Предновогодишен настан 28.12.2017

На 28.12.2017 година (четврток) во просториите на Канцеларијата за млади на општина Центар се одржа традиционалниот квиз за проверка на знаењата на членовите на скопските почетни и напредни Учиме право клубови. 30-тина средношколци – членови на клубовите се поделија во мешани тимови и ги одговараа поставените прашања во пет категории: „Учиме право“, „Општа култура“, „Како беше текстот?“, „Гатанки“ и „Учиме право 2“.

Сподели