Посета на Собранието на Република Македонија

Со посета на Собранието на Република Македонија на 27-ми декември 2017, програмата Учиме право на МОФ ја реализираше последната планирана активност за ова полугодие. Група од 60-тина средношколци, членови на скопските Учиме право клубови се запозна со историјатот на Собранието, надлежностите и начинот на кој функционира институцијата.

Групата имаше средба со Претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Талат Џафери, каде што учениците имаа можност да слушнат како изгледа еден работен ден на Претседателот на Собранието на Република Македонија, да поставуваат прашања. Во рамките на оваа посета групата имаше можност да слушне и претставување на пратеничките Мира Стојчевска и Ивана Туфегчиќ и да поразговараат со нив.

Сподели