Проекти

Тековни проекти

 

Youth Expression Project

Проектот за младинско информирање е спроведувам од Младински образовен форум во партнерство со Младински сојуз – Крушево и Центар за балканска соработка Лоја, а финансиран од IPA Civil Society Facility на Европската Унија.

Проектот за младинско изразување е креиран во насока на поттикнување и општествено активирање на младите преку низа активности, кампањи и обуки наменети за нив. Дополнително, проектот отвора простор за градење на капацитетите на граѓанските организации во полето на слобода на изразување. Проектот се реализира од 1 јануари 2018 до 30 јуни 2020.

 

Младинска ангажираност

Проектот Младинска ангажираност е реализиран од МОФ во соработка со Фондација Отворено општество Македонија. Дванаесетмесечиот проект кој се спроведува во 2018 цели да постигне унапредување на образованието за градење активни граѓани преку наставните програми за средно образование со вклучување на активности за дебата и право во училиштата и мониторинг на образовните и  младинските реформе и да обезбеди  поддршка за младински акции за локален активизам, слобода на информирање и изразување. Активностите во рамки на проектот вклучуваат предавања во клубови, локални младински акции, мониторинг на образовни и младински политики и јавно информирање преку Радио МОФ.

 

USAID Youth Ethnic Integration Project

Целта на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е подобрување на меѓуетничката интеграција преку овозможување на позитивни интеракции меѓу младите луѓе од различно етничко потекло на ниво на училиште и на ниво за заедница и негување на демократски и граѓански вредности и однесувања, како и волонтерски практики меѓу младите. За повеќе информации, посетете ја страницата: http://www.mcgo.org.mk/projects/usaid-yei/.

 

Balkan Debate Academy: Debating Towards Cooperation

Проектот Балканска Дебатна Академија: Дебатирање за соработка е реализиран од МОФ, а поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office – RYCO). Партнери на проектот се Open Communication од Србија,  Debate Center од Косово и Center of Cultivation Dialogue од Босна и Херцеговина.  Главна активност во проектот е организирањето на Balkan Debate Academy во Македонија, на која ќе учествуваат претставници од сите организации. Секоја од организациите вклучена во проектот организира предавања и јавни дебати.

 

Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво

Целта на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво“ е да се зголемат капацитетите на младите од Македонија за да се вклучат во претприемништво, да се зголеми улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и да се зголеми поддршката на политики кои ги подобруваат економските услови за младите од државата.

Во рамките на проектот е и подкастот „Skills that pay the bills“, едукативна програма, кампања за подигање на свесност и застапување и истражување за приликите при вработување.

Овој проект го спроведуваат Младински образовен форум (МОФ) и Институтот за европска политика (ЕПИ) со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).

 

Студентски домови без корупција

Во периодот од август 2018 – јули 2019 ќе биде спроведен проектот поддржан од Програмата за поддршка на високото образование на Фондациите Отворено општество, чија примарна цел е поттикнување на  институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови.  Проектот подразбира истражување за јавните набавки и перцепциите на студентите за корупција во студентските домови и реализирање активности за зајакнување на студентите и нивно активно вклучување и подобрување на студентските домови преку локални иницијативи.

Имајќи предвид дека не се организирани културни и социјални активности за учениците во домовите, ќе биде организиран и првиот јавен повик за активности кои се креирани од станарите во студентските домови. Студентите во домовите се пасивни со години, а сите нивни активности се репресирани, што ги деморализира и ги исклучува од влијанието врз функционирањето на студентскиот дом. Со овој проект сакаме да понудиме можност со кој ќе ги инспирираме и мотивираме студентите да направат промена за подобрување на квалитетот на живот каде што домуваат. Домовите кои ќе бидат вклучени во овој проект се: Стив Наумов, Гоце Делчев и Кузман Јосифовски Питу во Скопје.

 

Empower Youth to Debate Across Europe

Целта на проектот Empower Youth to Debate Across Europe е да изготви наставна програма која ќе служи за обука за дебатни тренери, да организира меѓународни и национални тренинзи за тренери според изготвената програма, да создаде механизам за акредитација на тренерите и онлајн дата база на тренери во Европа. Активностите на проектот ќе се реализираат од јуни 2018 до декември 2019 во кои учество покрај партнери се 7 други организации од 7 различни земји меѓу кои: IDEA NL од Холандија како носител на проектот заедно со Deutsche Debattiergesellschaft e.V. од Германија, Debasu centrs од Латвија, Viesoji istaiga Neformaliojo svietimo debatu centras од Литванија, Slovenská debatná asociácia од Словачка и ARDOR од Романија. Проектот е подржан од Key action 2 од Erasmus + програмата.

