„Немам каде да се вратам“ во Куманово

На 1-ви декември, со почеток во 19:00 часот, во кумановскиот театар „Трајко Прокопиев “ по трети пат беше изиграна претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат при Младинскиот образовен форум.
Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци. Да се талка значи и да се трага, да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде.

Текстот на претставата е на Милош Андоновски, а режијата на Дени Стојанов.
Улогите ги толкуваа:
Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тамара Ангелова, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска.

Оваа изведба на претставата беше поддржана од проектот „Бегалец сега- Човек секогаш“ на УНХЦР, заедно со организациите Центар за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој – Центар РЕД. Претставата е направена од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.