Национален тренинг за спроведување на истражување и евалуација

На 04ти и 05ти февруари, Младински образовен форум во соработка со Меѓународната дебатна образовна асоцијација (International Debate Education Association) го организираше националниот тренинг за истражување и евалуација, на кој учествуваа повеќе од 30 млади вклучени во некоја граѓанска организација или неформална група.Обуката им овозможи на учесниците разработка на видовите на истражување и евалуација на активности кои се дел од работата на граѓанските организации. Специфично, обуката ги опфати следните теми: типови на истражувачки алатки, спроведување прашалници, фокус групи и интервјуа, анализа на податоци и евалуација на резултати. Овој тренинг се одржа во рамки на проектот „From measurement to learning: Monitoring and evaluation of the effect of debate clubs on debaters”, а е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Сподели