Проекција на видео перформанси „Пречки во програмата“

Медиа/Арт клубот – Скопје на Младински образовен форум организира проекција на видеата од работилницата за перформанс наречени „Пречки во програмата“. На проекцијата ќе бидат прикажани делата на младите креатори кои беа сработени во изминатите три месеци на работилницата организирана од Медиа/Арт клубот – Скопје. На работилницата присуствуваа млади луѓе на возраст помеѓу 16 и 23 години. Работилницата беше водена од Дени Стојанов, дипломиран актер.

Видеата ќе се проектираат во конференциската сала (втори кат) на „Јавна соба“ на 27 јуни (вторник), со почеток во 21 часот.

На репертоарот се перформансите:

„Од Виножито не се живее“
-Изработен од: Елена Стојковска, Ивона Богдановска, Влатко Јовановски, Магдалена Димковска, Тамара Богдановска и Андреа Илиевска

Гледајќи од очите на дете, светот изгледа како поле на креативна мисла и индивидуалност. Постепено, навлегувајќи подлабоко во водите на возрасните, полека ја губиме детската невиност и поглед за светот и почнуваме да ја согледуваме бруталноста на истиот. Да се биде „различен“- креативен е надвор од рамките на денешното изопачено општество. Ова општество го хранат послушни, безлични роботи. Во 21 век, во нашата земја нема место за луѓе кои мислат outside the box.

„Здрава Македонија“
-Изработен од: Јован Цветкоски, Тина Спировска, Сара Бошковска и Тамара Ангелова

Како во светот, така и во нашето општество се уништуваат амбициите на младите, се крати слободната мисла и изразување, најчесто преку масовните медиуми, со цел да се стане дел од „машината“. Овој видео перформанс е пародија на секојдневието и изместените норми и погрешни морални вредности на луѓето, неможноста за слободно изразување и стереотипизирање поради тоа што некој е „различен“.

„Медиумска (не)вистина“
-Изработен од: Магдалена Димковска, Тамара Богдановска и Исидора Здравковска

Гледајќи ја заслепеноста на народот наоколу, ние како млади, добивме инспирација за креирање на овој видео перформанс, каде главниот проблем е извртеното и лажното прикажување на настаните од страна на медиумите, чија цел воглавно би требало да биде информирање на народот. На ова се надоврзува и заслепеноста на луѓето од неможноста да најдат доверлив извор на информации. Нашиот саркастичен начин на прикажување на оваа апсурдна состојба, се надеваме ќе допре до оние до кои е насочена.

„Пари на рака, диплома под рака“
-Изработен од: Магдалена Димковска и Тамара Богдановска

Cо ова видео cакаме да го иcкажеме нашето незадоволcтво од cтручниот кадар, не cамо во здравcтвото, туку и во cекоја профеcија. Земајки ги за пример докторите поради многуте неуcпешни интервенции и cмртни cлучаи на кои сме сведоци во последните неколку години, на cаркаcтичен начин направивме компарација cо луѓе на кои дипломата не им е купена cо пари, туку cо знаење.

Медиа/Арт клубот е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност и да ги користат новите медиуми и техники на уметност со цел да се постигне младински активизам и помагање на локалната заедница. Предавањата во Медиа/Арт клубот ги држат млади луѓе со искуство во ова поле на дејствување. Овие клубови работат во рамки на Програмата за младински активизам.

Настанот е поддржан од National Endowment for Democracy.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.