Кунстверкштат

Кунстверкштат е група на млади ентузијасти и љубители на театарот, друштво без граници на креативност, посветеност и младинска критична мисла. Групата е основана од страна на Петар Антевски и Паула Фе во февруари 2014 како интерактивна работилница за перформанс во рамките на програмата Младински активизам.

Во репертоарот на групата се перформансите: „Нешто мора да се смени“, „Банки дигнаа палати“, „Ќе има војна“ и „Нивниот пат“, како и претставите: „Ом Царе, Царе“, „Ненаучена лекција“, „Илустрации за тоа како новата идеја го запрепастува човекот кој не е подготвен за неа“ и „Немам каде да се вратам“. Групата има работено со неколку млади актери и режисери, меѓу кои: Ангела Стојановска, Васко Костовски, Ирена Мирчевска, Христијан Поп-Симонов, Наталија Теодосиева, Јаков Спасов, Дени Стојанов и Милош Андоновски.

Досега, покрај самостојните изведби на своите перформанси и претстави, групата има настапувано на повеќе настани како „Кој се плаши од молкот лош?“, конференцијата за друштвени медиуми и активизам ENGAGE, Skopje Creative Hub, окупацијата на УКИМ „Автономна зона“ и Драмскиот аматерски фестивал во Кочани.

Во 2015-та година, групата ја одигра претставата „Ненаучена лекција“ во пет градови во Македонија: Скопје, Велес, Неготино, Струга и Тетово.

Во мај 2017 претставата „ Илустрации за тоа како новата идеја го запрепастува човекот кој не е подготвен за неа ја освои Гран при наградата „Васил К. Ќортошев“ за најдобра претстава на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија во Кочани.

Во моментов групата се состои од следните членови: Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ива

Цветановска, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска.

Сподели