Младите дискутираа за референдумот

Вчера, 26.09.2018 во Јавна соба се одржа настанот „Мисли на глас“ во организација на Младински образовен форум, како дел од инцијативата на граѓански организации „Зачекори напред! Изборот е твој“.

Тројца говорници од Македонија и Европа ги споделија своите знаења и искуства низ едукативни говори, по што следеше дебата на тезата: Успешен референдум (не) е единствен пат за европска Македонија.

Лура Положани, зборуваше дали има место за младите во политиката и кажа дека работите се менуваат, и важно е новите генерации да преземат чекори и да ја креираат насоката.

Денис Прешова кој зборуваше за поимот референдум кажа: „На референдум не се одлучува на кого ќе му го дадете мандатот и правото да ги носи одлуките во одреден временски период. Се одлучува за конкретно прашање кое ви е предочено на кое треба да дадете одговор за или против“.

„Младите мора да се осигураат дека ќе најдат начин да започнат меѓугенерациска дебата, но и дека ќе поттикнат раст“ кажа Мете Кобан од  My Life My Say, Велика Британија.

По конференцијата, присутните можеа да проследат дебата на тезата: Успешен референдум (не) е единствен пат за европска Македонија.

Ставовите ги спротивставија Катерина Колозова и Горан Михајловски, наспроти Марко Трошановски и Јана Лозаноска.

Катерина Колозова ја започна дебатата со аргументацијата: Ако ја разбереме Европа и европскиот пат на Македонија како влог кон одредени вредности, овој договор е влог што се исплати на тој пат кон вредности и семејство на нации.

Марко Трошановски аргументираше: Добар историски момент или неповторлив момент не постои. Многу луѓе сметаат дека може да се постигне подобар договор.

Горан Михајловски даде коментар: Цел мој работен век чекам промена. Секогаш може да има подобар договор, но веќе не ми се чека.

Јана Лозаноска рече: Тажно е што уште има толку стереотипи и етикети во Македонија. Или си за или бојкотираш, нема средина, и тоа е катастрофално.

Целосното видео од дебатата е достапно на: 

<Видеото од трите говори на конференцијата е достапно на:

Преку овој настан МОФ сака да овозможи подобар пристап до информации поврзани со придобивките и предизвиците за пристапување во Европската Унија, како и продуктивна и инфoрмативна дикусија низ култура на дијалог. Настанот „Мисли на глас“ е организиран во склоп на граѓан ската иницијатива „Зачекори напред! Изборот е твој“ спроведена од 10 граѓански организации со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.