Национално дебатно првенство

Националното дебатно првенство претставува годишен натпревар по дебата, на кој може да се натпреваруваат сите активни дебатери кои се дел од клубовите на МОФ во Македонија. Дебатерите во своите дебатни тимови, се соочуваат во најмалку 4 прелиминарни рунди на дебати, каде дебатираат на тезата на турнирот или ненајавени „импромпту“ тези, по што најдобрите тимови преминуваат во 2 полу-финални дебати и најдобрите 2 тимови се среќаваат во финалната дебата.

Националното дебатно првенство претставува единствен национален турнир по средношколска дебата кој се организира во Македонија. На средината на секоја учебна година, МОФ организира и Национално дебатно првенство за почетници дебатери, на кое дебатираат само ученици кои прв пат започнуваат со посета на дебата таа учебна година.

Сподели