Посета на Канцеларија на Народен правобранител

На 20-ти април 2017 година, група од 20-тина средношколци од скопските средни училишта ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија. Средношколците беа предводени од нивните предавачи и ментори. Оваа група беше примена од страна на народниот правобранител г-н Иџет Мемети. Тој ги запозна учениците со поставеноста на Народниот правобранител, надлежностите и начинот на кој оваа канцеларија постапува по поднесените престваки од страна на граѓаните на РМ или по предмети по сопствена иницијатива, а имаа можност и да поставуваат прашања.

Програмата Учиме право при Младински образовен форум ќе продолжи сo остварувањето на вакви посети на институциите на Република Македонија во насока на доближување на државните и јавни институции кон граѓаните со цел зголемување на довербата во истите.

Сподели