Повик за членови на Локалниот младински совет во Општина Центар

Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет во Општина Центар, заедно со Младински образовен форум, Центар за меѓукултурен дијалог и Општина Центар, распишува повик за пријавување на членови на Локалниот младински совет во Општина Центар.

Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да бидете дел од Локалниот младински совет во општина Центар.

Повикот е отворен за сите младински структури и сите форми на младинско здружување кои делуваат на територија на Општина Центар и кои спроведуваат активности со младите од Општина Центар.

Сите заинтересирани организации треба да ги достават следните документи на policy@mof.org.mk, во просториите на Младински образовен форум на ул.Дренак бр.34-А, 1000 Скопје, или во просториите на Општина Центар на ул. Михаил Цоков бб. со назнака за Локален младински совет – Центар.

Документи за апликација

  1. Статутот на организациите или сојузите, каде што е применливо
  2. Годишни извештаи за последните две години за реализирани младински активности во Општина Центар
  3. Пополнет формулар за пријавување на делегат (делегатот на организацијата ќе биде одговорен за комуникација со Локалниот младински совет на Општина Центар). Формуларот можете да го преземете тука.

Доколку е потребно, комисијата за верификација на членовите ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Рокот за пријавување е до 3 јули (петок) 2015 година.

Апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од претставници на Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет. Ви стоиме на располагање за дополнителни информации, и се надеваме на ваше присуство.

Иницијативен одбор за основање на Локален младински совет во Општина Центар

Преземи повик за членови на ЛМС – Центар

Преземи формулар за пријавување на делегат – Центар

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

Сподели