Прашалник за потребите и проблемите со кои се соочуваат младите на локално ниво

Тимот на Младински образовен форум и Центар за Меѓукултурен Дијалог во рамките на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“  , спроведува истражување кое има за цел да ги открие проблемите и приоритетите на младите на локално ниво. Подетално, со помош на вашите одговори ќе ги истражиме можностите кои им се нудат на младите луѓе за квалитетен културен живот, сеопфатно образование, животните стилови и навики.

Вашето учество во ова истражување е од големо значење и истото ќе придонесе кон работатана  младинските совети во вашата општина и кон одредување на приоритетни области  кои сметате дека треба што побрзо да ги видите решени во вашата заедница.

Прашалникот е анонимен и достапен на македонски и албански јазик, а пополнувањето ќе ви одземе 10тина минути.

Прашалникот можете да го најдете на следниве линкови:
Македонски јазик
Албански јазик

Однапред Ви благодариме за вашата соработка,

Тимот на МОФ и ЦИД

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

 

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.