Младински активизам

Програмата Младински активизам има за цел да го намали јазот во комуникацијата помеѓу младите и институциите и да го подобри младинското организирање преку интеграција на младите без разлика на демографската припадност и социјалниот статус како и културната, етничката и сексуалната определба. Приоритет на нејзиното дејствување е спознавање, почитување и промовирање на толеранција меѓу младите да го зголеми нивното учество и влијание во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Членовите на програмата имаат можност да членуваат во Медиа/Арт клубови во Скопје, Тетово и Велес и да спроведуваат и учествуваат во активности како организирање на настани и акции, работилници. Програмата брои околу 100 членови кои активно користат различни работни вештини, мултимедијални и уметнички техники како алатка за младински активизам.

Во изминатите години програмата Младински активизам ги организираше годишните настани Конференција за друштвени активизам – ENGAGE, МОФ Летната академија, Патувачка изложба „Ана Франк – Историја за денес“, „Activate Talks”, филмскиот фестивал Movies that Matter, но вбројува и други локални и национални младински настани и иницијативи.

Како најзначајни успеси на оваа програма се основањето и поддршката на првото младинско интернет радио – Радио МОФ и создавањето и поддршката на неформалната перформанс група Kunstwerkstatt која е моментално дел од Медиа/Арт клубот на МОФ во Скопје. Оваа аматерска театарска група во 2017 ја освои наградата Гран при на Драмскиот аматерски фестивал  ДАФ – Кочани.

Сподели