Национално дебатно првенство, 2018 година

Од 22 до 24 јуни 2018 Младински образовен форум  го организираше Националното дебатно првенство на кое се натпреваруваа дебатери од Скопје, Велес, Тетово, Прилеп и Куманово. Првенството се одржа во  СУГСГ “Јосип Броз Тито”. Победнички на овој турнир беа дебатерките: Христина Цветановска и Марија Филиповска.

Второто место го освоија дебатерите Ана Маркоска, Оливера Каменароска и Стефан Митиќ. За најдобра индивидуална говорничка беше избрана Ана Крстевска, втора говорничка беше Христина Цветановска, а третото говорничко место го освои Јана Петрова.

Главната теза на која средношколците дебатираа беше “Овој Дом Верува Дека пристапот до возачка дозвола и конзумирањето алкохол треба да биде определено според тест на интелегенција наспроти возраст”. Турнирот се одржа во World Schools дебатниот формат, на англиски јазик и истиот опфати 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале.

На турнириот се дебатираше и на уште една импромпту теза (тези кои не се однапред најавени):
„Овој Дом Верува Дека Државата треба да забрани уметност создадена од луѓе кои имаат направено неморални акти“.

Целта на турнирот беше да обезбеди простор за напревар за аргументирана дискусија. Во овие неколку денови младите средношколци ги предизвикаа сопствените ставови и дискутираа за одоговорноста што индивидуите ја имаат кон општеството наспроти сопствените права и слободи. Преку истражување, аргументирано изразување и тимска работа, средношколците ги продлабочија своите знаења.

Настанот е организиран од МОФ со поддршка СУГСГ Јосип Броз Тито, и во соработка со Град Скопје.

Националното дебатно првенство е организирано со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Сподели