Повик за работилница за студенти

Центар за Балканска соработка – Љоја, Младински сојуз Крушево (МСК) и Младински образовен форум (МОФ) во рамките на Проект за младинско изразување поддржан од Европската Унија објавуваат повик за учесници на работилница за градење доверба и медијација за студенти од: Скопје, Тетово, Крушево, Куманово, Велес, Битола, Струга и Неготино. Работилницата ќе биде тродневна и ќе се одржи од 25 – 27 октомври 2018 (четврток – сабота) во Хотел Пела, Охрид.

Учесниците ќе поминат низ теми како што се: тимска работа и градење на доверба, лидерство и донесување одлуки во групи; и ќе им бидат понудени техники за трансформација на конфликти, комуникација и медијација, основана на конкретни примери кои опфаќаат теми како што се стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.

Кандидатите за учество на работилницате треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се студенти од универзитетите во државата;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за темите на работилницaтa;
  • Да покажуваат интерес за вклучување во идни акции по работилницaтa;
  • Да се во можност да учествуваат на трите денови од работилницата во закажаниот термин.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 20-ти октомври 2018 година (сабота), преку испраќање на пополнета пријава lojaeducation@gmail.com. Пријавата за учество може да се преземе од веб страницата на Љоја на линкот.

Бројот на учесници е ограничен. Учеството на работилницата е бесплатно – сместување, транспорт и храна. Работилницата ќе биде реализирана од искусни обучувачи од МОФ, Љоја и МСК. Работниот јазик ќе биде македонски и албански, а ќе биде обезбеден консекутивен превод. На работилницата ќе има простор за 40 учесници. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите како и географската застапеност.

Целосниот повик на македонски јазик можете да го преземете тука:

MK – Повик за работилница за студенти

MK – Апликација за работилница за студенти

Thirrje për punëtori për ndërtimin e besimit dhe mediacionit për studentë

Forumi Rinor Arsimor (FRA), Qendra për Bashkëpunim Ballkanik – Loja, dhe Këshilli Rinor Krushevë  (KRK) në kuadër të projektit për shprehje rinore i mbështetur nga Unioni Evropian shpallin thirrje për pjesëmarrje në punëtorinë për ndërtim të besimit dhe mediacion për nxënës të shkollave të mesme prej: Shkupi, Tetove, Krusheve, Kumanove, Velesi, Manastiri, Struge dhe Negotine. Punëtoria do të zgjat tre ditë dhe do të mbahet prej  25 – 27 tetor 2018 (e enjte – e shtunë) në hotel Pella  në Ohër.

Pjesëmarrësit do të kalojnë nëpër tema siç janë: puna ekipore dhe ndërtimi i besimit, lidershipi dhe sjellja e vendimeve në grup si dhe do ju ofrohen teknika për transformimin e konflikteve, komunikimin dhe mediacionin të bazuara në shembuj konkret që përfshinë tema siç janë stereotipet, paragjykimet dhe diskriminimi.

Kandidatët që duan të jenë pjesë e këtyre punëtorive duhet t’i plotësojnë këta kushte:

  • Të jenë studentë te universiteteve të shtetit;
  • Të shprehin interesim dhe gadishmëri për temat e punëtorisë;
  • Të shprehin interesim për kyçje në aksionet e ardhshme pas punëtorisë;
  • Të jenë të gatshëm që të marrin pjesë gjatë tre ditëve të parapara për punëtori.

Të gjithë të interesuarit mund të lajmërohen më së voni deri më 2o tetor 2018 (e shtunë) duke dërguar aplikacionin e plotësuar në lojaeducation@gmail.com. Aplikacioni për pjesëmarrje mund të merret preј: http://cbcloja.org.mk/thirrje-per-punetori-per-ndertimin-e-besimit-dhe-mediacionit-per-studente/ 

Ju mund të shkarkoni thirrjen e plotë në gjuhën shqipe këtu.

AL – Thirje per pjesemarje studente final

AL – Aplikim për pjesëmarrje studente

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.