Медиа-Арт

 

Медиа/Арт клубовите на МОФ се место каде младите луѓе можат да практикуваат слобода на изразување и да се запознаат со креативни начини за пренесување на своите ставови. Членовите Медиа/Арт клубовите како дел од својот едногодишен курикулум имаат можност да научат како да ги користат новите медиуми и уметноста како алатка за младински активизам.

Средношколците и студентите кои се членови на Медиа-Арт клубовите на МОФ работат на различни теми и проблеми кои ги засегаат и се едуцираат за различни техники кои го поддржуваат младинскиот активизам – како аудио и видео изразување, фотографија и фотостории, улична уметност, јавни перформанси. Членовите добиваат можност своите знаења да ги користат за креирање на локални настани и акции на теми кои се од младински и општествен интерес.

Запишувањето на нови членови во Медиа/Арт клубовите е возможно на почетокот на секоја учебна година. Предавањата се организираат еднаш неделно, а членовите на клубовите имаат можност да препорачуваат и бираат модули кои ќе бидат обработени на предавањата.

Во моментов постојат неколку клубови во Македонија, во Скопје, Тетово и Велес кои редовно создаваат дела, акции и кампањи кои со себе носат одредена порака која им е важна на членовите. Сите клубови се постојано отворени за нови членови, млади луѓе кои сакаат да се изразат себе си и гласно да го кажат својот став.

Сподели