Младите дебатираа за заедничкото минато

Младите од Балканот дебатираа за заедничкото минато

Се одржа првата Балканска дебатна академија во Скопје

Минатата недела, од 13 до 18 ноември 2018, во Скопје се одржа првата Балканска дебатна академија. Академијата ја организираше Младински образовен форум, со Отворена комуникација од Србија, Центарот за културен дијалог од Босна и Херцеговина и Дебатниот центар од Косово, со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

На академијата учествуваа 37 средношколци од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Учесниците беа дел од предавања и интерактивни работилници за дебата и аргументација, човекови права, младинско учество, минатото и културата. На крајот на академијата се одржа дебатен натпревар, на кој средношколците низ учество во 30 дебати се натпреваруваа меѓу себе.

Финалната дебата на турнирот на која дебатираат двата најдобри тимови се одржа на 18 ноември во 14 часот, во Салата на советот на Градот Скопје. Тезата на која дебатираа беше: „Овој Дом верува дека Владите на Балканот треба да развијат заедничка наставна програма и учебници по историја“. На дебатниот турнир победи тимот составен од: Симона Златанова (Македонија); Михаило Бабиќ (Србија) и Омер Муминовиќ (Босна и Херцеговина). Второ место освои тимот: Вијон Бараку (Косово), Елена Госњиќ (Србија) и Дејана Маркова (Македонија).

Најдобар говорник на турнирот беше Михајло Бабиќ од Србија,  второто говорничко место го освои Раеса Никшиќи од Косово, а третото Софија Милјатовиќ од Босна и Херцеговина.

Покрај обуките и дебатите, беше распишан и повик за средношколци за младите од овие земји, на кој над 60 ученици ги пратија своите есеи на темите: Дали нашето минато ја дефинира нашата иднина? и Напредокот започнува со дијалог.

Преку организацијата на овој настан, МОФ и партнерите целат да ја поттикнат културата на дијалог и соработката помеѓу младите од Западен Балкан. Проектот беше финансиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). Организацијата на настанот ја помогнаа и Бреинстер, Гимназија Јосип Броз – Тито и Град Скопје, во чии простории се одржаа активностите.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.