Mедиа/Aрт еко акција во Тетово

Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово во сабота на 15.12.2018 година, со почеток од 11:00 часот, ја реализираше јавната акција „Види! Размисли! Реагирај!.

На три централни локации во Тетово се поставија знаци со информативни пораки кои се однесуваат на подигнување на свеста за загадувањето на животната средина. Знаците на креативен начин го претстават проблемот со загадувањето, еден од главните проблеми со кои се соочува Тетово како град. 

Интервенцијата на јавниот простор се реализираше на јавниот простор кај парковите: ул. Јане Сандански (до Бургер Хаус), паркот „Ајдучко маало“ и „Жена парк“. Покрај поставувањето на знаците, членовите на клубот организираа еко – акција за расчистување на јавниот простор и снимаа изјави од случајни минувачи, кои подоцна ќе бидат претставени во кратко видео поврзани со целите на јавната акција.

„Со денешната акција сакаме на креативен начин да апелираме до надлежните институции за поголема грижа на јавниот простор во градот, а од друга страна целта ни е преку пораките напишани на таблите да ја подогнеме свеста  за зачувување на животната средина и да се намали загадувањето. Кога граѓаните ќе прочитаат колку време треба да се разгради пластично шише, ќеса, отпушок ќе се размислат дали ќе ја загадат средината.“ изјави Бобан Костадиновски – локален координатор на Младински образовен форум од Тетово.

Идејата за поставување на знаци со креативни пораки на три јавни локации во градот, потекна од средношколци и студенти членови на Медиа/Арт клубот од Тетово. Тие преку повеќемесечни работилници развија идеја за јавен настан кој ќе има за цел да влијае на сите граѓани за намалување на загадувањето, имајќи го во предвид фактот дека Тетово е еден од градовите со најзагаден воздух и загаденост на животната средина, а свеста на граѓаните е на ниско ниво.

„Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија“, а спроведуван од Младински образовен форум.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.