 

‘Structural Grant for IDEA association’ – idebateEU

Во склоп на структурниот грант на меѓународната дебатна организација IDEA, Младински образовен форум како нејзина полноправна членка ќе органзира низа дебати на тема “Иднината на Европа”. Целта на проектот е да отвори дискусија за политичките и економските случувања во Европа и да поттикне дебати на темата. Со цел МОФ да опфати поголем број на млади кои би добиле можност да се вклучат во дебати на теми кои се поврзани со иднината на Европа ќе организира Национално дебатно првенство за почетници кое ќе содржи 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале. Проектот е подржан од Европска Комисија.

 

Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија

Носител на проектот Имплементација на конвенцијата за правата на детето во Македонија е Коалиција СЕГА со поддршка од Фондацијата Песталоци. Проектот е реализиран во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Првата детска амбасада во светот Меѓаши и во соработка со Министерството за образование и наука.

Оваа иницијативоја произлегува од утврдената потреба за законско регулирање на ученичкото учество во образовниот систем за да се придонесе кон подобрен квалитет на живот на средношколците и развивање на нивните демократски капацитети и активно граѓанство.

 

Креирање на студентската потрошувачка кошничка

Проектот подразбира креирање на студенска потрошувачка кошничка го реализираат во партнерство Младински образовен форум и Здружение на млади истражувачи и аналитичари (ЗМАИ) со поддршка од Фондација Отворено општество. Целта на овој проект е утврдување на потрошувачка кошничка за студентите вo Македонија и обезбедување на точна и прецизна информација за висината на реалните трошоците на студентите кои што студираат на државните универзитети во Македонија и нивиот животен стандард.

 

Студентски собранија онлајн

Проектот Студентски собранија онлајн е реализиран од МОФ, а реализиран во соработка со Demoracy Lab преку проектот Peace Tech Exchange поддржан од Амбасадата на САД. Преку овој проект, МОФ цели да ја зголеми демократичноста, плурализмот и информираноста за претстојните студентски избори во Македонија низ креирање на онлајн платформа.

 

Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондациите Отворено општество

Проектот има за цел да ги поврзе капацитетите и ресурсите на МОФ со знаењето и искуството на алумни стипендистите на Фондациите Отворено општество во корист на млади истражувачи, студенти и пошироката јавност во Македонија. Младите и студентите во Македонија немаат можност да прават истражувања и истражувачка академска работа поради ограничени ресурси – финансиски и менторски. Недостасуваат податоци базирани на истражувања во областа на младите и образованието, што резултира со политики развиени на нерелевантни информации, наместо докази базирани на факти. Со овој проект беа искористени капацитетите на алумни стипендистите, со цел да ги споделат своите знаења со младите кои за прв пат се занимаваат со општествено релевантни истражувања и заедно да придонесат во креирање на квалитетни анализи кои ќе помогнат да се подобрат политиките или да се подигне свеста за важни прашања во Македонија. Во склоп на проектот беа поддржани пет истражувања кои беа менторирани од алумни стипендистите на Фондациите отворено општество и други искусни истражувачи.

 

Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денешницата

Проектот „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста“ е лансиран во 2015 година од страна на Куќата на Ана Франк, во соработка со локалните партнерски организации од Хрватска (Хрватска образовна и развојна мрежа за еволуција на комуникацијата – ХЕРМЕС), Босна и Херцеговина (Младинска иницијатива за човекови права – YIHR и Хуманост во акција – HIA), Србија (Отворена комуникација – ОК) и Македонија (Младински образовен форум – МОФ). Проектот има за цел да подигне свест и да покрене дискусија за скорешната историја на национализам, ексклузија, предрасуди, дискриминација во регионот и да промовираме дебата и дијалог за нашето заедничко минато. Исто така, сакаж да промовираж критичко мислење за историски настани и нивното значење за современи предизвици, како и да инспирира историско образование кое е интердисциплинарно граѓанско образование. Повеќе информации за проектот може да се најдат на:  http://historijaistorijapovijest.org

 

Civica Mobilitas

Civica Mobilitas е програма за поддршка на граѓанското општество која започна да се спроведува во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година. Програмата е реализирана од Македонски центар за меѓународна соработка. Civica Mobilitas го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени. МОФ е грантист на програмата Civica Mobilitas во периодот 2016 – 2018 година и преку програмата работеше на внатрешен развој, активности за членовите, обуки за тренери и организација на настани како Станица: Студентска и дебатни првенства.

Сподели