Партнерства и мрежи

МОФ е членка на следните национални и меѓународни мрежи:

  • International Debate Education Association, Netherlands (IDEA – NL)
  • Национален младински совет на Македонија (НМСМ)
  • Сојуз за младинска работа
  • Коалиција СИТЕ за правично судење
  • Платформа за медиумска писменост
  • Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија
  • Младинска платформа за сеопфатно сексуално образование
  • Платформа против говор на омраза
  • Национален комитет за борба против говорот на омраза на интернет

 

Подолу следи краток преглед на работата на секоја од мрежите:

Интернационална дебатна образовна асоцијација
International Debate Education Association (IDEA)
www.idebate.org  | fb.com/iDebate

ИДЕА е чадор организација на организации кои работат во полето на дебата и култура на дијалог. Организацијата е водечкиот овозможувач на дебатно образование, ресурси, тренинзи и настани за голем број на млади дебатери и тренери од светот. МОФ е една од активните организации членки на мрежата и преку неа соработува со дебатните организации од регионот и Европа. Дебатни тренери од МОФ учествуваат како обучувачи, tab-officers и chief adjudicators на светското дебатно првенство за средношколци во ораганизација на ИДЕА, а членови на МОФ се дел од бордот на организацијата. ИДЕА е организација членка на Европскиот младински форум.

 

Национален младински совет на Македонија (НМСМ)
www.nms.org.mk |  fb.com/NMSMKD/

Националниот младински совет е платформа на 47 младински организации, организации за млади, младински сојузи и младински подмладоци. Основната улога на НМСМ е претставување на потребите и интересите на младите и младинските организации, развој на капацитетите на младинскиот сектор, промоција намладинското учество и активно граѓанство, како и застапување и делување во името на младите. Во пракса, претставничкото тело како национален совет за млади, е она кое треба да ги зацртува и дискутира младинските политики, и да биде партнер на инситутциите во процесите на консултација и донесување на одлуки поврзани со младите. Националниот младински совет е основан на 30 јуни 2013 година во Струга, по двегодишен процес на консултации. Националниот младински совет е организација членка на Европскиот младински форум.

 

Сојуз за младинска работа (СМР)
fb.com/sojuzzamladinskarabota/

Сојузот за младинска работа е мрежа од младински организации и организации кои работа со и за млади, чија мисија е регулирање и стандардизација на младинската работа, поддршка на младински работници и подигнување на јавната свест за значењето на младинската работа. Визијата на СМР е младинска работа да биде признаена како професија и да постои изграден систем за поддршка на младите луѓе и младинските работници,

Основната цел на СМР е афирмација и признавање на младинската работа, нејзино следење, проценување, унапредување и континуиран развој заради обезбедување квалитетна, ефикасна и ефективна поддршка на младиот човек.

 

Коалиција Сите за правично судење
http://all4fairtrials.org.mk/ | fb.com/all.for.fair.trials/ 

Kоалицијата на здруженија на граѓани Сите за правично судење е коалиција во која на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани од Република Македонија заради следење на судските процеси пред надлежните судови во Република Македонија, со цел осигурување на загарантираните права за правично судење како е предвидено со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори, зголемување на јавната свест и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, посочување на потребата и работа на можните реформи во судските постапки, зголемувањето на практичните знаења на студентите на право, зајакнување на улогата и капацитетот на невладините организации и друго. Коалицијата воедно се залага до еднаков пристап до правдата на сите граѓани на Република Македонија преку давање на бесплатна правна помош. Членки на Коалицијата.

 

Платформа за медиумска писменост
http://mediumskapismenost.mk/home/

Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да  придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.

 

Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија (НМХТ)

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија ја сочинуваат повеќе граѓански организации и неформални групи кои дејствувајќи координирано ќе организираат активности за видливост на ЛГБТИ заедницата и унапредување на човековите права на лезбејките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите лица и интерсексуалците. Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата  се труди да воспостави почитување на принципот на солидарност помеѓу ЛГБТИ организациите и другите граѓански организации и индивидуи кои јавно се залагаат за почитување на сите човекови права за сите луѓе.

 

Младинската платформа за сеопфатно сексуално образование
fb.com/MladinskaPlatformaZaSSO/

Младинската платформа за ССО е формирана во 2015та година од 8 младински организации (Младински образовен форум, ХЕРА која воедно е и секретаријат на платформата, JEF- Македонија, Хопс – опции за здрав живот, Национален Младински Совет на Македонија, ИЗЛЕЗ, студентско списание, Y-PEER Македонија и Младите можат). Цел е да обезбедување политичка и институционална поддршка за воведување на сеопфатно сексуално образование, како и да ја зголеми јавната свест за потребата од ваков тип на образование во училиштата во Макеонднија. Платформата се води од  Конвенцијата за правата на детето која истакнува дека младите имаат право „да побараат, примаат и да бидат снабдени со информации кои ќе им помогнат да го унапредат своето здравје” (член 13).

 

Македонска платформа против сиромаштија- МППС
www.mpps.org.mk  |   fb.com/mppsmk/

Македонската платформа против сиромаштија- МППС е сојуз на граѓани во кој на доброволна основа членуваат 91 здруженија на граѓани и 5 индивидуални истражувачи, со цел намалување на сиромаштијата преку промоција на социјана правда, партиципативна демократија, заштита на човековите права, еднаквост, недискриминација и владеење на правото.

Оваа платформа настојува да иницира јавни дебати поврзани со овие прашања и ќе се стреми да го зајакне граѓанскиот сектор кој делува на овие полиња преку вмрежување со други европски и меѓународни сојузи и мрежи кои ги делат истите или слични вредности. Воедно, нашата мрежа ќе настојува да обезбеди одговорност и отчетност на надлежните јавни институции и владини органи во поглед на спроведувањето на преземените меѓународни обврски и одговорности. МППС е членка на Европската платформа против сиромаштија.

 

Национален комитет за борба против говорот на омраза на интернет
http://nohatespeechmovement.org  | fb.com/MKCampaignAgainstHateSpeech

Кампањата против говор на омраза на интернет е движење против изрази на говорот на омраза на интернет во сите негови форми, вклучувајќи ги и оние кои најмногу влијаат на младите луѓе. Кампањата е дел од проектот „Младите во борба против говорот на омраза на интернет“ на Советот на Европа. Проектот за залага за еднаквост, достоинство и разновидност. Тоа е проект против говорот на омраза, расизам и дискриминација во сите форми на нивно изразување на интернет.

Главните работни методи се подигнување на свеста, застапување и пронаоѓање на креативни решенија за борбата против говорот на омраза на интернет, како и подготовка и обучување на младите и младинските организации, развивање на компентенции и градење на капацитети за препознавање на говорот на омраза и активно дејствување против загрозувањата и прекршувањата на човековите права и слободи.

Младински образовен форум, заедно со поголем број на државни институции и граѓански и невладини организации, е дел од Националниот комитет за борба против говорот на омраза на интернет во Република Македонија, чиј национален координатор е Агенцијата за млади и спорт.

 

Платформа против говор на омраза

Во платформата против говор на омраза членуваат Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, Фондацијата за интернет Метаморфозис, Мултикултура, Пактис, ЛГБТ Центарот за поддршка и Младински образовен форум.

Во последниот период еден од позначајните процеси во рамки на оваа платформа беше подготвувањето на брошурата против говор на омраза која ги содржи основните информации за тоа што е говор на омраза, кој може да биде жртва, каде се пријавува и кои се последиците од говорот на омраза.

Сподели