Oдржани првите работилници за медијација

Oдржани првите работилници за градење доверба и медијација за средношколци

Младински образовен форум и Центарот за балканска соработка – Љоја на 27-29 септември на Попова Шапка организираа Работилници за градење доверба и медијација за средношколци. Работилниците беа организирани во рамки на Проектот за младинско изразување (Youth Expression Project) и вклучија вкупно 41 учесник од Скопје, Тетово, Неготино, Куманово, Крушево, Велес и Струга.

Целта на работилниците беше  до учесниците да се доближат методите на ненасилна комуникација, донесување одлуки во група и медијација. Покрај тоа учесниците работеа и на техники на препознавање на разни видови насилство и решавање на конфликти.

Обучувачите ги креираа активностите и вежбите за учесниците активно да можат да се вклучат во нив и практично да се пренесат вештините од областа на ненасилна комуникација и градење доверба помеѓу младите. Последниот ден од работилницата беше наменет за креирање на идни активности и разменување на идеи за начини на кои стекнатите знаења ќе може да се споделат во средините од кои доаѓаат учесниците.

Формираните тимови од учесници ќе имаат прилика да аплицираат со идеи за идни активности и да добијат поддршка и ментор за нивно реализирање до крајот на оваа година.

Можеби свежиот воздух на Шапка беше причината за чистината на нашата соработка и меѓусебниот однос што го имавме, но јас повеќе сакам да верувам дека сета љубезност и заинтересираност за туѓиот збор потекнуваше од вистинската воља на нашите срца. Поминав 3 прекрасни дена запознавајќи се со многу различни карактери, но иако не се сложував со сечие размисмување, обуките ме потсетија дека е потребно да оддадеме почит и на различниот став. Воедно и сфатив дека и покрај тоа што повеќе пати слушнав дека многумина сакаат да си заминат од државава, со сите луѓе коишто таму ги запознав, Македонија може да ја има иднината што ја бараме надвор од неа.“ – вели за работилницата Николија Пехчевска од Скопје.

„Искрено сето она  што го очекував беше исполнето и бев задоволен од работилницата. Неочекувано но пријатно ме изненади тоа што целава работилница влијаење на нас позитивно. Бевме сите толку отворени едни спрема други што за момент се почуствував како со години да ги познавам сите учесници.“– споделува Бојан Љотиќ од Скопје.

Обуката беше одлична и од организациски аспект и во поглед на содржината. Имавме можност да научиме интересни и нови работи кои се надедвам ќе ги споделиме со нашите врсници. Имавме одлично искуство и можност да стекнеме нови пријателства и да размениме наши мислења. Неформалното образование, односно овој тип на обуки мислам дека се повеќе од потребни посебно за младите во нашето општество затоа што влијаат доста позитивно во начинот на нивното размислување. – вели Сара Шаќири од Струга.

Работилниците ги реализираа обучувачи од МОФ и Љоја: Антонио Даниловски, Александра Сарџоска, Фари Хисени, Димитар Низамовски, Блерим Јашари и Гзим Османи.

Работилниците за градење доверба и медијација на средношколци се дел до Проектот за младинско изразување – финансиран од Европската Унија а имплементиран од Младински образовен форум, Центар за балканска соработка – ЛОЈА и Младински сојуз – Крушево. Проектот за младинско изразување е креиран во насока на поттикнување и општествено активирање на младите преку низа активности, кампањи и обуки наменети за нив. Дополнително, проектот отвора простор за градење на капацитетите на граѓанските организации во полето на слобода на изразување. Проектот се реализира од 1 јануари 2018 до 30 јуни 2020.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.