи се себе во улога на новинар. Идејата на конкурсот е авторот да понуди нова, „свежа“ перспектива во решавање на проблемите со кои се соочуваат сите новинари.

Секој од текстовите започнува како примерот подоле, ваше е да ја завршите приказната: „Мојата најголема желба беше да се вработам како новинар. И тоа се случи. Првите текстови ми беа просечни, но конечно најдов сторија за која навистина сакав да пишувам. Ги снимив изјавите од соговорниците пред кои имав голема одговорност, седнав, го напишав текстот и ги средив фотографиите. Колегите ми рекоа дека сторијата е одлична, па гордо ја предадов на уредникот.

Тука почнаа моите проблеми. На уредникот не му се допадна напишаното иако беа почитувани сите новинарски правила и етички кодекси. Можев да ја објавам сторијата и да добијам отказ, или да ја променам приказната за да му се допадне на уредникот. Еве каков беше мојот избор….“

Есеите треба да бидат напишани на македонски јазик, со должина од околу 500 зборови. Во текстот треба да кажете што би направиле, која е мотивацијата зад вашата постапка и какви се последиците од неа. Имајте предвид дека новинарството е јавно добро, а новинарите имаат должност да пишуваат за работите за кои останатите молчат.

Есеите се испраќаат со име и презиме или под псевдоним на info@radiomof.mkнајдоцна до 31ви јануари 2019 (четврток) со назнака „Награден конкурс за есеј #СедмаСила“. Заедно со есејот потребно е да бидат испрататени и податоци за авторот (име и презиме и телефонски број).

Најдобриот текст ќе го избере комисијата од Радио МОФ, составена од претставници на Радио МОФ, Младински образовен форум и Институтот за комуникациски студии. Есеите ќе бидат објавени во посебна рубрика, како и на ФБ под хаштагот #СедмаСилаКонкурс.

На конкурсот ќе биде доделен вредносен ваучер од 6000 денари, за ИТ опрема.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.